Коронавирус (COVID-19) - Општа дискусија

Член од
13 април 2019
Мислења
1.121
Поени од реакции
3.500
Знаеме дека поголемиот дел не се разбираат од ништо, а камоли пак од мерки и општо земено, нивно или здравје на другите. За жал. Ама најискрено мислам дека оној што почитува, почитуваше и до сега, а оние што им е гајле, пак ќе им е гајле.

Некогаш немаш ни услови каде да одиш. Јас сабајлево бев да ми земат крв, во чекална имаше па преку 30 души, сега ако можеш да стоиш пола саат ќе се потргнеш некаде и ќе стоиш, али имаш еден куп постари кои сакале, нејќеле си седеа еден до друг. Растојание никакво, али тоа е што е.

Битно во кафичите може да си седиш нормално и да не се стресираш. Таму корона нема.
Не ме сфаќајте грешка...и јас сметам дека е погрешно носење маска сам на отворено! Само се обидувам да ја најдам логиката на донесените мерки.

Заради "несвесноста на народот" сме до ова дереџе, а не заради тоа што тој што свесно почитува мерки носи маска кога треба да носи!
 
Член од
17 август 2011
Мислења
4.880
Поени од реакции
6.979
Е па ајде кои се тие мерки специфични за Македонија во однос на пример Словенија или Австрија? Нема никаква разлика и филозофија околу мерките, не знам зошто дотолку се става акцент, кога суштината е горе долу таа во цел Свет. Физичка дистанца, дезинфекција, носење маски, негрупирања исл. Никоја земја не измисли топла вода, без разлика на структура и густина на население, туку тоа е тоа.
А бројките ми се од секојдневниот живот. По институциите речиси никој не почитува мерки, по приватни фирми исто. Луѓето по општини си работат без маски по 4 души во неколку квадрати. Пример во Сити Мол бев пред 3-4 недели еве да не претерам но 70% беа со носови/усти извадени. По маркети е истата песна, а за дружења по станови, родендени и останати прослави да не разговарам. Дури ни во болници не се почитуваат мерки. Доктор во Скопска клиника си оперирал без маска.
У најмала рака имаа 9 месеци да го припремат здравствениот сектор за наплив на пациенти. Читав некоја директорка вика не можат да постигнат пелени да им мењаат. Па да му ебам мајката, за пола година може пулмолог не се обучува али бар за грижа на пациентите можеа да вработат поише луѓе. Они цело време го искористија за протоколи за да го спречат ширењето, и ко што глеаме не го спречија.
 
Член од
17 јануари 2009
Мислења
510
Поени од реакции
231
На тестот сум негативен. Имам температура петти ден и тешки вртоглавици. Денеска други колеги што седиме во иста канцеларија испаднаа позитивни и сите не ставија во изолација 14 дена.
Можеби болеста сама по себе за некој не е тешка и мине полесно од грип, но стресот и нервозата се големи.
Тестот сам по себе од искуство кај поблиски мои може да е лажно негативен или позитивен, пред се зависи од тоа како го зеле брисот. Братучедка моја беше негативна, иако ги имаше сите сиптоми и тешко го помина ковидов, додека во нејзиното семејство другите сите беа позитивни а имаа поблаги сиптоми.Плус уште еден случај во мојов град Тетово со два негативни.
Во однос на маските сите треба да ги носат во затворени простори, тоа е мој апел.Овде пишав на 20 октомври (вторник) дека еден од колегите со сиптоми на корона, кој одбиваше да се тестира бидејќи немал температура и докторот му рекол дека без температура нема корона, па истиот шеташе без маска по канцеларии, кашлаше, и доби напад на присност и ги гушкаше колегите кои бегаа од него, а јас него го избркав од канцеларија поради неносење на маска. По ова писание неверминд ми пиша дека со таков став сум требал да се затворим во бункерче.Да направам тогаш апдејт на информациите , во петок еден колега заболен, во сабота друг, во понеделник и вторник уште двајца, а вчера уште еден, сите со сиптоми (плус уште десетици од нивните фамилии позитивни) и уште еден колега чека термин за тестирање.Од позитивните една колешка е потешко, лежи во болница и тоа со тешки маки стигна до слободен кревет. Никој од работа не добил решение за изолација, си одиме на работа и очекуваме и нас да не фати, дали овие кои се позитивни не не пријавиле како контакти, бидејќи имаат некоја чудна особина луѓево во градов да кријат дури од поблиските дека се болни, или можеби воопшто не биле прашани и тоа е во игра со оглед на неефикасноста на здравствениот систем.
 
Член од
17 август 2011
Мислења
4.880
Поени од реакции
6.979
Инаку со маската дискусијата. Такви ситуации ко @Ilumious што ја пиша знам неколку кај што сами кажале маски не носеле и никој не заразиле у канцеларија. Од друга некој викаат дека седеле со маска па пак се заразиле. Колку лажат не знам, сиг ја извадиле да пијат кафе или јадат. Едноставно некој луѓе поише се заразливи. Ја лично сумљам дека ќе ме заштитат, мислам дека е поише психолошки за атер на луѓево дека се праи нешто. Далеку од тоа дека азијатите носеле маски и дека ради тоа не букнало кај нив. Работата е што они у старт ги пратат контактите и ги изолираа, тука у старт е работата излезена од контрола.
 
Член од
14 октомври 2010
Мислења
3.962
Поени од реакции
12.711
Не ме сфаќајте грешка...и јас сметам дека е погрешно носење маска сам на отворено! Само се обидувам да ја најдам логиката на донесените мерки.

Заради "свесноста на народот" сме до ова дереџе, а не заради тоа што тој што свесно почитува мерки носи маска кога треба да носи!
Се слагаме, али дека спомна бараш некоја логика во мерките да се надоврзам.

Нема логика кај меркиве. Јас не ја наоѓам бар.
Ми викаат дека е ок да седнам во кафич, да дремам во преполни капацитети два саати, без маска, а од друга страна сам да шеташ по улици и да не застануваш никаде, треба да се маскираш. Зашто било можно да влезеш некаде и чекај, да заборавиш дека влегуваш, па да заборавиш каква е ситуацијата последните месеци и да не ставиш маска, зашто нели, не правиш корелација меѓу едното и другото.

Ова не да си комуњар тежок ко што кажа некој, ова треба да си малце нетолку за да ти биде во ред и да викаш амин.
 

wot

њ
Член од
20 мај 2008
Мислења
17.920
Поени од реакции
28.576
Mene me interesira okolu mask shaming momentot... Neli se trubese maskata e 90 posto da gi zastitis drugite, ti ako si pozitiven da ne rasiris a ne e da ne fatis. Po taa logika nosenje pod nos stiti 90 posto. :D

Inace ne znam zosto vi nema smisla maska na otvoreno, ti izlezes od doma, fakjas maska, ides u banka, fakjas pari, penkala, iskacas pa odis do market fakjas proizvodi, pari, blisku kontakti, na pat do doma ides so bus, guzvi, se drzis za sediste... Celo vreme tuka ja fakjate maskata, liceto, vadi stavi poso na otvoreno nemalo smisla... Mislam deka e ocigledno deka se narusuva zastitata sto treba da ja imas od nea taka, ne?
 
Член од
14 октомври 2010
Мислења
3.962
Поени од реакции
12.711
Mene me interesira okolu mask shaming momentot... Neli se trubese maskata e 90 posto da gi zastitis drugite, ti ako si pozitiven da ne rasiris a ne e da ne fatis. Po taa logika nosenje pod nos stiti 90 posto. :D

Inace ne znam zosto vi nema smisla maska na otvoreno, ti izlezes od doma, fakjas maska, ides u banka, fakjas pari, penkala, iskacas pa odis do market fakjas proizvodi, pari, blisku kontakti, na pat do doma ides so bus, guzvi, se drzis za sediste... Celo vreme tuka ja fakjate maskata, liceto, vadi stavi poso na otvoreno nemalo smisla... Mislam deka e ocigledno deka se narusuva zastitata sto treba da ja imas od nea taka, ne?
Јас ако одам на повеќе места не ја тргам маската, сигурно нема од маркет до банка на пет минути пеш да вадам маска.
Проблемот е кога пешачиш. Јас кажав, скоро секој ден гледам да испешачам, значи целта на излегувањето ми е таа, не влегувам никаде, нити одам по полни улици, буквално одбегнувам луѓе. Не гледам поента да се гушам сама, ти ја гледаш ли во таков случај? Ете така терам со месеци, па нити сум била болна, нити тие во мое опкружување се пожалиле.
 

