Коронавирус (COVID-19)

Член од
15 јули 2007
Мислења
14.778
Поени од реакции
7.515
Ај ако сакаш дај препорака за магнезиумот,цинкот и селенот?

Јас си пијам редовно едни Магневитал од Зегин али ако има нешто подобро пиши слободно :)
Јас пиев тие Магнетранс што се прашак, Цинк пијам oд Sinergy, Селен пијам Immune forte Direct прашак што има и цинк, селен и витамин Ц во нив.
Автоматски споено мислење:

Од матичната за сега само совет за витамини и минерали (C, B6, D3, цинк, селен, магнезиум) и Аспирин протект 100.

Препорака за D3, има и од 1000 и 4000 IU.
Прегледај го приврзокот 275943
И јас овие ги пијам. Прво пиев од друга фирма од 100 по две ѕа да биде 200 и ги потрошив па преминав на овие.
 
Acid

Frontman
Член од
22 јануари 2005
Мислења
35.169
Поени од реакции
34.281
Се исто пиеме значи, освен јас и некој liposomal Vitamin C, демек најдобро се абсорбирал :)) Абе, се е пласебо од витаминиве, ама ај.
 
Bodhidharma

Avatara
Член од
17 септември 2011
Мислења
10.784
Поени од реакции
15.396
Се исто пиеме значи, освен јас и некој liposomal Vitamin C, демек најдобро се абсорбирал :)) Абе, се е пласебо од витаминиве, ама ај.
Да ти го зголемам плацебо ефектот :D
 
Acid

Frontman
Член од
22 јануари 2005
Мислења
35.169
Поени од реакции
34.281
Да ти го зголемам плацебо ефектот :D
Имам тт и не ми работи баш мозокот, боље беше да пишеш и толкување за да не се напрегам :pos:
 
Bodhidharma

Avatara
Член од
17 септември 2011
Мислења
10.784
Поени од реакции
15.396
Имам тт и не ми работи баш мозокот, боље беше да пишеш и толкување за да не се напрегам :pos:
nmi-9-2016-025f2 (1).jpg
Плацебо 1 мг, липосомален 3 и обичниот 2 мг/децилитар после пиење, значи има разлика :)
На горната слика има и интравенски...има случаи каде е пробано на канцер со дози од 30 г интравенски и има колку што знам некои резултати. Коза произведува по 20 г кога е под стрес мислам :)
Човекот не може сам да го синтетизира.
 
Диле Јоргачев

Одделение за заштита на народот
Член од
3 април 2017
Мислења
8.637
Поени од реакции
27.836
Витамин ц само во прав,или ако не можете со таков да се снабдите пиперка по една на ден.Magnesium Malate строго
 
Mr.Deni

Животна грешка си ми ти...
Член од
4 мај 2007
Мислења
3.496
Поени од реакции
2.619
После 3 дена со температура денес за среќа немам али гледам сетилото за мирис ми е скоро изгубено :(
Автоматски споено мислење:

Другар со лесно да ви помине на сите....
За решение за изолација мора да ги гњавиш во ДСЗИ, од искуство на многу пријатели и блиски знам.
Јави им се на контакт броевите
истовремено и маил прати им на infodszi@zdravstvo.gov.mk како атачмент прикачи го тестот и наведи им податоци од сите вас.
Фала ти друже...Утре здравје ке ги побарам да видам што ке кажат.

Сега и друго прашање имам..Ако жената од вчера е позитивна и изолацијата важи од денот на добивање на резултатот.Дали ако јас се тестирам државно во Четврток и испаднам после господ знае колку дена ке ми кажат резултат позитивен дали пак ке треба од денот на добивање и тој резултат да сум во изолација.Зошто јас знам со сигурност дека сум позитивен.

И така сум во изолација од неделата со жената и синот дома.
 
Член од
15 јули 2007
Мислења
14.778
Поени од реакции
7.515
Повеќето пишуваат како губеле мирис и вкус па ме интересира има некој на кој јадењата му биле премногу солени? Татко ми се жалеше на тоа а исто и јас на моменти тоа и го осетив некој вкусови ми беа доста истакнати а на некој не се осетува до толку вкусот. Истото го приметував и во мирисот.

Денес татко ми после недела дена пауза од кафе пиеше Нескафе еспресо и вика дека вкусот на кафето не му е исти како пред да има Ковид.
 
Член од
5 февруари 2007
Мислења
10.635
Поени од реакции
13.073

Да за соленото.
За кафето, дај му повеќе време да се привикнеш. Поготово ако си ептен тазе рековалесцент.
 
Acid

Frontman
Член од
22 јануари 2005
Мислења
35.169
Поени од реакции
34.281
Јас буквално само солено, благо и кисело чувствувам, никаков вкус. Парфемот ако го напикам во нос ќе осетам само дека има некаков благ мирис и толку. Сите јадења ми се како крпа да јадам, ама мора да се бута :)
 
Член од
7 септември 2016
Мислења
19.404
Поени од реакции
34.398
Повеќето пишуваат како губеле мирис и вкус па ме интересира има некој на кој јадењата му биле премногу солени? Татко ми се жалеше на тоа а исто и јас на моменти тоа и го осетив некој вкусови ми беа доста истакнати а на некој не се осетува до толку вкусот. Истото го приметував и во мирисот.

Денес татко ми после недела дена пауза од кафе пиеше Нескафе еспресо и вика дека вкусот на кафето не му е исти како пред да има Ковид.
ice_screenshot_20201124-210903.jpeg

Dysosmia како квалитативно нарушување на перцепција на мирис, зависно може да биде- anosmia, phantosmia, hyposmia, parosmia кој каде ќе се пронајде,
 
C

CoolIris

Гостин
Да ама со изразен дефицит си била ти. Мене ме интересира ако ти е се ок со нивото дали 4,000 е премногу. Во секој случај фала што го сподели искуството.
Точно е дека за време на пандемијата излегоа многу трудови кои укажуваат дека најголем број од болните со тешка клиничка слика имаат значаен недостаток на витамин Д во крвта, но тоа не значи дека треба да се претерува. Се што е претерано може да ве убие. Секој лек е отров, ако не е правилно земен.

Главна последица од премногу витамин Д е таложење на калциум во крвта, односно хиперкалцемија, што пак од своја страна може доведе до создавање на калциумови камења кои што се таложат во бубрезите, проблеми со коските, аритмии итн.

Друго, природното секогаш ќе има предност пред вештачкото. Живееме во Македонија, земја во која има околу 280 сончеви денови во една календарска година и сметам дека тоа е доволно добар аргумент за да демантира изразита витамин Д дефициенција кај нашето население. Витамин Д има и во лосос, конзервирана туна или сардини, млеко, јајца, житарки, печурки, свинско месо итн.

Секако дека е тоа индивидуално, па не само ексоозицијата на сонцето туку во предвид се земаат и возраста, полот, евентуални коморбидитети итн.
Затоа, не треба да се суплементира без претходно да се одреди нивото на витаминот во крвта, особено кај пациенти со прекумерна телесна тежина, замастен црн дроб, дијабетичари итн.
 
Член од
19 ноември 2020
Мислења
2.524
Поени од реакции
9.405
Јас буквално само солено, благо и кисело чувствувам, никаков вкус. Парфемот ако го напикам во нос ќе осетам само дека има некаков благ мирис и толку. Сите јадења ми се како крпа да јадам, ама мора да се бута :)
Понекогаш и некој нерв реагира :)

Мене кога веќе сфатив што имам и ме фати паника моите не ми веруваа дека сум изгубил мирис туку дека ми се причинува, ми принесоа од тие ракиите татко ми што ги пече и ги вади 55 степени :pos:
Ништо не осетив на мирис.

После 3 дена со температура денес за среќа немам али гледам сетилото за мирис ми е скоро изгубено :(

Сега и друго прашање имам..Ако жената од вчера е позитивна и изолацијата важи од денот на добивање на резултатот.Дали ако јас се тестирам државно во Четврток и испаднам после господ знае колку дена ке ми кажат резултат позитивен дали пак ке треба од денот на добивање и тој резултат да сум во изолација.Зошто јас знам со сигурност дека сум позитивен.

И така сум во изолација од неделата со жената и синот дома.
Изолацијата ти се смета од денот на тестирање, не од денот кога го добиваш резултатот. За совет незнам дали да одиш да се тестираш. Од една страна од ова што го пишуваш 99.99% си позитивен и дали има потреба и зашто 20 дена да седиш од четврток изолација кога веќе сигурно имаш решение од 14 дена изолација од вчера, а и од претходно ги имаш симптомите. Од друга страна па незнам недај боже да треба да одиш до болница да не те малтретират за тест, ама со оглед што веќе ја нема температурата и ако немаш кашлица од мое искуство за 3-4 дена ќе ти се врати мирис и тоа е тоа.
 
Mr.Deni

Животна грешка си ми ти...
Член од
4 мај 2007
Мислења
3.496
Поени од реакции
2.619
Понекогаш и некој нерв реагира :)

Мене кога веќе сфатив што имам и ме фати паника моите не ми веруваа дека сум изгубил мирис туку дека ми се причинува, ми принесоа од тие ракиите татко ми што ги пече и ги вади 55 степени :pos:
Ништо не осетив на мирис.

Изолацијата ти се смета од денот на тестирање, не од денот кога го добиваш резултатот. За совет незнам дали да одиш да се тестираш. Од една страна од ова што го пишуваш 99.99% си позитивен и дали има потреба и зашто 20 дена да седиш од четврток изолација кога веќе сигурно имаш решение од 14 дена изолација од вчера, а и од претходно ги имаш симптомите. Од друга страна па незнам недај боже да треба да одиш до болница да не те малтретират за тест, ама со оглед што веќе ја нема температурата и ако немаш кашлица од мое искуство за 3-4 дена ќе ти се врати мирис и тоа е тоа.
Па тоа викам и јас.Ке се заглавиме и јас и жената со синот уште повеќе ако идам да се тестирам задутре а симптоми имам јас од сабота а жената и пред тоа.Да не беше тестиран никој или јас да бев без симптоми ајде ајде ама овака жената е позитивна и јас со неа сто посто мислам дека доволни би биле 2 недели изолација и време за опоравување.Температура немам,исто и мирис и вкусот е цел пореметен а кашлица многу ретка како да имам нешто во грло да поткашлам еднаш на пола саат.
 
Член од
31 јули 2008
Мислења
2.065
Поени од реакции
666
Една општа поука до сите позитивни на ковид. Направете крвна слика што е можно побргу, сатурацијата е исто многу битна. Доколку имате кашлица и температура, а матичната не сака да ве наслуша, направете РТГ снимка. Овие три анализи се многу битни за понатамошниот тек на болеста. Клиничката слика нагло може да се влоши посебно кај хроничните болни. Не оставајте само на тоа дека сте изгубиле мирис и вкус или температурата "не е висока" (37-38 ).
Повеќе од половина што биле позитивни или не тестирани од фамилија се со перибронховаскуларни промени на бели дробови кој подоцна се развиваат до некој вид на пневмонии.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom