Коронавирус (COVID-19) - Општа дискусија

TrendS

Work Smart, Not Hard
Член од
14 декември 2018
Мислења
4.405
Поени од реакции
29.797
Маска на отворено на пример во парк, или таму каде што има доволно растојание не ми држи вода. Секој човек со свест и совест ќе стави маска каде што треба и ќе одржува растојание. Но повеќето и тоа не го прават, ниту ќе го прават. Си дишат во врат, без покриен нос и во најголема гужва. Оваа мерка нема да даде никаков бенефит.

Забрана за групирање по 22 часот. Кој ќе го исконтролира тоа на ниво на цела држава....немаме толку ресурси. Друга небулоза е во угостителски објект седи до 23 часот, слободно без маска....нема логика. Со еден збор слободно е се во текот на денот, групирање може и по 500 души, ама после 22 часот не. Ниту ова нема да вроди со плод.

Додека се носат половични мерки, една многу важна работа се пропушта......границата со Косово е отворена, и ќе остане отворена макар и 10000 дневно да имаме.

Се додека сме со половични мерки и двоаршински игри ќе врие од вирусов во државава.
А министерот вели „Граѓаните можат да бидат спокојни, болнички кревети има сосема доволно, целиот Клинички центар е во ситуација на мобилизација и никој нема да остане без здравствена нега.”

Сакаат ем волкот сит, ем овците на број........не може. Економија се одржува и се гради со здрав народ. Здрав народ, здрава економија. Болен народ, болна економија. Просто.

Секојдневно веќе извесен период броиме над 30% позитивни од тестираните, и сеуште се надеваат дека со апелирање и со половични мерки ќе го намалат ширењето на вирусот? Очајно.
Додека "глупавите држави" кои имаат болнички капацитети и медицински кадар за разлика од нас што немаме ништо....спроведуваат поригорозни мерки, ние тука си играме дрндупки.
 
Tемјан

the Kingslayer
Член од
19 мај 2011
Мислења
691
Поени од реакции
1.141
На тестот сум негативен. Имам температура петти ден и тешки вртоглавици. Денеска други колеги што седиме во иста канцеларија испаднаа позитивни и сите не ставија во изолација 14 дена.
Можеби болеста сама по себе за некој не е тешка и мине полесно од грип, но стресот и нервозата се големи.
 
Петра П.

насмевка
Член од
16 јануари 2008
Мислења
2.724
Поени од реакции
6.297
Првиот дел ти е одговорен со вториот дел.
Мене ме застанаа на отворено во околина каде буквално немаше никој на 100-200 метри (уште пред новиве "мерки" со 1,5 метри дистанца) и ме малтретираа како најголем криминалец.
Кого ќе заразам или од кого ќе се заразам?
Ќе пренесам на дрвата или тие мене?

Ако гледам поголема концентрација луѓе во мал простор сам ќе ја ставам маската, не ми е потребна одлука од Вилипче.
Ама по парк, шеталишта, на паркинг/гаража, планина итн. е ненормално, точка.

Од друга страна на места каде вриеше од народ, не казнуваа.Пред пошта, банка, маркет, карго, пекара.
И до негде разбирам , зошто е невозможно да имаш дистанца на тротоар од 0,7 метри пола зафатен од жардиниери и пола од паркирани возила и скутери.

И за разлика од март месец, ниту еден поголем маркет или сличен поголем трговски објект не задржа редарска служба, влегуваат без мерка, со и без маска, во ред на каса си дишат во врат (лице) и како сардини наредени зошто во добар дел од касата до првиот рафт немаме ни 1 метар растојание.
Па доста вработени имаме позитивни од тука.

