едно прашање до стручните:
дали треба да се дезинфикува овошје и зарзават ?
Посебно ме интересира за Јагодите, тешки се за миење а не иде со оцет ( како некој доматите што ги мијат) ??
Не, не треба да се врши дезинфекција на овошјето и зеленчукот, туку само добро миење под силен млаз од вода,
...јагодите треба да се измијат под млаз од ладна вода, се отстранува зеленилото, па се ставаат во некој сад со вода да поседат некоја минутка, па се фрла таа вода и пак повторно под млаз од вода се плакне, потоа истите се спремни за јадење, тоа што ќе остане за другиот ден се „брише“ нежно со чиста крпа да се упие водата, па се ставаат во пластичен сад во фрижидер, другиот ден пред да се јадат повторно мора под млаз вода да се поминат, па потоа се спремни за јадење!
.... коронавирус е респираторен вирус, ретко се пренесува преку храна, а и да има таков случај е поради пренос со „загадените раце“ од фаќање на таа храна, а не од истата како загадена, па така изедена храна!
... затоа е најважно да се мијат рацете кога ги миеме зеленчукот и овошјето и кога приготвуваме храна и кога ја отпакуваме да не ги пикаме прстите во уста или да ги чешаме очите и носот!