Научниците не го тврдат тоа прво.
Да, заборавив, Фаучи не е научник и институцијата каде работи е = на некоја Македонска, а и тие со него што учествувале во истражувањето.
Живееме во Македонија, ситауцијата е таква каква што е и не можеш да гарантираш дека 0.01% под 50 години ќе умрат од корона.
Значи ОД корона, таа е стапката низ цел свет, а СО корона, тоа веќе си е друга прикаска.
Еве ајде ти објасни за Бугарија, зашто со помал број вакцинирани, а и претходно, помала смртност имаат?
Ако си тргнал сега да го реформираш целото општество и здравство со среќа, ние 6 веке наназад сме турска заостаната касаба имаш многу работа пред себе.
За да го реформираме општеството, треба мнозинството да сака. Кај нас очигледно е дека
не сакаме, по можност некој од надвор да дојде и да не среди.
Јасно ми е мене дека живеам во жабокречина систем, но не гаам илузии или да плачам, туку сум научил да се адаптирам на таков систем. Лестер на пример мене ме обвинува зашто давам мито. Ама ја знам дека ако не дадам мито во МКД нема да ми се заврши работата.
На форумов само реагирам, дека не е поради Бетмен, дека се злоупотребува за да се покријат гомнариите од неефикасниот систем. Можеби некои ќе сфатат каде реално лежат причините во големата смртност и зголемен број на случаев со сериозни последици, ќе бараат нешто да се промени, за да не ни се повторува ова секоја година.