Службите во државните институции (МВР, општина, јавни претпријатија) најчесто не користат маски во канцеларии и кога се сами и кога се во присуство на странки.
И кај нив имаме доста добар процент разболени и позитивни.
И тука пак се враќаме на старата добра за двојни аршини ( и злоупотреба на позиција) и создавање револт и одбивност.
До тој степен да луѓето кои до вчера ги почитувале сите мерки - буквално , до ситница, сега се сомневаат или се контра.
Разбирам дека тоа е фрустрирачкИ. Еве го, ибрик, седи во собрание зборува за маски, а сам нема.
Несомнено е дека е кај нас врз извршувањето се меша политиката. Па тие кластерите што беа во мај, па и сега во овој кркамбар беа / се токму ради тоа дека некои животни се поеднакви од другите.
Сепак мислам дека со почитување на мерките се штитиме и сами себе и останатите околу нас .. тоа е најважно.
Искрено јас би побарала веднаш кога нема нешто да се испочитува, особено од јавни лица, веднаш да си дадат одставка. Еве овде во месец и половина два пати министерот за здравство мораше да резигнира, вториот пат беше поради тоа дека тој сам не ги почитуваше мерките. Да не беше тоа нивна одлука луѓето сами ќе реагираа со разни петиции.
 
C

CoolIris

Гостин
Убаво е вака кога читаш дека има свесни поединци на кои не им требаат никакви мерки за да во гужва на отворено ја стават маската на уста и нос, како би се заштитиле од вирусот.

Е, ама во реалноста вие сте малцинство пријатели. За момент извадете ги розевите наочари и сетете се каде живеете. Ако ви кажам дека во време на пандемија луѓето лажат за своите симптоми кога доаѓаат на лекар, како би избегнале "тестирање за корона вирус" или "не сакаат да им биде тестрано детенцето, заради страв од стапчето, а во нормални услови неколку пати во година го носат на микробиолог за да исклучат бактерија", "голтаат бруфени и парацетамоли, пред да влезат на место на кое што мора да се измери температура пред влез", "славите, кршетнките, веридбите, родендените, никако не смеат да трпат....дури и во пандемија мора да има минимум 50 души инаку како да не си славел".

Е заради ваквите се донесени мерките. Мора да ги има, мора да се почитуваат, а непочитувачите строго да се санкционираат.
 
Член од
12 март 2009
Мислења
19.800
Поени од реакции
15.716
Не мора да значи, на другарка ми носот и течеше па позитивна беше, сите различни симптоми искусија.
а може ли да има болниот банален рхино вирус ( да му тече носот) а да биде и заразен со К19, позитивен, ама без симптоми на бели дробови ??
a сега пак некој српски професор кажувал на нет, демек К19 не се развивал ако има бактерии ( па удрија реклама за пробиотици).. ако беше така овие во Индија што праат гаргара со вода од светата река во која оди канаализација, никој немаше Корона да има
 
Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
15.630
Поени од реакции
34.883
Е па ајде кои се тие мерки специфични за Македонија во однос на пример Словенија или Австрија? Нема никаква разлика и филозофија околу мерките, не знам зошто дотолку се става акцент, кога суштината е горе долу таа во цел Свет. Физичка дистанца, дезинфекција, носење маски, негрупирања исл. Никоја земја не измисли топла вода, без разлика на структура и густина на население, туку тоа е тоа.
А бројките ми се од секојдневниот живот. По институциите речиси никој не почитува мерки, по приватни фирми исто. Луѓето по општини си работат без маски по 4 души во неколку квадрати. Пример во Сити Мол бев пред 3-4 недели еве да не претерам но 70% беа со носови/усти извадени. По маркети е истата песна, а за дружења по станови, родендени и останати прослави да не разговарам. Дури ни во болници не се почитуваат мерки. Доктор во Скопска клиника си оперирал без маска.
И Австрија и Словенија ти се различно организирани од тука и не може да ги земеш здраво за готово работите од таму.
Прво самиот менталитет на народот е тотално различен, второ и политиката пред да започне вирусот беше поразлична (пример форсирање на руралните зони повеќе од големите градски подрачја, што тука ти е обратна), трето распоредот на градовите и организацијата на инфраструктурата и тн. Крај краева и тие земји што ги спомна направија карантин, не отвораат кафеани.
 
