Pop-up Дежурна Ординација COVID-19 edition

Член од
7 септември 2016
Мислења
19.404
Поени од реакции
34.398
Дечки,само што дадов проби за COV19...
Нема везе,не ми е фрка да пушувам. Денес се разбудив со симптоми,а вечерва ми дојде брза помош и полиција на врата,бидејки мој колега е позитивен на корона.Главоболка во пределот на челото,не баш главоболка класична,туку како под притисок да ти е главата,и да ти тежи.Вратот и плеќите силно ме болат.
Носот ко да ми љути,ептен неможам да се почешам,затоа што станува болно.
Грлото боли и болката се спушта надоле.немам кашлица.Температура не висока 37.2Истиве симптоми ги имам скоро секое зимо. Ништо особено. )))))))
Некако шубе ми беше да се отварам претходно, ама еве сега се осеќам океј да споделам.веќе 12ти ден сме во карантин/самоизолација со девојка ми, thank you very much Цаца да ти свршат црнци на фаца.Девојка ми (специјализант по друга медицинска гранка) предминатиот четврток беше да земе потпис од неа. Покрај тие од симпозиумот, колку други биле во контакт со неа дали професионално или лично не сакам ни да помислам.Среќа океј сме, мериме температура неколку пати во ден, и мислам дека најкритичното помина. Фала богу немав контакт со моите, и фала богу девојка ми не и влегла у канцеларија, туку контактот бил неколку секунди у ходник при што девојка ми земала лист со потпис од неа.
Две нешта:
1. Откако се дозна дека "да и се иске*ам на фаца" ЦАЦА е заразена, одма ѕвоневме у ИЈЗ и МЗ, 6 саати додека добивме одговор, што само по себе е катастрофално. Цел ден беше зафатено или не креваа. Ова беше минатиот вторник. Не знам сега каква е ситуацијата, но не верувам дека е драстично подобрена.
2. Никаква контрола не се врши од ниедна институција за самоизолацијата, нити пак полиција нит МЗ никој. Тоа може да претставува голем проблем во моментов. Многу луѓе се во самоизолација, но истата (убеден сум) скоро и да не се спроведува како што треба и истовремено се стапува во контакт со луѓе при изолацијата, свесно или несвесно.
Бидејќи голем дел од луѓето се несовесни и верувам дека половично ќе ги испочитуваат тие 14 дена, може да настане голем проблем. Верувам дека многумина може да/ќе ја закомплицираат ситуацијата така што на 8от ден ќе добијат кураж и ќе мислат дека не им е ништо и ќе си лабават по комшии и со друштво, а симптоматологијата е доста специфична и не може да се најде НЗС.
Инаку, лично настинав овде на планина (7 дена сум веќе), вчера грло ме болеше, денеска од наутро носот ми тече, ама немам температура. Се јавив на број од оние за симптоми, да прашам да не е корона, да не треба тест, дечкото многу љубезен, рече дека не е, и дека штом не сум била во странство скоро ниту сум била во контакт со некој заразен, а и немам температура - настинка е. :)
Два три дена ме вртеа коски и мускули,главоболка.Денес почнав да кивам и нос да ми тече,никад у живот не ме радувале кивавица и течење нос ама денес ме израдуваа прилично :)
Бев кај матична пред недела дена, пиша антибиотик и ај оди терај вика испијај ги. А и напоменав дека имав контак со лице од Франција.Пијам антибиотикот, течности витамини шо не, температура не паѓа.И звонам пред 3-4 дена ми да и кажам, ми вели дојди.И денес појдов, предглед ау мау, прво ништо не ти е. И објаснувам тешко ми е да дишам температурава не паѓа, и пак ме прашува контакт да не имапе со некој од ризични земји?! И велам да, ви кажав и првиот пат коа бев.Коа ме напади од таа смрдена амбуланта, па фатија да прскаат по мене да ми црекаат, а госпожата сама ми рече дојди.Дебилни суштества. Морав да напрам вент.
Се мачам со температура, ми дадоа антибиотици, ми рекоа нема потреба од тест за корона.
10-15 дена имам слични симптоми. Отежнато дишење преку нос, не тече. Блага главоболка, повеќе може да се нарече како тежина во главата. Зголемен крвен притисок, температурата мислам дека ми е зголемена (немам топломер). Замор при нормален напор.Отежнатото дишење и крвниот притисок како да се во корелација. Потешко дишам кога притисокот е висок. Можеби е случајност.
Ќе заборавев. Осеќам и благо трпнење на врвот на јазикот.
Од многу гомна јадење, кренав температура и јас. Засега ниска температура, со затнат нос без да тече. Првите симптоми ги имам, иако немам кашлица, а не чувствувам ниту болка во грлото. Повеќе е како болка од синуси.Не сум бил на страна, ниту пак сум контактирал со некој од странство или некој за кој знам дека е заразен. На работа одев скоро редовно и имав контакт со некои 5-6 луѓе, со редовни коростења на анти септици.Ќе видиме како ќе се одвива ситуацијата. Имам и потечна столица, иако тоа ми личи дека е од што сум напрегнат во моментов.Стравот веќе ми се роди, не заспав цела вечер :D Значи ако се јавам за тестирање, никогаш нема да дојдам на ред ради тоа што не сум контактирал со заболен?
@chef_cook , @jamey jasta , @Violetova , @Наќо Скопски , @Annik Honoré , @teneke , @Паланчански , @Saber Rider, споделите искуства, споделете ја моменталната ситуација овде, а другите дајте конкретни совети кон овие, а и други членови кои денес се борат со покачена температура и други симптоми,
со денешниов најголем страв ----> I have or I don't have coronavirus COVID19 !
 
Последно уредено:

chef_cook

._perlous
Член од
25 октомври 2011
Мислења
4.294
Поени од реакции
13.156
Симптомте се тие,за кој се збори и пишува.
Многу слични со вирусна инфекција,и алергии на пролет и полен. Пошто јас сум алергичен на се што се дешава во природата на почетокот на пролетта, т.е кивање,кашлање,болка у груди,скратен здив.
Јас бев настинат коа сум префатил, со ослабен имунитет,да не зборам дека сум страсен пушач,и рекреативен наркоман ))))ради тоа ми се јавиа симтоми многу брзо.Али јас не ги прешознав мислев дека е комбинавија на настинка,алергии и hangover )))))
Сеа сум ок,у домашен карантин.
Почнав по малце да пијам,добар сум ))))
А да,сигурен бев дека нема да умрам.
Само лагано
..
 
Член од
7 септември 2016
Мислења
19.404
Поени од реакции
34.398
Симптомте се тие,за кој се збори и пишува.
Многу слични со вирусна инфекција,и алергии на пролет и полен. Пошто јас сум алергичен на се што се дешава во природата на почетокот на пролетта, т.е кивање,кашлање,болка у груди,скратен здив.
Јас бев настинат коа сум префатил, со ослабен имунитет,да не зборам дека сум страсен пушач,и рекреативен наркоман ))))ради тоа ми се јавиа симтоми многу брзо.Али јас не ги прешознав мислев дека е комбинавија на настинка,алергии и hangover )))))
Сеа сум ок,у домашен карантин.
Почнав по малце да пијам,добар сум ))))
А да,сигурен бев дека нема да умрам.
Само лагано
..
...а подршка во смисол психолошкиот момент?
 
Член од
7 септември 2016
Мислења
19.404
Поени од реакции
34.398
Поддршка сам на себе.
Океј е,се лечи,вирус е,не е Ебола ....
...и еболата е вирус со слични симптоми, но до 7 дена може да се појави крварење било каде низ тело што може да е животно загрозувачки!
 

Диле Јоргачев

Одделение за заштита на народот
Член од
3 април 2017
Мислења
8.637
Поени од реакции
27.838
@chef_cook , @jamey jasta , @Violetova , @Наќо Скопски , @Annik Honoré , @teneke , @Паланчански , @Saber Rider, споделите искуства, споделете ја моменталната ситуација овде, а другите дајте конкретни совети кон овие, а и други членови кои денес се борат со покачена температура и други симптоми,
со денешниов најголем страв ----> I have or I don't have coronavirus COVID19 !
Мене носот ми е затнат,другите симптоми исчезнаа.Ама имам синуси не паметам некогаш да ми бил одзатнат.Така да се работело за настинка.Кафетин колд пиев
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.365
Поени од реакции
68.029
Ајде да ми помине редот :D

Втор ден како имам ниска температура, се движи меѓу 37 и 37 со 3.
Во носот закоравени мрсули, затнат, ама не тече и можам да дишам преку него. Ме пецка на моменти. Грлото вчера не ме болеше, денес ме гребе и ме тера од време на време да кашлам. Имам и малку шлајм.
Се јавив на броевите вчера, ме упатија кај матичен, бидејќи не сум бил во контакт со заразено лице, ниту сум бил во странство. Никој од луѓето со кои сум контактирал последниве недели, нема никаков проблем. Матичната ми се јави вчера и денес, да видиме до каде сме. Ми рече бидејќи не сум имал висока температура, немало потреба да се грижам, да сум пиел чаеви, топли напитоци, парацетамол и ќе поминело. Дијагноза преку телефон :D Утре ќе зборуваме пак. Не можам да проценам дали имам болка во гради, затоа што сум престегнат и само да помислам на тоа, одма ме боли цело тело. Симптомиве се како обичен грип или настинка, но никогаш не се знае. Веќе чувствувам како кога вдишувам, ми зарибува душников некако (ко да се наталожени шлајмови). Гласов ми е ко троа потфатен.
Ако не се оправам утре, ќе размислам да се тестирам. Заебано е да имаш симптоми, за време на пандемијава. Психички се справувам некако, ама од време на време паѓам :D
Инаку пијам чаеви, парацетамол и витамин Ц.
Не знам каде би можел да фатам, ама постојат некои шанси. На 7 март бев во кафана, одев на работа до минатата недела, до предминатиот петок се возев со градски превоз. Колку и да внимаваш, никогаш не можеш да знаеш дали си контактирал со заболен. Од каде курац да знам кои се заболени, им нема малку логика „алгоримот“, али то је то.
 
Член од
7 септември 2016
Мислења
19.404
Поени од реакции
34.398
Мене носот ми е затнат,другите симптоми исчезнаа.Ама имам синуси не паметам некогаш да ми бил одзатнат.Така да се работело за настинка.Кафетин колд пиев
...тоа не значи дека треба да се опуштиш, напротив треба уште повеќе да внимаваш овој период, ако мислиш дека имаш воспаление на синуси, а веќе подолго време те држи, треба антибиотик!
Инаку пијам чаеви, парацетамол и витамин Ц.
... јас би размислила за парацетамол, нема потреба од него, таа не е температура за да се се симне со лек!
 
Последно уредено од модератор:
Член од
3 март 2020
Мислења
2.408
Поени од реакции
5.049
Третиот ден имав 37, ама толку, веќе ни грло не ме боли. Да бев во Скопје, а не на планина, сигурно ќе платев да ме тестираат, оти без директен контакт со регистриран заболен - не тестираат за гратис државно
 
Член од
7 септември 2016
Мислења
19.404
Поени од реакции
34.398
Третиот ден имав 37, ама толку, веќе ни грло не ме боли. Да бев во Скопје, а не на планина, сигурно ќе платев да ме тестираат, оти без директен контакт со регистриран заболен - не тестираат за гратис државно
...сега си Ок ? помина све ?
 

AlternativeF

госпожата од втори
Член од
1 мај 2006
Мислења
4.830
Поени од реакции
7.574
Симптомите, телефоните за контакт со надлежните институции, како и други упатства ги има во read-only темата.
 
Последно уредено:

AlternativeF

госпожата од втори
Член од
1 мај 2006
Мислења
4.830
Поени од реакции
7.574
На барање на многубројната публика, ја враќаме темава со мали измени и јасно дефинирани правила.
Пред се, секој пост кој е оф топик, секое спрдање, секоја шега и досетка ќе бидат казнети со 5 казнени поени за несоодветно однесување.
Теоретизирањето за статистики, заговори, „ај бе ништо не ти е“, „утре ќе умреш“, препораки за земање лекови кои инаку се препишуваат на рецепт и слични мудролиски постови спаѓаат во истата група. Исто така и коментари за која мерка требало или не требало да се воведе, доволно си играме епидемиолози и инфектолози во другата тема.
Секоја реплика на ваквите постови ќе биде исто така третирана.
Пред да постирате три пати размислете дали навистина ви е потребно да постирате или само не си играат со вас дома и ви се прави чамче муабет.
@bijons како автор и иницијатор на темата, @teneke и @pozdrav eden topol како подносители на молба темата да се врати, ви се обраќам директно, темата ја оставам отворена до сабота. Ако се води корисна дискусија ќе остане тука, ако не повторно се рециклира.
Поздрав еден топол и од мене и бидете културни и фини, да успееме барем една тема да личи на цивилизирана дискусија.
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.365
Поени од реакции
68.029
Апдејт :D

Четврти ден со температура. Уште варира меѓу 37 со 1 и 37 со 3. Матичната вика на нервна база ти е, ми рече ни парацетамол да не пијам, само витамин Ц и топли напитоци. Физички сум добар, со мала болка во главата, како и суви мрсули. Психички ролеркостер ми се случува, особено навечер :D Имам друг проблем, кој поради моментална напнатост ми прави болки.

Последниве два дена гледам дека јазиков ми е бел, ко со црвени точки на крајот. Што болештија беше тоа? Читам дека било знак на замор, нервоза и паника.
Грлово не ме боли, ама го чувствувам како троа поладно.

Иако одбегнувам, изгледа ќе мора некој тест да направам.
Позитивно е што никок со кој сум бил во контакт, нема симптоми.
 

chef_cook

._perlous
Член од
25 октомври 2011
Мислења
4.294
Поени од реакции
13.156
Значи најпрво ти доаѓа дома брза помош и полиција,се прави експресес тест,и ако е позитивен,остануваш дома а они ја пломбираат вратата,и чекаш друга екипа да дојдат да те земат у болница.
Доаѓаат две екипи 20200320_233217.jpg
една зима проби од се што е во станот. А другата прави анкета.
20200320_133333.jpg
вп болница имаш фул дијагностика и назначување нна терапија и болнички живот понатаму ))))
Мене ме лчеа со Арбидол,Ипобруфен,и ACC Long.
20200325_205840.jpg 20200317_112934.jpg

по 5 дена ме донесоа дома,у домашен карантин,ко бајаги немало потреба да седам у болница,и еве седам домау пломбиран стан,без ништо,утре чекам да дојдат тест да ми прават.
20200322_202021.jpg
 

Kajgana Shop

На врв Bottom