Шведска како Шведска нема допирни точки со нас во никој поглед, ниту пак ние ќе „паднеме “ во несвест за оценките од нивниот „стручен тим“ ..
Секако нема допирни и секако нема да паднете на нивните оценки, сепак нашите повеќе знаат, повеќе искуство, повеќе надградба имаат, нивните не делат лекарства како бонбони, кај нив големиот % на постара популација изгледа на гените се должи, здравствениот систем им е тапа.
Не знам само зашто наши што биле тука и што се таму, кажуваат дека се многу подобри од нашите, зашто и ние што сме тука во безброј теми сме укажувале на какви се негативности .
Кај нас стручни има секако, ама ако не се слуша нивното, ако седите во позадина поради политиката, не е битно, штом нема резултати.
во медицината никогаш не е ( 1+1=2) па колку сакаш да имаш искуство, а и никој нема право апсолутно да ја зема улогата на „Господ“или природната сила, како сакаш, па да одлучи на кој му следи или не му следи да живее оти му нема спас на респиратор
Ти може да се надеваш и ок е тоа, ама зашто кај нас преживеани ставени на машина е само 1 човек (може и повеќе се, ама не сум прочитал) и тоа беше 30-40год, а кај другите земји поголем е процентот. Колку ресурси ( човечки, материјални, време) си потрошил, а во меѓувреме си можел на други да им помогнеш.
Демек западот се нехумани и глупи, а од друга страна ги фалите дека пациентот им е пред се.
споредбата на смртноста би била валидна доколку се споредува колку е тој период на болеста, компликацијата и неминовно фатален исход т.е. смртта на сите други болести споредбено со сегашнава болест КОВИД19, во предходните случаеви нема пациенти за толку кратко време боледување да починат, како што е сега, пациенти без никакви хронични болести за неполна недела добиваат такви тешки симптоми и умираат поради вирулетноста
Смртноста баш се споредува со просекот, се друго игри на бројки. Ако просек е 1.500, за тој месец треба значи околу 1.500 да биде смртноста, а бидејќи имаш дополнителна опасност, треба да имаш
дополнително повеќе починати.
Ако бројката е помала од просекот, или мерките супер биле (знаеме врска немаа) или опасноста не е реална.
За луѓе дека умирале, да умираат, добро утро, претходно исто така имало примери што умирале за кратко време, ништо ново, да беше ново, невидено, друг муабет, млади од мозочен или срцев удар умираат и..., имаш фудбалери умираат на терен, на тренинг, сме имале по 200 мртви бебиња, ама К не болело за тоа. Ништо ново, уникатно нема па да држи вода.
Шпанскиот умреле милиони и тоа млади, од овој колку.... без да ги броиме тие со ковид а умреле во сообраќајка.
слабеење на здравјето кај цела нација во МКД, не е споредливо со ова ситуација, тоа се случува уште пред неколку години со неконтрола на образовниот систем со кадри
Значи седењето (во пролет) затворен дома, под стрес, страв, лоша исхрана (кој од не знаење, кој од неможност) не е штетно за здравјето (физичко и ментално) ...
Не врти муабет на проблемот со системот (јасен ни е, ама сепак си го слушаме), збориме мерките какви последици имаа врз здравјето на цела нација, на 1.500.000 народ. Јасно е, ама секој со свој памет.
уништување на малите и средни бизниси не е од пандемијата што малтене трае четири месеци, колку што е од погрешните политика на тие што ја водат државата полни со корупција, лажење и крадење и газење на достоинството на ова парче земја, уназад Х години...
Повторно пак политика ми тераш и тоа неоснована. Разликатс е сега директно им ЗАБРАНИЈА на голем % да работат, значи не да преземат мерки за заштита, туку НЕ СМЕАТ да работат. Едноставно не може да си заработуваш, не може да идеш до нивата да сработиш за да се прехраниш.
Додека големите фирми, маркети, нема гајле за нив, кај нив опасноста од короната ја нема.
така да све е поприфатливо за да се уништи овој смртоносен коронавирус,
Супер што за тебе се е прифатливо и тоа од
истиот систем кој го критикуваш дека го водат докажани криминалци, само доколку работеше приватно и не беше во здравство, дали вака ќе збореше
.
Живееш во општество и кога добар % од народот го осиромашиш, (намерно, без основа), не верувам дека ќе ти биде розев начинот на живот во такво општество. Посебно кога ќе кажат, дечки мора солидарни да сме и да кренеме даноци, други давачки, каматни стапки, додека тие си трошат пари 500.000 еур,за паркче кое постои, или 300.000 еур за куќа за пингвини, 500.000 еур на невладини итн итн, додека вие немате за маски и ракавици. Не нема да ве лајкам, нема да ви кажам браво што рмбате ко коњи (бар тие на инфективна, другите си ги прчат)
Работите треба да се гледаат од повеќе агли, повеќе информации да се земат во предвид, па носење заклучоци, зашто се е поврзано.
Полека се ќе биде, само не заборавајте што сега сте пишувале, а што во иднина, зашто џабе ќе е откако ќе го запалиш цел амбар, поради што некој кажал има глушец.