доколку пиеш антидепресиви и си под терапија дали би покажал тест негативен?
- со таа логика би рекле дека антидепресивите не дозволуваат создавање на антитела при инфекција и со таа логика тестотот би бил „негативен“ што би било лошо како лек и не знам дали би имал примена во лечење на депресија, а да делува на имунитетот!
-а имаш дури никакви симптоми а сепак пречела терапијата за анксиозност!
- сака да каже дека антидепресивната терапија пречи при тестирање на коронавирус? давајќи погрешни резлутати? тоа е нешто друго, малку е мал просторот да се објасни, ама ај вака во кратки црти,
... најчесто користен антидепресивен лек „fluvokasamin“ бил тестиран при третман на КОВИД-19 во САД и тоа кај пациенти кои во тоа време имале релативно лесна форма на болеста и земањето на флувоксамин ја намалувал инциденцата за развој на сериозна состојба на КОВИД-19 во период од 15 дена, за разлика од слични пациенти со лесна релативна форма на болест кои не пиеле антидепресив како редовна терапија и тие развиле симптоми на отежнато дишење, пневмонија и намален кислород во крвта (сатурација),
... би рекле флувоксамин е селективен инхибитор на повторното внесување на серотонин како лек за третман на депресија или за лекување на опсесивно компулсивно нарушување, а не на вирусни инфекции, па што врска има во помош на респираторна болест?
...покрај другото,флувоксамин се врзува и за еден друг протеин на мозочните клетки наречен σ-1 рецептор (S1R), активирајќи го покрај други функции врши инхибиција на производството на цитокини еден од најважните хемиски медијатори на имунолошкиот одговор, сериозните компликации забележани со болеста КОВИД-19 се и во врска со одбранбениот механизам на телото кој оди во опасна состојба, каде што хиперактивниот имунолошки систем доведува до токсичен инфламаторен одговор, што може да доведе до смрт (цитокинска бура),
... денес во борба со болеста К19 имаме пренаменување на веќе одобрените лекови за други болести каде се гледа забрзан третман на пациентите, така да освен флувоксамин забележена е слична позитивна реакција и со циталопрам, опипрамол и амитриптилин (лекови кои се користат во депресија и анксиозност), декстрометорфан (се користи за кашлање и настинка) и пентазоцин (се користи за ублажување на болката), антиинфламаторни лекови, како што се колхицин и кортикостероиди, веќе се тестирани кај пациенти со КОВИД-19 со некои позитивни ефекти,
... па највероватно поради ова сознание можеби твојата матична ти дала совет пред тестирање да не внесуваш антидепресивен лек,
и ми рече матичната да ја прекинам дали е ок тоа бидејќи антидепресив не се откажува туку така.
... во право си, никогаш не се прекинуваат така нагло антидепресивните лекови, посебно ако веќе си се навикнал на нив и имаш позитивен резултат во твоето психолошко однесување, и мое мислење дека не треба да ги прекинеш, само за да да се тестираш, а ако си асимптоматичен, подобро седи во изолоација 10 дена како најдобра опција!