Коронавирус (COVID-19) - Општа дискусија

Член од
7 ноември 2011
Мислења
2.966
Поени од реакции
3.680
Јас ако одам на повеќе места не ја тргам маската, сигурно нема од маркет до банка на пет минути пеш да вадам маска.
Проблемот е кога пешачиш. Јас кажав, скоро секој ден гледам да испешачам, значи целта на излегувањето ми е таа, не влегувам никаде, нити одам по полни улици, буквално одбегнувам луѓе. Не гледам поента да се гушам сама, ти ја гледаш ли во таков случај? Ете така терам со месеци, па нити сум била болна, нити тие во мое опкружување се пожалиле.
Биди малку креативна и нема да се гушиш. Самата дома направи си маска од тенок и широкопропусен мрежест материјал (на пример од некоја завеса со широки дупчиња) и ке бидеш во ред со законот а нема да ти смета во дишењето и да те поти. Носи си ја таквата маска кога гледаш дека нема логика носењето маска а со себе носи си и вистинска за да ја ставиш кога ке има потреба.
 
Член од
30 октомври 2020
Мислења
1
Поени од реакции
0
да не знаете некој човек што во корона ситуацијава патува односно има право без ограничување да птува од Грција во Македонија и од Македонја во Грција?
...јасно дека тоа би можело да биде лице со Грчки пасош, на ример лице кое врши превоз на стоки или слично...
 
Член од
13 јули 2006
Мислења
15.182
Поени од реакции
17.994
Како со sars-cov-2 сме имале работа 7-8 пати во последните 2000 години, кога конкретниот вирус официјално е откриен 2019 година?!

Од друга страна, кога веќе спомна години, инфлуенцата ни е позната повеќе од 2000 години, вирус познат за човештвото и на некој начин е стекнат природен имунитет кон истиот што пак не е случај со sars-cov-2. Можеби со текот на времето ќе биде исто како и со инфлуенцата, ама до тогаш нема вакцина, нема лек, не е исто!

И кој да донесува одлуки во врска со здравјето на народот, во услови на пандемија? Економист? Правник? Како може одлуки да донесува некој кој што не знае ниту што значи зборот пандемија? Политичките одлуки, остануваат на политичарите, ама кога е во прашање здравјето на народот, мора професионалците да ја одиграат најважната улога.

За ова со аутизмот и вакцините, не пратам што се пишувале порано, искрено не можам да ти ја доловам поентата.
Досега во последните 2000 години сме имале 5-7 епидемии со Корона вируси. 2-3 епидемии само во 20 век.

Во поглед на ефикасноста на медицинарите, жалосно е што стручниов кадар предложува исти мерки како епидемијата во 1918 година. Еј цели 100 години покасно ние сеуште се справуваме со истите методи. Не ти изгледа тоа катастрофа за модерната медицина?

Во поглед на знаењето на научната фела во одреден историски момент, дали ти е познат д-р Ignaz Semmelweis?
 
M

Macedon1um

Гостин

Оди најди им крајот со тестовиве
Во Систина првен ти викаат негативен си, после некое време чекај грешка е направена позитивен си за на крај одиш во биотек испаѓа негативен тестот
 
Член од
13 јули 2006
Мислења
15.182
Поени од реакции
17.994
Како бе немаме, овие што седат дома и земаат плата нели може да ги пренасочиме да шетаат по улици и да контролираат. Не треба да има докторат за да види дека некој крши мерки.

Економијата ќе паѓа повеќе на овој начин, 1 месец со тотален карантин и затворање да не може врапче да прелета ти гарантирам дека ќе направи помала штета, отколку што ќе направат овие дрн дупки мерки. Пола фирми работат од дома, останатите работат со намален капацитет, на долг рок ова ќе биде далеку поголема штета отколку ако еднаш се затворевме како што треба и да се спуштиме на 10 души на ден, да се најдат тие „кластерите“ и да се контролира, плус тестирање турбо на се што е сумливо.
Нема такво нешто како еден месец карантин и после си ослободен. Тоа нема да функционира никаде, па дури ни во Кина.

Се виде во Австралија заглавија цела зима со карантини и полициски часови. Само ќе префрламе од шупливо во празно.

Се знај како треба со пандемијава, имаме примери и треба да ги адаптираме на нашите потреби/можности.