Член од
12 март 2009
Мислења
19.800
Поени од реакции
15.716
Разбирам дека тоа е фрустрирачкИ. Еве го, ибрик, седи во собрание зборува за маски, а сам нема.
Несомнено е дека е кај нас врз извршувањето се меша политиката. Па тие кластерите што беа во мај, па и сега во овој кркамбар беа / се токму ради тоа дека некои животни се поеднакви од другите.
Сепак мислам дека со почитување на мерките се штитиме и сами себе и останатите околу нас .. тоа е најважно.
Искрено јас би побарала веднаш кога нема нешто да се испочитува, особено од јавни лица, веднаш да си дадат одставка. Еве овде во месец и половина два пати министерот за здравство мораше да резигнира, вториот пат беше поради тоа дека тој сам не ги почитуваше мерките. Да не беше тоа нивна одлука луѓето сами ќе реагираа со разни петиции.
сега тој ибрикот си ги заралил партиските колеги на онлајн конгресот...ама изгледа имало нешто и ОФФлајн
 
Член од
19 септември 2009
Мислења
5.081
Поени од реакции
4.932
Е како жити се не сме имале близок контакт, кога седиме еден до еден и гледаме проблематика уште што не сме се гушнале. :)
има и милион примери што носеле маска и пак се заразиле дури тука и на форумот кажуваа, има примери што не носеле маска и не се заразиле а биле во иста просторија со заболен како во мојот случај...од таму ми е заклучокот дека таа крпа од 10 денари преку уста не помага.
 
Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
15.630
Поени од реакции
34.883
Маска на отворено на пример во парк, или таму каде што има доволно растојание не ми држи вода. Секој човек со свест и совест ќе стави маска каде што треба и ќе одржува растојание. Но повеќето и тоа не го прават, ниту ќе го прават. Си дишат во врат, без покриен нос и во најголема гужва. Оваа мерка нема да даде никаков бенефит.

Забрана за групирање по 22 часот. Кој ќе го исконтролира тоа на ниво на цела држава....немаме толку ресурси. Друга небулоза е во угостителски објект седи до 23 часот, слободно без маска....нема логика. Со еден збор слободно е се во текот на денот, групирање може и по 500 души, ама после 22 часот не. Ниту ова нема да вроди со плод.

Додека се носат половични мерки, една многу важна работа се пропушта......границата со Косово е отворена, и ќе остане отворена макар и 10000 дневно да имаме.

Се додека сме со половични мерки и двоаршински игри ќе врие од вирусов во државава.
А министерот вели „Граѓаните можат да бидат спокојни, болнички кревети има сосема доволно, целиот Клинички центар е во ситуација на мобилизација и никој нема да остане без здравствена нега.”

Сакаат ем волкот сит, ем овците на број........не може. Економија се одржува и се гради со здрав народ. Здрав народ, здрава економија. Болен народ, болна економија. Просто.

Секојдневно веќе извесен период броиме над 30% позитивни од тестираните, и сеуште се надеваат дека со апелирање и со половични мерки ќе го намалат ширењето на вирусот? Очајно.
Додека "глупавите држави" кои имаат болнички капацитети и медицински кадар за разлика од нас што немаме ништо....спроведуваат поригорозни мерки, ние тука си играме дрндупки.
Како бе немаме, овие што седат дома и земаат плата нели може да ги пренасочиме да шетаат по улици и да контролираат. Не треба да има докторат за да види дека некој крши мерки.

Економијата ќе паѓа повеќе на овој начин, 1 месец со тотален карантин и затворање да не може врапче да прелета ти гарантирам дека ќе направи помала штета, отколку што ќе направат овие дрн дупки мерки. Пола фирми работат од дома, останатите работат со намален капацитет, на долг рок ова ќе биде далеку поголема штета отколку ако еднаш се затворевме како што треба и да се спуштиме на 10 души на ден, да се најдат тие „кластерите“ и да се контролира, плус тестирање турбо на се што е сумливо.
 
Член од
15 јануари 2008
Мислења
5.041
Поени од реакции
12.031

Ни фали некој од времето на социјализмот, до сега се што има положено макар прва помош ќе беше регрутирано и прогласено за волонтер.
 
тие што седат од дома не ти одат по улица зимно време , па и тој што контролира треба да носи маска, арно им е дома... тие не се јавуваат на телефон... еднаш се јавував во една фирма, вработениот работел од дома, ми дава телефон... се јавуваам, вработената кажува ама јас сум на ПАЗАР, јави се за 2-3 сата... и тоа НЕ државна фирма , приватна ама од легачките...
 
Последно уредено:
C

CoolIris

Гостин
Но, корона кризава покажа колку научнициве, докториве се меродавни за еден вирус со кој што сме имале работа барем 7-8 пати во последниве 2000 години, а не пак за една толку комплицирна работа како аутизам.
Како со sars-cov-2 сме имале работа 7-8 пати во последните 2000 години, кога конкретниот вирус официјално е откриен 2019 година?!

Од друга страна, кога веќе спомна години, инфлуенцата ни е позната повеќе од 2000 години, вирус познат за човештвото и на некој начин е стекнат природен имунитет кон истиот што пак не е случај со sars-cov-2. Можеби со текот на времето ќе биде исто како и со инфлуенцата, ама до тогаш нема вакцина, нема лек, не е исто!

И кој да донесува одлуки во врска со здравјето на народот, во услови на пандемија? Економист? Правник? Како може одлуки да донесува некој кој што не знае ниту што значи зборот пандемија? Политичките одлуки, остануваат на политичарите, ама кога е во прашање здравјето на народот, мора професионалците да ја одиграат најважната улога.

За ова со аутизмот и вакцините, не пратам што се пишувале порано, искрено не можам да ти ја доловам поентата.
 
Член од
14 октомври 2010
Мислења
5.122
Поени од реакции
15.937
Убаво е вака кога читаш дека има свесни поединци на кои не им требаат никакви мерки за да во гужва на отворено ја стават маската на уста и нос, како би се заштитиле од вирусот.

Е, ама во реалноста вие сте малцинство пријатели. За момент извадете ги розевите наочари и сетете се каде живеете. Ако ви кажам дека во време на пандемија луѓето лажат за своите симптоми кога доаѓаат на лекар, како би избегнале "тестирање за корона вирус" или "не сакаат да им биде тестрано детенцето, заради страв од стапчето, а во нормални услови неколку пати во година го носат на микробиолог за да исклучат бактерија", "голтаат бруфени и парацетамоли, пред да влезат на место на кое што мора да се измери температура пред влез", "славите, кршетнките, веридбите, родендените, никако не смеат да трпат....дури и во пандемија мора да има минимум 50 души инаку како да не си славел".

Е заради ваквите се донесени мерките. Мора да ги има, мора да се почитуваат, а непочитувачите строго да се санкционираат.
Знаеме дека поголемиот дел не се разбираат од ништо, а камоли пак од мерки и општо земено, нивно или здравје на другите. За жал. Ама најискрено мислам дека оној што почитува, почитуваше и до сега, а оние што им е гајле, пак ќе им е гајле.

Некогаш немаш ни услови каде да одиш. Јас сабајлево бев да ми земат крв, во чекална имаше па преку 30 души, сега ако можеш да стоиш пола саат ќе се потргнеш некаде и ќе стоиш, али имаш еден куп постари кои сакале, нејќеле си седеа еден до друг. Растојание никакво, али тоа е што е.

Битно во кафичите може да си седиш нормално и да не се стресираш. Таму корона нема.
 
Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
15.630
Поени од реакции
34.883
Ни фали некој од времето на социјализмот, до сега се што има положено макар прва помош ќе беше регрутирано и прогласено за волонтер.
Така треба да биде, нема врска на политичкото уредување во државата, кога станува збор за ваква состојба секој граѓанин мора да биде спремен да даде свој придонес во надминување. Не може да чекаме само ние помош.
За жал сега и тие што имаат положено не знаат да дадат помош, пред 10тина години кога полагав прва помош одеа од една на друга маса да ги препишат прашањата и никој не се замараше да ги санкционира, на куклата не сакаа ни да клекнат да повежбаат практично и тн.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom