Да ама со изразен дефицит си била ти. Мене ме интересира ако ти е се ок со нивото дали 4,000 е премногу. Во секој случај фала што го сподели искуството.
Точно е дека за време на пандемијата излегоа многу трудови кои укажуваат дека најголем број од болните со тешка клиничка слика имаат значаен недостаток на витамин Д во крвта, но тоа не значи дека треба да се претерува. Се што е претерано може да ве убие. Секој лек е отров, ако не е правилно земен.
Главна последица од премногу витамин Д е таложење на калциум во крвта, односно хиперкалцемија, што пак од своја страна може доведе до создавање на калциумови камења кои што се таложат во бубрезите, проблеми со коските, аритмии итн.
Друго, природното секогаш ќе има предност пред вештачкото. Живееме во Македонија, земја во која има околу 280 сончеви денови во една календарска година и сметам дека тоа е доволно добар аргумент за да демантира изразита витамин Д дефициенција кај нашето население. Витамин Д има и во лосос, конзервирана туна или сардини, млеко, јајца, житарки, печурки, свинско месо итн.
Секако дека е тоа индивидуално, па не само ексоозицијата на сонцето туку во предвид се земаат и возраста, полот, евентуални коморбидитети итн.
Затоа, не треба да се суплементира без претходно да се одреди нивото на витаминот во крвта, особено кај пациенти со прекумерна телесна тежина, замастен црн дроб, дијабетичари итн.