Коронавирус (COVID-19) - Општа дискусија

Член од
8 февруари 2020
Мислења
5.327
Поени од реакции
7.684
Па ме гледаш мене да серам овде за работи што ни на топ експерти со светско реноме не му се јасни?
Јасни им се, знаат како НЕ функционира приказната за вирусот, баш германци доктори излегоа и кажуваа дека се е ова е фарса. Арно амаааа....

Дај боже да ти се остварат желбите и да си се вработиш во Германија, баш би сакал да читам дали ќе критикуваш и таму или ќе си ќутиш.
А до тогаш ама еве ти пробај одговори зашто:
Минатата година од јануари до јуни починале 9.249, а оваа година до јуни починале 6.510 што е скоро за 30 проценти помалку.

Ние дебатираме колку е девијација на објавени заболени и реални случаеви а ти гледаш статистика за починати? Мислиш дека некој ја ажурира во целата ситуација?
Бројкиве немаат никаква логика. Имаш 300 починати од корона,
Од голема смртност, сега излегува не била битна и немале логика бројкиве (y)
Караџоски кажа колку биле починати од корона и таа бројка беше 10% од твоево. Спомна дека 30 сигурно биле.
 
Член од
7 септември 2016
Мислења
21.591
Поени од реакции
37.511
Да де, еве на овие простори. Имаме алфи, бети, гами. Пробуваат да не едуцираат. Ама јас инает, не сакам да седам дома, и да носам маска. А како мене уште 400.000. Што ќе ни правите?
... малку си претерал со процентот, ептен си го дуплирал бројот од 400.000,
па затоа прво би направила попис пред изборите за да го покажам вистинскиот процент на граѓани кои се „инаџии“ и одбиваат мерки, а најчесто се на „државна цицка“ во јавна администрација, условување на „државна“ плата со „државни заштитни мерки“ не почитуваш закон на држава, нема тогаш ниту плата од државата, па ниту чекање за неплатени сметки, ниту други бенифиции... а не вака-- плата зема од буџетот на државата, а истата не ја почитува...! не ќе може! :neetaka:
 

Mr.Deni

Животна грешка си ми ти...
Член од
4 мај 2007
Мислења
3.537
Поени од реакции
2.711
Мене ме интересира зошто гледам во последно време се спомиња доста...Како ниеден пациент Инфективна не става на респиратор еве месец дена а 8 септември ставаат секојдневно и ретко се под 10 на ден.Кој одлучува за тоа и побитно кој одлучува дали ке идеш на Инфективна или во ГОБ.....Зошто има мислење дека на Инфективна подобро се грижат за пациентите и иако нема врска ама секој политичар вклучувајќи го и Милошовски вчера сите беа на инфективна а никој во ГОБ.Дали со врски се стига до Инфективна зш повеќето умрени и скандали сите доаѓаат од ГОБ...
 
D

Deleted member 12196

Гостин
заебанција на страна, да ми објасни некој стручњак од овде како тоа имаме намалена смрност за 30% , а требаше да испоумреме.?
Минатата година од јануари до јуни починале 9.249, а оваа година до јуни починале 6.510 што е скоро за 30 проценти помалку.
Внимавајте малку со бројките. За годинава не се веродостојни. Од кој извор ги земате?
 
Член од
18 јули 2018
Мислења
1.068
Поени од реакции
4.260

Скроз е очекувано да има препораки за избегнување на Обединетите Балкански Емирати, кои како и за се друго, така и за пандемијава се лидери во западнобалканскиот регион.
 
Член од
6 април 2010
Мислења
1.578
Поени од реакции
10.590
Јасни им се, знаат како НЕ функционира приказната за вирусот, баш германци доктори излегоа и кажуваа дека се е ова е фарса. Арно амаааа....

Дај боже да ти се остварат желбите и да си се вработиш во Германија, баш би сакал да читам дали ќе критикуваш и таму или ќе си ќутиш.
А до тогаш ама еве ти пробај одговори зашто:
Минатата година од јануари до јуни починале 9.249, а оваа година до јуни починале 6.510 што е скоро за 30 проценти помалку.
Па дај Боже и да не ми се даде простор за критика, во суштина ние и дното од образовен систем сме за критика. Работи овде кои што допрва ги учиме, за хигиена, чистота, дезинфекција таму веќе се норма. Требаше таму да отидам за да видам колку сме назад, колку всушност напреднала медицината. Материјали за работа за кои што ние не знаеме дека воопшто постојат, ги гледаме ко некое амазонско племе што прв пат гледа парче модерна технологија, а да не е камен или дрво.
Главна разлика во негата кај нас и кај нив е третманот кон пациентот. Во нивниот случај тој завзема централна улога, кај нас административните глупости и импровизацијата. Затоа сме и за критика, и ние како народ и здравствениот систем во глобала, институциите и се пропратно.
Па требаше пандемиска апокалипса да фати за ние да ставиме сапун во училиштата и јавните објекти. Да не правам муабет и за нешто повеќе.

Не ми е целата со тебе да се натегам ниту да дебагирам теории на заговор. Во сечиј интерес е ова да помине, мој, твој верувам. Сите губиме. Еве јас пример ја изгубив приликата да заминам таму заради состојбата, други изгубија блиски, не е толку едноставно ниту пак исто. Мене ми е мака, ама не можам ни одблиску да ја споредувам мојата мака со некој што изгубил близок, а посебно за критика се оние што квичат оти не можеле на одмор да отидат летово.
 
Член од
19 септември 2009
Мислења
5.081
Поени од реакции
4.932
Внимавајте малку со бројките. За годинава не се веродостојни. Од кој извор ги земате?
Канал 5 објавено, ваљда од државен завод за статистика.
Автоматски споено мислење:

Ти си сериозен со прашањето? Ние дебатираме колку е девијација на објавени заболени и реални случаеви а ти гледаш статистика за починати? Мислиш дека некој ја ажурира во целата ситуација?
Бројкиве немаат никаква логика. Имаш 300 починати од корона, уште не знам колку заради последица од немање соодветна грижа за хронични болни поради корона и сериозно ја зимате бројката од некоја статистика?
Во моментов тие бројки се тотално неточни и невалидни.
Абе ајде, починат е починат, ние ако се точно бројките а канал 5 не ми изгледа како неозбилна телевизија, ние имаме 30 посто смртност помалку од лани, а во ек на најголема пандемија во светот во последните сто години... а сега констатацијава дека бројките не се точни како ја утврди, умрен е умрен неможеш да го сокриеш да не е умрен или не умрен да пишеш како умрен, стварно неми е јасно што се дешава овде на форумот секој што пише нешто позитивно околу вирусот или некој пост што кажува декљ вирусот и не е толку опасен овде одреден број на членови се нафрла и истиот пост го исмејува.
 

Toma

Корона стронг
Член од
22 април 2014
Мислења
4.175
Поени од реакции
3.422
Минатата година од јануари до јуни починале 9.249, а оваа година до јуни починале 6.510 што е скоро за 30 проценти помалку.
Не се точни податоците, изгледа има многу слепци по тоа теливизиите.
Ете од заводот за статистика страна 72
http://www.stat.gov.mk/publikacii/2020/Bilten 06 ANG.pdf
Во првите 4 месеци има 6732 умрени, а за март и април не се конечни (толку се способни да избројат) и обично месечно имало 1600-1700 умрени што би рекол дека ќе се надмаши ланската бројка.
 
D

Deleted member 12196

Гостин
Канал 5 објавено, ваљда од државен завод за статистика.
Државниот завод за статистика (мислам дека) уште не објавил официјални податоци. Затоа овие споредби (барем засега) паѓаат во вода.
 

Toma

Корона стронг
Член од
22 април 2014
Мислења
4.175
Поени од реакции
3.422
Најдов за умрени лани, овие од заводот немаат никакво подредување човек треба да се намачи за да најде некој податок.
http://www.stat.gov.mk/pdf/2020/2.1.20.21_mk.pdf
за првите 4 месеци 2019 имало 7493 умрени наспроти 6732 во 2020 (кој можеби ќе се зголемат за некоја стотка), за 5 и 6 месец нема уште податоци.

Во мај 2019 имало 1736 и јуни 1511, што прави вкупно 10740 што овие од Анал-от утнале за цел месец, да не ги сметале они случајно за првите 5 месеци од 2019, а ваму пресметале за првите 4 месеци од 2020:toe:
 

A__

Супер модератор
Член од
16 март 2005
Мислења
5.096
Поени од реакции
11.477

Скроз е очекувано да има препораки за избегнување на Обединетите Балкански Емирати, кои како и за се друго, така и за пандемијава се лидери во западнобалканскиот регион.
Ви текнува на:

Министерката за одбрана Шекеринска вели дека Германија нуди лекување на пациенти.
 
D

Deleted member 12196

Гостин
Абе ајде, починат е починат, ние ако се точно бројките а канал 5 не ми изгледа како неозбилна телевизија, ние имаме 30 посто смртност помалку од лани, а во ек на најголема пандемија во светот во последните сто години... а сега констатацијава дека бројките не се точни како ја утврди, умрен е умрен неможеш да го сокриеш да не е умрен или не умрен да пишеш како умрен, стварно неми е јасно што се дешава овде на форумот секој што пише нешто позитивно околу вирусот или некој пост што кажува декљ вирусот и не е толку опасен овде одреден број на членови се нафрла и истиот пост го исмејува.
Починат е починат, ама треба официјални податоци. Такви (конечни) нема.
Обрни внимание на уште една работа. Ако се точни бројките на Канал5 (а не се) и во јануари и февруари има помалку починати. Зголемена бројка од вирусот може да се забележи за мај и јуни, пред тоа имаше малку починати.
Автоматски споено мислење:

Во мај 2019 имало 1736 и јуни 1511, што прави вкупно 10740 што овие од Анал-от утнале за цел месец, да не ги сметале они случајно за првите 5 месеци од 2019, а ваму пресметале за првите 4 месеци од 2020:toe:
Тие сметале до први јуни, макар што и тука ја утнале за 20.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom