- Член од
- 13 август 2013
- Мислења
- 1.061
- Поени од реакции
- 2.070
И шо има врска сега твоето со корона, оти мм ли е позитивен??Пишав сношти во Дежурна ординација бидејќи имав проблеми со крајникот. ( мм понеделникот доби позитивен резултат ).Вчера се јавив на доктор, со моменталната слика што ја имав имав зелено светло да посетам клиника, бидејќи ме болеа и ушите и крајниците при голтање. Ама беше веќе касно да одам и реков ајде денес.
Вчера цел ден бев со температура од 37,3 - 37,7 , она најлошата што ти го дроби организмот. Пред спиење ми се качи на 38,3 , направив гаргара, се напив витамин ц и си легнав, му реков на мм пред спиење да ме провери ако имам повисока тт да ме разбуди да се напијам парацетамол. Среќа не кренав, спиев 12 саати рамно и сабајлево станав и се осеќав многу подобра, немав толку голема болка во грлото и температурата ми беше 36,9 . Арно ама со оваа слика не се квалификувам за посета на доктор. Сега грлото не ми е толку проблем како вчера, немам толку голема болка, температура 37,2 , ама се осеќам ко камион да ме поминал. Секој дел од телото ме боли, посебно нозете, се осеќам поспана ама најфрустрирачки ми е што не можам да заспијам. Ме заморува и кога гледам тв, осеќам дека ми се спие ама како да не ми дава телото да заспијам. Немам болки во гради, немам кашлица, само болка во грло и оваа изнемоштеност.
Пошо мм има позитивен тест препорака е јас да не се тестирам туку да претпоставам дека сум заболена. Тој помина многу лесно, имаше само недостаток на мирис/вкус и изнемоштеност два три дена, температура мислам 37,3 најмногу. Земам вит. ц, д и цинк, пијам течности и супи, некоја препорака за овој глуп замор или барем нешто да ми помогне да заспијам?
Имаш ангина, среќна си ако имаш само толку тт, се додека не ти заздравеат целосно крајниците, ќе се осеќеш така, заморено. Бактеријата е сеуште присутна, повремено навлегува во телото или испушта токсини во крвта, поради тоа тт ќе имаш со големи осцилации, од никаква до можна треска и над 39. Обавезно антибиотици и млака течна храна, аналгин или кафетин колд, или нешто слично. Треба барем 4-5 дена терапија.