Saber Rider

Модератор
Член од
27 ноември 2007
Мислења
27.418
Поени од реакции
49.491

Erich Zann

Модератор
Член од
13 мај 2012
Мислења
13.978
Поени од реакции
29.685

Покрај ова сведоштво, убав осврт даде и еден новинар на АЛФА во сабајлечката емисија. Ако го стават на нет ќе го споделам.
Не знам од што и како заболев, дали бев на некоја свадба или од средбите со граѓаните. Да се носи задолжително маска, држење дистанца, никако групирање, никако дружење во поголеми групи“, рече Меркo.
:confused:
 
Член од
13 април 2019
Мислења
1.121
Поени од реакции
3.500
Се слагаме, али дека спомна бараш некоја логика во мерките да се надоврзам.

Нема логика кај меркиве. Јас не ја наоѓам бар.
Ми викаат дека е ок да седнам во кафич, да дремам во преполни капацитети два саати, без маска, а од друга страна сам да шеташ по улици и да не застануваш никаде, треба да се маскираш. Зашто било можно да влезеш некаде и чекај, да заборавиш дека влегуваш, па да заборавиш каква е ситуацијата последните месеци и да не ставиш маска, зашто нели, не правиш корелација меѓу едното и другото.

Ова не да си комуњар тежок ко што кажа некој, ова треба да си малце нетолку за да ти биде во ред и да викаш амин.
За маските зборев, не за кафаните. Додека кафаните работат, а автобусите возат со редуцирани капацитети, бројката нема да падне.


Јас ако одам на повеќе места не ја тргам маската, сигурно нема од маркет до банка на пет минути пеш да вадам маска.
Проблемот е кога пешачиш. Јас кажав, скоро секој ден гледам да испешачам, значи целта на излегувањето ми е таа, не влегувам никаде, нити одам по полни улици, буквално одбегнувам луѓе. Не гледам поента да се гушам сама, ти ја гледаш ли во таков случај? Ете така терам со месеци, па нити сум била болна, нити тие во мое опкружување се пожалиле.
Да беа сите вака совесни ко тебе немаше да го дискутираме ова денес. И гарант ќе имавме помала бројка на заболени. Ама не се сите совесни и одговорни, оттаму потребата за носење маски.

А тоа дека не штителе е апсолутно неточно. Ви објавив и видео порано, каде јасно може да се воочи ефектот на маските. Еве, ќе се обидам да го најадам повторно.

И обична платнена маска штити повеќе од ништо.


Една мала дигресија...Вчера пред супермаркет една жена стои пуши цигара, се искашлува онака убаво, ја изгасна цигарата и замина. Не помина ниту една минута, на истото место помина млад дечко, без маска. На отворено беа и двајцата и немаше гужва. Ете зошто треба да се носат маски.
Автоматски споено мислење:

Po taa logika nosenje pod nos stiti 90 posto.
И носот и устата треба да бидат покриени, во спротивно е џабе. Капките се ослободуваат при кашлање, кивање, зборување и дишење.
 
Последно уредено:
Член од
24 март 2010
Мислења
12.365
Поени од реакции
17.333
И кој да донесува одлуки во врска со здравјето на народот, во услови на пандемија? Економист? Правник? Како може одлуки да донесува некој кој што не знае ниту што значи зборот пандемија? Политичките одлуки, остануваат на политичарите, ама кога е во прашање здравјето на народот, мора професионалците да ја одиграат најважната улога.
R - responsible, A - accountable, C - consulted, I - informed
ЗдравствоПремиерМВРПравдаЕкономија
Лечење пациентиRACIC
Засилување болнички капацитетиCAR
Носење одлуки кои ја засегаат широката популацијаCACRC
Имплементација на одлукитеIARI
 

Рудници и

ООЗТ Рудници и железарница - Скопје
Член од
9 декември 2009
Мислења
11.552
Поени од реакции
17.132
Убаво е вака кога читаш дека има свесни поединци на кои не им требаат никакви мерки за да во гужва на отворено ја стават маската на уста и нос, како би се заштитиле од вирусот.

Е, ама во реалноста вие сте малцинство пријатели. За момент извадете ги розевите наочари и сетете се каде живеете. Ако ви кажам дека во време на пандемија луѓето лажат за своите симптоми кога доаѓаат на лекар, како би избегнале "тестирање за корона вирус" или "не сакаат да им биде тестрано детенцето, заради страв од стапчето, а во нормални услови неколку пати во година го носат на микробиолог за да исклучат бактерија", "голтаат бруфени и парацетамоли, пред да влезат на место на кое што мора да се измери температура пред влез", "славите, кршетнките, веридбите, родендените, никако не смеат да трпат....дури и во пандемија мора да има минимум 50 души инаку како да не си славел".

Е заради ваквите се донесени мерките. Мора да ги има, мора да се почитуваат, а непочитувачите строго да се санкционираат.
Цел живот заради "таквите" сите ги трпиме последиците.
Бидејќи никој не ги санкционирал.
Ова со маскиве на отворено е последниот бисер поради кој совесните повторно ќе си мислат дека се идиоти наспрема овие "мнозиството".

Ние не сме криви дека Амди Бајрам, градоначалникот на Центар организираа свадби и погреби без никаква одговорност - напротив на дел имаа државна асистенција.Па и самиот министер за внатрешни сега верувам дека бил на таа слава и дека оние слики се автентични.Истите тие од позиција на власт го обвинуваа народот општо дека е неписмен, неизмиен, неразбран итн.Ама и тие дошле на власт и биле вчера од тој народ.Исти се.
Епа нека сме сите сега непочитувачи, секако едноумие е во тренд.

Друго, за луѓето кои лажеле за симптоми.
Верувам дека добар дел се и такви.

Ама како ќе им прѕжат помош на луѓето кои матичните не ги пуштиле на тест со образложение немаш симптоми, мала ти е таа температура , ништо не ти е итн.
Само за период од последниве месец дена познавм тројца вакви луѓе, двајца навистина беа позитивни (тестираа приватно), од кои едниот на крај му беше речено е така ви е кога касно се пријавувате.
Лавиринтите во здравство со години се креирани од раководствата, ама секогаш се криви пациентите.

Одговорност зборот потребно е да го избришат од македонскиот речник.
 
Член од
26 јануари 2009
Мислења
8.887
Поени од реакции
11.826
Има некој инфо дали треба да се носи маска доколку се спортува/трча?
 
Член од
14 октомври 2010
Мислења
3.962
Поени од реакции
12.711
Има некој инфо дали треба да се носи маска доколку се спортува/трча?

Оваа мерка нема да важи:

  • при спортување на отворен простор или на затворено со почитување на специфичните протоколи за заштита (дистанца, дезинфекција и слично);
  • при возење во приватно патничко моторно возило ако возачот е сам или со лице/лица со кое/кои што живее во заедница;
  • при престојување во двор на семејна куќа сам или со лице/лица со кој/кои што заедно живеат во заедница;
  • при седење во угостителски објект со почитување на специфичните протоколи за заштита (дистанца, дезинфекција и слично);
  • ако се користи друг тип на заштитна опрема специфична за определено работно место;
  • ако лицето е помладо од 6 годишна возраст (дете); и
  • ако лицето има специфична здравствена состојба, е лице со посебни потреби или е лице со пречки во развој поради што носењето на лична заштита на лицето би било проблематично или контраиндицирано.
За неносење маска на отворено предвидена е парична казна од 20 евра.
 
На врв Bottom