И како што гледам тоа и пробуваат да го направат, добро освен глупавата мерка за носење на маска на отворено.
 
D

Deleted member 12196

Гостин
Има некој инфо дали треба да се носи маска доколку се спортува/трча?
Кога ќе видиш полиција, трчај. Наводно спортуваш, воедно ги зголемуваш шансите да побегнеш. :)
Биди малку креативна и нема да се гушиш. Самата дома направи си маска од тенок и широкопропусен мрежест материјал (на пример од некоја завеса со широки дупчиња) и ке бидеш во ред со законот а нема да ти смета во дишењето и да те поти. Носи си ја таквата маска кога гледаш дека нема логика носењето маска а со себе носи си и вистинска за да ја ставиш кога ке има потреба.
Може ли маска од рибарска мрежа?
 
Член од
7 ноември 2011
Мислења
2.966
Поени од реакции
3.680
Кога ќе видиш полиција, трчај. Наводно спортуваш, воедно ги зголемуваш шансите да побегнеш. :)
Може ли маска од рибарска мрежа?
Не расипувај алат за маска, после ке бегат рибите.
 
Ivica^

Confident Liar
Член од
14 август 2007
Мислења
11.170
Поени од реакции
15.981

Оди најди им крајот со тестовиве
Во Систина првен ти викаат негативен си, после некое време чекај грешка е направена позитивен си за на крај одиш во биотек испаѓа негативен тестот
Ништо чудно, пациенти на дијализа од Тетово ги хоспитализираа у Воена болница демек се позитивни за по 3 дена им рекоа идите дома негативни сте.
 
D

Deleted member 12196

Гостин
Размислувам нешто околу маските...
Дволичните луѓе треба по две маски да носат...
:lolzz:
 
Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.335
Поени од реакции
57.913
Во Азија е пропишано носење на маски, но системот се базира на одговорност и свест, а не на казни. По улица можеш да ја ставиш маската под нос или сосема да ја извадиш, но кога ќе стигнеш до првата продавница, шопинг мол или друг затворен простор, не можеш да влезеш без маска. Културно ќе те потсетат на врата и тоа е.

Во Македонија се оди на казни, а резултатите се видливи. Можеме многу да научиме од некои Азиски земји, не само ние туку и цела Европа.
 
Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
15.656
Поени од реакции
34.946
Нема такво нешто како еден месец карантин и после си ослободен. Тоа нема да функционира никаде, па дури ни во Кина.

Се виде во Австралија заглавија цела зима со карантини и полициски часови. Само ќе префрламе од шупливо во празно.

Се знај како треба со пандемијава, имаме примери и треба да ги адаптираме на нашите потреби/можности.

И како што гледам тоа и пробуваат да го направат, добро освен глупавата мерка за носење на маска на отворено.
Целта на строгиот карантин е да падната бројките на едноцифрена или максимум двоцифрена бројка во првите 2-3 десетки со што можеш да кластеризираш и да ги следиш, сега сме вон секаква контрола, со ова темпо на крај од Декември ќе имаме по 3000 дневно.

Кога веќе ја спомна Австралија, земја со 25 милиони кои најчесто се распореени во главните градови и имаш милионски центри со по 3-5 милиони жители во моментот има по 15 нови на ден и се на се 1430 активни случаи.

Во моментов Северна Недојдија има 8700 активни случаи, 870 на дневно ниво на население од помалку од 2 милиони жители и ниту еден град со повеќе од 700к жители.
Викаш слични сме со нив и тие тешко се справиле, а ние сме на прав пат?

Се знае како треба, ама ние не практикуваме. Заклучуваш све живо и диво месец до два со екстемни мерки пиле да не смее да прелета, симнуваш бројки како што ти кажав на по 10-30 души на ден и после тестираш турбо се што е во било каков контакт со некој сумлив.
Ако некој скрие контакт менуваш закони за ектремни казни (неколку илјади евра), даваш слободно броеви да пријават комшии (легитимно кодошење) ако виделе да шета некој од тие што се во изолација и ќе видиш дали бројките ќе паднат или не.

Требаше да бидеме пример за справување, една рака луѓе сме и можевме да испливаме низ целата криза со минимална штета, практично дури со паметна игра и со корист, ама со вакви дрва што не ги интересира ништо освен местење на тендери и дневно политичко препукување ќе бидеме пример за земја што најлошо се справила со целата криза.
 
Член од
8 февруари 2020
Мислења
4.885
Поени од реакции
7.264
За маските зборев, не за кафаните. Додека кафаните работат, а автобусите возат со редуцирани капацитети, бројката нема да падне.

Да беа сите вака совесни ко тебе немаше да го дискутираме ова денес. И гарант ќе имавме помала бројка на заболени. Ама не се сите совесни и одговорни, оттаму потребата за носење маски.

А тоа дека не штителе е апсолутно неточно. Ви објавив и видео порано, каде јасно може да се воочи ефектот на маските. Еве, ќе се обидам да го најадам повторно.

И обична платнена маска штити повеќе од ништо.

Една мала дигресија...Вчера пред супермаркет една жена стои пуши цигара, се искашлува онака убаво, ја изгасна цигарата и замина. Не помина ниту една минута, на истото место помина млад дечко, без маска. На отворено беа и двајцата и немаше гужва. Ете зошто треба да се носат маски.
Автоматски споено мислење:

И носот и устата треба да бидат покриени, во спротивно е џабе. Капките се ослободуваат при кашлање, кивање, зборување и дишење.
Ај дај сеа слика колкав е вирусот, колкав е отворот на маските, да не зборам па за шалови и објасни како маските ќе го спречат Бетмен.
Посебно кога зборат со маски или кивне во маската.
 
Член од
13 јули 2006
Мислења
15.182
Поени од реакции
17.994
Кога веќе ја спомна Австралија, земја со 25 милиони кои најчесто се распореени во главните градови и имаш милионски центри со по 3-5 милиони жители во моментот има по 15 нови на ден и се на се 1430 активни случаи.
Имаат толку оти сега е пролет, исто како и кај нас сега ќе им биде полесно.

И нема потреба од карантин, затоа што ништо не правиме со тоа. Тестирање, следење на контакти, нивна изолација и лекување на болните во домашни / болнички услови.

Со темпо од 1000 дневно до крај на декември ќе имаме колективен имунитет, и најверојатно некаде од средината на декември ќе паѓа бројката.

Така да со 3000 тоа ќе го имаме до крај на ноември.
 
Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
15.656
Поени од реакции
34.946
Имаат толку оти сега е пролет, исто како и кај нас сега ќе им биде полесно.

И нема потреба од карантин, затоа што ништо не правиме со тоа. Тестирање, следење на контакти, нивна изолација и лекување на болните во домашни / болнички услови.

Со темпо од 1000 дневно до крај на декември ќе имаме колективен имунитет, и најверојатно некаде од средината на декември ќе паѓа бројката.

Така да со 3000 тоа ќе го имаме до крај на ноември.
Правиш детски муабети, како Мали Џокица го замислува светот ти е муабетов.
Како ќе следиш контакти на 870 заболени дневно? Сите да се виделе просек самоо со по 2ца (што нема шанса) ќе имаш по 1700 нови конктати за следење на дневно ниво, за 7 денови тоа ти е преку 10 000 луѓе што треба некој да ги исконтролира. Со артифишл интелиџенс и најнапредни технологии од филмовите не можеш да следиш 10 000 луѓе неделно.
Нивна изолација и болнички услови на критичните нашиот систем нема да издржи ни 1 месец, слушам пред некој ден се фалат имале 90 кревети слободни, еееј тоа се полни во 2 денови со вакви бројки, треба да имаш на лагер 900 кревети секој момент ако пукне ова чудо во размери како што беа во Италија, Франција и тн.
Автоматски споено мислење:

П.С каков колективен имунитет на вирус за кој антителата се присутни само неколку месеци? Еве на колега зетот беше позитивен пролетта, сега пак го нашле втор пат позитивен и шу прајме?
 
И што ако е позитивен? Што му се случува?
Нема ништо да му биди.

Подобро е да се вложат напори и средства во справување со Коронава, отколку да правиме карантин кој ќе ја одложи епидемијата за некој месец со огромни загуби во пари.

Не ти се чини дека поарно е да се вложат тие пари отколку само да ги изгубиме?

И најбитно тестовите не се 100% прецизни, можно е да бил или е сега лажно позитивен.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom