Коронавирус (COVID-19) - Општа дискусија

Член од
7 септември 2016
Мислења
19.620
Поени од реакции
34.808
A džamiite vo petok ke bidat otvoreni...i tos so garancija. Nema živa sila što ke go spreči toa
... се прашувам, дали има некое правило на колку население се отвара еден верски објект или се гради и се отвара колку се сака? велиш „џамии“ во Кичево, а ваму осум се затворени поради присутност на коронавирус меѓу челниците на џамиите, па колку ги има 25 ли 30? а наспрем тоа колку верски објект „цркви“ има Кичево со сооднос на тие „џамии“ ? :toe:
 

F.E.A.R.

The Harem King
Член од
11 јуни 2015
Мислења
776
Поени од реакции
1.161
ЕУ членките контра ЕУ - нема влез за граѓаните од Западен Балкан

Одлуката на ЕУ од денеска да ги отвори границите за 15 земји, на терен не важи.


Австрија прва објави дека нема да ја почитува листата, ставајки забрана за влез за сите земји од Западен Балкан, вклучувајки ги и Србија и Црна Гора, иако тие се наоѓаат на списокот безбедни земји. Издадено е и предупредување до австриските граѓани да не патуваат во регионот, Во образложението се вели дека во Австрија се регистрирани кластери кои потекнуваат токму од патувањата во и од балканските држави. Германија исто така ретерира. Се чека одлуката да се донесе на државно ниво.


Границите сè уште не ги отвара ни Франција.


Поради ваквиот хаос, граѓаните се оставени самите да се информираат по амбасадите дали и од кога ќе почне да важи листата, пишуваат српските медиуми, коментирајки дека секоја земја во ЕУ си го задржа првата сама да одлучува за своите граници, и покрај препораките на Советот на ЕУ. Пример за тоа е и Хрватска, која на списокот безбедни земји ја додаде и БИХ. Властите оттаму порачуваат дека не се откажуваат од туризмот, а во Ријека денеска пристигна и првиот воз со околу 500 словачки и чешки туристи.


Државите пак кои не се најдоа на листата безбедни земји се соменаваат дека одлуката е самоод здравстевни причини. Престедателот Ердоган го обвини Брисел дека листата е политички мотивирана, и ја повика Унијата веднаш на неа да ја стави и Турција
Можам да кажам дека Ердоган е во право. Се знаеше отпрвин дека листата е политичка. Дозволија зелено светло за овие 15 држави, и истите денеска се пишмана и не дозволуваат.
 
Член од
20 април 2012
Мислења
3.678
Поени од реакции
9.689
Еве сега на вести кажаа за инцидентот у Воена,значи ако е точно ова треба да ги стрелаат на плоштад.Докторката им кажала дека починала мајка им,а тие запнале да ја земат така у кола сами почината.Кога им кажала дека ке ја погребаат според протокол за ковид 19,извадиле оружје и се собрале како кучиња у чопор.Па уште едниот бил заболен.Само стрелање бајо мој за овие.За они да ја погребаат по муслимански обичаи колку луѓе ставиле во опасност?
Јас не знам зошто не им го дале телото?Ако толку запнале нека тераат.Пак уште едниов бил во изолација.Значи стварно во моментов треба да се споведе конфедерација па шо сакаат нека прават.Како е можно албанциве од Дебар и овие од Скопје да се ист народ.Па овие во Дебар се далеку поцивилизирани иако живеат во мало место.
 

Диле Јоргачев

Одделение за заштита на народот
Член од
3 април 2017
Мислења
8.648
Поени од реакции
27.971
Јас не знам зошто не им го дале телото?Ако толку запнале нека тераат.Пак уште едниов бил во изолација.Значи стварно во моментов треба да се споведе конфедерација па шо сакаат нека прават.Како е можно албанциве од Дебар и овие од Скопје да се ист народ.Па овие во Дебар се далеку поцивилизирани иако живеат во мало место.
Не сaмo вo Дебaр,и вo Стругa изгледaaт дaлеку пoцивилизирaни oд шљaмoв пo Скoпје штo се,aли тoa дур не им нaмигне глaвниoт a пoсле се сите исти.Инaче си имa прoтoкoл зa зaкoп нa лицa пoчинaти oд кoвид 19,a не верувaм дa е зa џaбе.Тaкa и се ствoри хaoсoв,едни бaрaaт лешевите дa си ги земaт,други не сaкaaт дa се тестирaaт a трети не јa признaвaaт Кoрoнaтa.Нaјбoље решење е дa ги буцкaaт декa aкo ги oднесaт у бoлницa ке ги убијaт тaму, пa пo дoмoвите дa си умирaaт
 

TrendS

Work Smart, Not Hard
Член од
14 декември 2018
Мислења
4.405
Поени од реакции
29.797
Познати се какви гниди се......само во глутница се силни, кога е работата еден на еден одма бегаат .....они функционираат само колективно, буквално како пчели, матицата ги води.
Истото го мислам....пушти ги дома што сакаат нека прават....нека не ни ги трупаат болниците...а и драстично помали бројки ќе имаме. Нека ги буцка оџата дека болница = респиратор......и сите по дома да си седат.
 
Член од
8 февруари 2020
Мислења
4.886
Поени од реакции
7.265
Ау, како сум го прескокнал ова ремек дело. Па ти тотално си одлепил човече, за вирусот можда ќе се најде лек, вакцина, ама за твојава дијагноза тешка работа. Сочувствувам со тебе, навистина.

Шо имаш ти бе против жените?
Па моите постови имаат барем некаква содржина, поента, си велам оти некој ги чита, па макар биле долги. Ти и твоите медицински експертизи сте на ниво на Иван Исцелител. Оди најди кај мене еден пост кај што се брукам како тебе, зборувам за науки како инфектологија, патологија, епидемиологија, имунологија...ги сведувам на ниво на интернет разонода како ти.
Па уште со сиот ум зборува за пракса, релативизира нечие знаење, на луѓе што цел живот го посветиле на некоја од овие науки, не се излезени од лабораторија, овој кловн форумски го рамни неговото интернетско "знаење" со нечие стручно. Па уште вика пракса, резултати...ко тој во слободно време органи да трансплантира.

Па јас бе не се осмелувам ни да почнам да зборувам за овие работи, не за друго, оти знам колку се комплексни. Четири години учев средно медицинско, после уште една година волонтирав и запишав сосем друг факултет, баш оти ми е јасно што претствавува медицината. Лани три месеца поминав на обука во Германија за медицински техничар, сега ќе бев таму да не букнеше кризава. Па ме гледаш мене да серам овде за работи што ни на топ експерти со светско реноме не му се јасни?

И да, она што можам да го направам е да дадам критика кон општеството и политиката за тоа како се справува со ситуацијата, мислење, став. Има луѓе компетентни да бараат решенија за овие работи и за тоа земаат плата. Твоето решение е на ниво на др. Менгеле, стари, болни, сакати нека умрат од старт, оти на некоја будала таму му било тешко да носи маска, да измие раце и да држи троа растојание кога чека во ред.
Мислам дека кога ќе отидеш, пак нема да ти се погоди, бидејќи таква ќе биде состојбата, ама жив здрави.

Твоето решение е на ниво на др. Менгеле, стари, болни, сакати нека умрат од старт, оти на некоја будала таму му било тешко да носи маска, да измие раце и да држи троа растојание кога чека во ред.
Моето решение не е тоа, затоа не лажи.
Од каде ти знаеш кога тие стари и болни ќе умрат... Затоа ги чекавме бројките за да видиме колкава е зголемена смртноста или па болните март,април,мај. Ако беа големи, секако народ сам ќе се криеше дома, без карантини.
На медиумски прогнози, не на научни факти, бидејќи и Фаучи од анализи од Кина, сам потврди мала смртност, мала преносливост, баравте, прифативте и сеуште ќе барате мерки кои со 100% сигурност ефектите ќе се:
- зголемен број на заболени
- зголемен број на починати (нареден период)
- под претпоставка (без никаква гаранција) дека изнемоштените (не стари) ќе можете да им продолжите животот, иако не знам од каде знаеш и можеш да гарантираш кој колку ќе живее, прифаќате никакви мерки. Или карантин 14+ дена за сите или друга е намерата.
- Е од тие мерки гарантирано 100% последиците се:
* слабеење на здравјето кај цела нација од 0-100+години, дали тоа е нормално и прифатлива цена за тебе...
* целосно уништување на малите и средни бизниси, осиромашување на народот, автоматски лош квалитет на живот, а тоа носи влошување на здравјето и други опасности. Дали е тоа за вас нормална, позитивна и прифатлива цена ...
* Воведување на тоталитаризам.

Шведска стручен тим оценува кој пациент може да преживее ако го стават на машина и тие ги ставаат, а не сите. Џабе ќе го ставаш на кој му нема спас, ако според сите претходни искуства знаеш дека нема шанси тој да преживее ни 1 мин откако ќе исклучиш од машината.

Има уште, ама еве и овие се доволни, плус гарантирано ќе се случат, за разлика од вашето, можеби ќе продолжиме животот, а гледаме дека смртноста е колку и секоја година.

Значи не е само ај ќе применуваме никакви мерки, БЕЗ да размислиме за последиците.
Акција за да решиш некој проблем, ако после тоа ти носи поголеми проблеми, не треба да ја применуваш.

И баш сегашните мерки докажаа дека многу луѓе не ја добиле потребната медицинска, многу луѓе од затворени дома, им се влоши здравјето, на некои и пред смртна постела ги донесе, а за што.... за неоснована надеж дека на некој кој му дошол крајот од патувањето, ќе му се продолжат маките уште некој ден.
За да спасиш некого, на кого му нема шанси, уништуваш ЦЕЛА нација, од бебиња до 100годишни, а и за новите генерации создаваш лоша средина.

Ако сакате повторно целосен марксизам, тогаш сегашниве мерки се вистинскиот пат, ама ако не сакате, тогаш или кажете сега или ќутете за секогаш, а не само празни критики. :D
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.451
Поени од реакции
68.693
Прво информирај се за случајот што го коментираш. Жената не била донесена ради корона, туку ради дијализа.
https://www.facebook.com/photo/?fbid=1201588776853672&set=a.158539787825248
Еве како изглеа 6 часа пред да почине, ова изглеа е некој нов симптом на корона е, помодрување?
Да ја видиш сликава после 16 дена без никаква информација од докторите, ќе те видам како ќе изреагираш. Имале среќа што налетале на некој помирни шипци, инаку можеле и со некој метак да завршат.
Секако дека ќе му веруваме на Фуркан Салиу.
 
Последно уредено:
Член од
7 септември 2016
Мислења
19.620
Поени од реакции
34.808
Шведска стручен тим оценува кој пациент може да преживее ако го стават на машина и тие ги ставаат, а не сите. Џабе ќе го ставаш на кој му нема спас, ако според сите претходни искуства знаеш дека нема шанси тој да преживее ни 1 мин откако ќе исклучиш од машината.
... некако не се сложувам со тебе :( ,
Шведска како Шведска нема допирни точки со нас во никој поглед, ниту пак ние ќе „паднеме “ во несвест за оценките од нивниот „стручен тим“ ...оти и ние имаме стручни тимови, кои сигурно се подобри од нив, ама не се јавно експонирани, во моментот се таму некаде во позадина, зш не се партиски инволвирани,
... во медицината никогаш не е ( 1+1=2) па колку сакаш да имаш искуство, а и никој нема право апсолутно да ја зема улогата на „Господ“или природната сила, како сакаш, па да одлучи на кој му следи или не му следи да живее оти му нема спас на респиратор или за било која интервенција, по таа логика тогаш и новородените не треба да „ги мачиме“ оти друго бебе „ќе се направи“, да не се мачи и онака нема да издржи во инкубатор или е со наследна неизлечлива болест,
...должност на здравствените работници и во случај на коматозна состојба на пациентот треба, мора и задолжително е да ги превземат сите мерки за реанимација без разлика дали пациентот има возраст од три дена, месец, 10 години, триесет, четириесет или деведесет години, ако треба пациентот ќе опстане како „растение“ на апаратура се додека домашните не се сложат по препорака да се исклучат апаратурите кои го држат во живот пациентот само со неколку витални функции,
Од каде ти знаеш кога тие стари и болни ќе умрат... Затоа ги чекавме бројките за да видиме колкава е зголемена смртноста или па болните март,април,мај.
... споредбата на смртноста би била валидна доколку се споредува колку е тој период на болеста, компликацијата и неминовно фатален исход т.е. смртта на сите други болести споредбено со сегашнава болест КОВИД19, во предходните случаеви нема пациенти за толку кратко време боледување да починат, како што е сега, пациенти без никакви хронични болести за неполна недела добиваат такви тешки симптоми и умираат поради вирулетноста на кронавирус кој го бомбардира целото тело уништувајќи буквално било кој витален орган, тоа не е нормална појава за кој вирус сакаш барем до сега познат, зборуваме за денешно време со развиена технологија и медицина не да споредиме со „шпански грип“ пред 100 години, неспоредливо со денешницата за можност за кратко време да се реши било кој проблем во било која сфера...
* слабеење на здравјето кај цела нација од 0-100+години, дали тоа е нормално и прифатлива цена за тебе...
* целосно уништување на малите и средни бизниси, осиромашување на народот, автоматски лош квалитет на живот, а тоа носи влошување на здравјето и други опасности. Дали е тоа за вас нормална, позитивна и прифатлива цена ...:D
... слабеење на здравјето кај цела нација во МКД, не е споредливо со ова ситуација, тоа се случува уште пред неколку години со неконтрола на образовниот систем со кадри кои преку ноќ земаат дипломи кои утре животен опстанок значи за некој пациент кој слепо ќе верува на тој здравствен работник без да бара второ, трето мислење... тоа е поради неказнување на здравствен персонал кој ја злупотребува својата функција со условување и барање мито, услуга, за било која интервенција, да тие што не се во можност тоа да го обезбедат едноставно остануваат така во раката на судбината... и да не пишувам уште примери кои немаат врска со пандемијата со кронавирус, а е причина за слабеење на здравјето кај цела нација...

... уништување на малите и средни бизниси не е од пандемијата што малтене трае четири месеци, колку што е од погрешните политика на тие што ја водат државата полни со корупција, лажење и крадење и газење на достоинството на ова парче земја, уназад Х години...

...пандемијата со коронавирус не е крива што младите заминуваат, што имаме смог и ѓубре насекаде, што сме како стока народ пљукаме и фрламе пикавци по улица и мочаме каде ќе ни текне, а не е чудно и по некое гомненце со штикла да згазнеме на тротоар, оти газдата на миленикот е градски шизик!

... така да све е поприфатливо за да се уништи овој смртоносен коронавирус, споредбено со тоа што го кажуваш што како процес што е уште пред Х време и нема врска со пандемијава, барем не до сега,
...рано е да биде крива болеста КОВИД19 за ситуацијата во МКД во сите сфери! ;)
 
Последно уредено:

Anco

За солун ДА, ЗА срем НЕ
Член од
1 ноември 2011
Мислења
8.603
Поени од реакции
15.403
... се прашувам, дали има некое правило на колку население се отвара еден верски објект или се гради и се отвара колку се сака? велиш „џамии“ во Кичево, а ваму осум се затворени поради присутност на коронавирус меѓу челниците на џамиите, па колку ги има 25 ли 30? а наспрем тоа колку верски објект „цркви“ има Кичево со сооднос на тие „џамии“ ? :toe:
e nema takvo pravilo... i sega toa sto se gradi i ne lici na stari TURSKI dgamii,tuku na nesto drugo,nekoj raketi ugore i nesto slicno ama ne na Turska djamija.
Pred nekoj den odam na KITKA i se zaprepastiv...(obelezuvat -zemaat teritorija) Nigde selo ama napravile djamija do pat so raketi kako onie novite po Saraj-Glumovo=Sisevo,pa i Batinci novana Djamija ne lici na TURSKA djamija,nekoja nova moderna muslimanska djamija,koj poveke se razbira ke objasni.
 
Член од
8 февруари 2020
Мислења
4.886
Поени од реакции
7.265
Шведска како Шведска нема допирни точки со нас во никој поглед, ниту пак ние ќе „паднеме “ во несвест за оценките од нивниот „стручен тим“ ..
Секако нема допирни и секако нема да паднете на нивните оценки, сепак нашите повеќе знаат, повеќе искуство, повеќе надградба имаат, нивните не делат лекарства како бонбони, кај нив големиот % на постара популација изгледа на гените се должи, здравствениот систем им е тапа.
Не знам само зашто наши што биле тука и што се таму, кажуваат дека се многу подобри од нашите, зашто и ние што сме тука во безброј теми сме укажувале на какви се негативности .
Кај нас стручни има секако, ама ако не се слуша нивното, ако седите во позадина поради политиката, не е битно, штом нема резултати.

во медицината никогаш не е ( 1+1=2) па колку сакаш да имаш искуство, а и никој нема право апсолутно да ја зема улогата на „Господ“или природната сила, како сакаш, па да одлучи на кој му следи или не му следи да живее оти му нема спас на респиратор
Ти може да се надеваш и ок е тоа, ама зашто кај нас преживеани ставени на машина е само 1 човек (може и повеќе се, ама не сум прочитал) и тоа беше 30-40год, а кај другите земји поголем е процентот. Колку ресурси ( човечки, материјални, време) си потрошил, а во меѓувреме си можел на други да им помогнеш.
Демек западот се нехумани и глупи, а од друга страна ги фалите дека пациентот им е пред се.

споредбата на смртноста би била валидна доколку се споредува колку е тој период на болеста, компликацијата и неминовно фатален исход т.е. смртта на сите други болести споредбено со сегашнава болест КОВИД19, во предходните случаеви нема пациенти за толку кратко време боледување да починат, како што е сега, пациенти без никакви хронични болести за неполна недела добиваат такви тешки симптоми и умираат поради вирулетноста
Смртноста баш се споредува со просекот, се друго игри на бројки. Ако просек е 1.500, за тој месец треба значи околу 1.500 да биде смртноста, а бидејќи имаш дополнителна опасност, треба да имаш дополнително повеќе починати.
Ако бројката е помала од просекот, или мерките супер биле (знаеме врска немаа) или опасноста не е реална.
За луѓе дека умирале, да умираат, добро утро, претходно исто така имало примери што умирале за кратко време, ништо ново, да беше ново, невидено, друг муабет, млади од мозочен или срцев удар умираат и..., имаш фудбалери умираат на терен, на тренинг, сме имале по 200 мртви бебиња, ама К не болело за тоа. Ништо ново, уникатно нема па да држи вода.
Шпанскиот умреле милиони и тоа млади, од овој колку.... без да ги броиме тие со ковид а умреле во сообраќајка.

слабеење на здравјето кај цела нација во МКД, не е споредливо со ова ситуација, тоа се случува уште пред неколку години со неконтрола на образовниот систем со кадри
Значи седењето (во пролет) затворен дома, под стрес, страв, лоша исхрана (кој од не знаење, кој од неможност) не е штетно за здравјето (физичко и ментално) ...
Не врти муабет на проблемот со системот (јасен ни е, ама сепак си го слушаме), збориме мерките какви последици имаа врз здравјето на цела нација, на 1.500.000 народ. Јасно е, ама секој со свој памет.

уништување на малите и средни бизниси не е од пандемијата што малтене трае четири месеци, колку што е од погрешните политика на тие што ја водат државата полни со корупција, лажење и крадење и газење на достоинството на ова парче земја, уназад Х години...
Повторно пак политика ми тераш и тоа неоснована. Разликатс е сега директно им ЗАБРАНИЈА на голем % да работат, значи не да преземат мерки за заштита, туку НЕ СМЕАТ да работат. Едноставно не може да си заработуваш, не може да идеш до нивата да сработиш за да се прехраниш.
Додека големите фирми, маркети, нема гајле за нив, кај нив опасноста од короната ја нема.

така да све е поприфатливо за да се уништи овој смртоносен коронавирус,
Супер што за тебе се е прифатливо и тоа од истиот систем кој го критикуваш дека го водат докажани криминалци, само доколку работеше приватно и не беше во здравство, дали вака ќе збореше :toe:.
Живееш во општество и кога добар % од народот го осиромашиш, (намерно, без основа), не верувам дека ќе ти биде розев начинот на живот во такво општество. Посебно кога ќе кажат, дечки мора солидарни да сме и да кренеме даноци, други давачки, каматни стапки, додека тие си трошат пари 500.000 еур,за паркче кое постои, или 300.000 еур за куќа за пингвини, 500.000 еур на невладини итн итн, додека вие немате за маски и ракавици. Не нема да ве лајкам, нема да ви кажам браво што рмбате ко коњи (бар тие на инфективна, другите си ги прчат)

Работите треба да се гледаат од повеќе агли, повеќе информации да се земат во предвид, па носење заклучоци, зашто се е поврзано.

Полека се ќе биде, само не заборавајте што сега сте пишувале, а што во иднина, зашто џабе ќе е откако ќе го запалиш цел амбар, поради што некој кажал има глушец.
 
Член од
13 август 2013
Мислења
1.038
Поени од реакции
2.036
... некако не се сложувам со тебе :( ,
Шведска како Шведска нема допирни точки со нас во никој поглед, ниту пак ние ќе „паднеме “ во несвест за оценките од нивниот „стручен тим“ ...оти и ние имаме стручни тимови, кои сигурно се подобри од нив, ама не се јавно експонирани, во моментот се таму некаде во позадина, зш не се партиски инволвирани,
... во медицината никогаш не е ( 1+1=2) па колку сакаш да имаш искуство, а и никој нема право апсолутно да ја зема улогата на „Господ“или природната сила, како сакаш, па да одлучи на кој му следи или не му следи да живее оти му нема спас на респиратор или за било која интервенција, по таа логика тогаш и новородените не треба да „ги мачиме“ оти друго бебе „ќе се направи“, да не се мачи и онака нема да издржи во инкубатор или е со наследна неизлечлива болест,
...должност на здравствените работници и во случај на коматозна состојба на пациентот треба, мора и задолжително е да ги превземат сите мерки за реанимација без разлика дали пациентот има возраст од три дена, месец, 10 години, триесет, четириесет или деведесет години, ако треба пациентот ќе опстане како „растение“ на апаратура се додека домашните не се сложат по препорака да се исклучат апаратурите кои го држат во живот пациентот само со неколку витални функции,

... споредбата на смртноста би била валидна доколку се споредува колку е тој период на болеста, компликацијата и неминовно фатален исход т.е. смртта на сите други болести споредбено со сегашнава болест КОВИД19, во предходните случаеви нема пациенти за толку кратко време боледување да починат, како што е сега, пациенти без никакви хронични болести за неполна недела добиваат такви тешки симптоми и умираат поради вирулетноста на кронавирус кој го бомбардира целото тело уништувајќи буквално било кој витален орган, тоа не е нормална појава за кој вирус сакаш барем до сега познат, зборуваме за денешно време со развиена технологија и медицина не да споредиме со „шпански грип“ пред 100 години, неспоредливо со денешницата за можност за кратко време да се реши било кој проблем во било која сфера...

... слабеење на здравјето кај цела нација во МКД, не е споредливо со ова ситуација, тоа се случува уште пред неколку години со неконтрола на образовниот систем со кадри кои преку ноќ земаат дипломи кои утре животен опстанок значи за некој пациент кој слепо ќе верува на тој здравствен работник без да бара второ, трето мислење... тоа е поради неказнување на здравствен персонал кој ја злупотребува својата функција со условување и барање мито, услуга, за било која интервенција, да тие што не се во можност тоа да го обезбедат едноставно остануваат така во раката на судбината... и да не пишувам уште примери кои немаат врска со пандемијата со кронавирус, а е причина за слабеење на здравјето кај цела нација...

... уништување на малите и средни бизниси не е од пандемијата што малтене трае четири месеци, колку што е од погрешните политика на тие што ја водат државата полни со корупција, лажење и крадење и газење на достоинството на ова парче земја, уназад Х години...

...пандемијата со коронавирус не е крива што младите заминуваат, што имаме смог и ѓубре насекаде, што сме како стока народ пљукаме и фрламе пикавци по улица и мочаме каде ќе ни текне, а не е чудно и по некое гомненце со штикла да згазнеме на тротоар, оти газдата на миленикот е градски шизик!

... така да све е поприфатливо за да се уништи овој смртоносен коронавирус, споредбено со тоа што го кажуваш што како процес што е уште пред Х време и нема врска со пандемијава, барем не до сега,
...рано е да биде крива болеста КОВИД19 за ситуацијата во МКД во сите сфери! ;)
Закључок од ова твое експозе е дека за се е крива политиката,,сите овие години ја уназадува државата,донекаде народот што е стока,здравството ни е мито и корупција, а сега одеднаш политиката е супер, здравството е супер, се е супер само вирусот да го снема.
Е нема да го снема, како што сега е СМРТОНОСЕН, после некое време ќе биде БЕЗОПАСЕН, кога тогаш ќе се смени плочата која сега ја слушате. Ќе дојде време кога сите стручњаци ќе изјавуваат дека мутирал во нешто нормално, а дека во меѓувреме се уништиле економиите на земјите и сега треба тоа да спасува.
 
C

CoolIris

Гостин
Денес скроз ми скисна и од вирус и од сè. Па не се издржува бре со маски, со скафандери на 38 степени. Па ако не поцркаме од коронава, ќе поцркаме од психата.

Што убаво си теравме првите 2 месеци. Зошто секогаш мора да ги расипеме нештата во последната секунда?! Стварно почнувам сериозно да се секирам за тоа што го снајде човештвото и импликациите од глупавоста на човекот.
 
Член од
25 март 2012
Мислења
8.303
Поени од реакции
4.694
Сега секаква грешка на докторите, или смрт од негрижа ќе ја препишат како смрт од корона, ќе ги спакуваат во сандаче, ниту одговорност ниту ништо.
Не знам зошто, можеби сум имал ептен потреба да одам за моите по државни болници ама по покварена од здравството нема во државава.
Кога за моето новородено дете отворено ми бара мито докторка педијатар беше капак на све, овде само Расагул е решението. Ова општество полека ги коруптира и професиналнците и чесните.
По државните установи ако немаш познаник доктор или ако не ги коруптираш си наебал.

Не викам дека вирусов не постои, ама не се сложувам дека требаше драма како да е зомби апокалипса.

ПС.
Според пријавеното, еден од синовите на починатата кој сакал насилно и без почитување на протоколите да го земе телото на неговата мајка бил позитивен на коронавирус, но наместо во изолација, тој дошол пред болницата
Јас да ја видев мојата мајка во таква ситуација во слика помодрена и да ми се јават дека умрела од корона и да не ми дозволуваат да ја земам не знам што ќе правев искрено ама тоа мирно да го прифатам сигурно не.
 
Член од
3 мај 2019
Мислења
17.757
Поени од реакции
9.558
Што убаво си теравме првите 2 месеци.
.E sto ubavo vide!?
Dva meseci teraa, ama Kade...na patot kon izbori, na patot poslan so lagi I borba za vlast...:mad:
Patot za zdravje na narodot I borba protiv kolaps na ekonomijata nemaat pojma od Kade zapocnuva:(
Nie nisto I nigde ne terame, nie propagame..edino ako ni e za uteha sto seto ova se slucuva vo celiot svet.
 
Член од
1 септември 2018
Мислења
248
Поени од реакции
642
Јас да ја видев мојата мајка во таква ситуација во слика помодрена и да ми се јават дека умрела од корона и да не ми дозволуваат да ја земам не знам што ќе правев искрено ама тоа мирно да го прифатам сигурно не.
Орка ко орка. Сам си ја кажа дијагнозата.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom