Коронавирус (COVID-19) - Општа дискусија

Член од
7 септември 2016
Мислења
7.544
Поени од реакции
11.979
... во интерес на вистината, еве неколку „докази“ каде Комисија за заразни болести ќе донесат заедничко решение, нели професионално според тоа зошто се формирани да се спроведе, до Владата, но владата истите со ознака „не се прифатени“ се вратени назат да се „преиспитат“ повторно од истата комисија за заразни болести, која после тоа комисијата за заразни болести ќе си го смени своето претходно мислење и решение!

1.) цитат:
,,“Ние како Министерство за економија ќе пратиме писмо до Комисијата за заразни болести, ако претходно имавме забелешки...Министерот потенцираше дека протоколот за работа на угостителските објекти треба уште еднаш да се разгледа во детали од страна на Комисијата за заразни болести. ,,

2.) цитат:
,,Полициски час од 22 часот навечер до 5 часот наутро за Скопје, Куманово, Тетово и Штип со дел од околните општини ќе нема. Предлог на Комисијата за заразни болести не мина на денешната 63. владина седница на која министрите имаа спротивно мислење од она на стручно советодавното тело при Министерството за здравство, па забраната за движење засеге не е опција ..,,

3.) цитат:
,..И покрај предлогот на Комисијата за заразни болести породилното отсуство да биде продолжено, и покрај секојдневните апели на познати наши педијатри и неонатолози дека отварањето на градинките би било катастрофален потег, и покрај искуствата на многу земји каде бројот после отварање на градинките и школите драстично порасна, нашата Влада нема слух за истото и со оваа одлука докажа дека здравјето на нашите деца не е нивен приоритет, докажа дека нашите деца се експериментални глувци за нив. ..,,

...доволно се три примери или треба уште?
 
Последно уредено:
Член од
24 март 2010
Мислења
12.365
Поени од реакции
17.332
Директно можеби не, но индиректно секако.

Види, можеби "носење маска на отворено" звучи глупаво... но целта не е буквално да ја сватиме пораката.

Идеата е јасна - ДА СЕ НОСИ МАСКА 24/7. Зошто?
Па од ситуација човек да е на отворено, лесно може да премине во ситуација - човекот да влези на затворено.. да пазари негде, или да се размине со други луѓе, или да оди во вц, или да кивне, искашла.. па одма друг да помине на истиот тој "отворен" простор..
Муабетов ми е дека постојат мал милион ситуации кои не можат да бидат индивидуално регулирани.
Затоа, 'задолжително носење на маска во секаков простор' е основата на се'.

Можеби процентот да се добие или пренесе вирусот на отворено е мноооогу мала, но сепак не е еднаква на нула.

Во фаза кога има 1000 нови случаи на ден, ние дискутираме зошто требало да се носи маска на отворено? Патем тоа "отворено" како што кажав многу лесно преминува во затворено кога сме во движење низ населени средини.

Па не маски, ние треба се можно да правиме за да си помогнеме себе и на системот, кој за жал ни е катастрофа.
Ако задолжителново носење на маски не го намали бројот на заболени, ќе превземе ли некој одговорност?
 

HoT _iCe

Fuckin' diabolical!
Член од
31 јануари 2018
Мислења
911
Поени од реакции
2.094
Кд га слушам овога Димчета, добивам наду дека не е све изгубено, како прописно им се изнаебе мајку сваки пут кд збори на говорницу е нешто за учење у књигу, министер за задгробан живот бе, лол :D
 

Peja989

Супер модератор
Член од
22 јули 2010
Мислења
32.123
Поени од реакции
81.135
Ако задолжителново носење на маски не го намали бројот на заболени, ќе превземе ли некој одговорност?
Е за ова се слагам.
Не се противам на мерките, се противам што за она што се испоставува или ќе се испостави дека е грешно никој не сносува одговорност.
 

Нuкола

Ганџамен
Член од
24 мај 2005
Мислења
5.276
Поени од реакции
13.424
Ако задолжителново носење на маски не го намали бројот на заболени, ќе превземе ли некој одговорност?
Ако тие што се одговорни за справување со кризава не направат се' што е во нивна моќ, ќе преземе ли некој одговорност?

Значи тешко е да се даде одговор на овие прашања, посебно кај нас на овие простори.
Јас ти ја разбирам поентата, и не верувам дека кај нас постои преземање на етичка, морална, политичка или правна одговорност... ама тоа што јас и ти живееме во вакво опшество - нема да помогне во решавање со кризава.
Јасно ми е дека довербата во тие што носат одлуки оддамна ја нема... но и тоа само по себе нема да помогне во овај случај.

Едноставно мора да се верува во некој и нешто.. Доколку интелектуалниот свет дал зелено светло да постои некаква си комисија за справување со заразни болести.. тогаш добро е да им се даде шанса.

Или еве, што мислиш ти кое е вистинското решение? Мислиш дека постои солуција со која ќе се задоволи овај народ? Мислиш дека постои авторитет на кој би верувале граѓаните, земајќи го фактот што децении уназад се изманипулирани од секоја политичка гарнитура?

Мојата поента е дека сме најдобри во кукање и разоткривање на проблемите... а кога станува збор за оптимално решение, никој, никаде, ништо.
 

Наќо Скопски

Lancia Delta HF integrale
Член од
3 април 2017
Мислења
6.558
Поени од реакции
16.862
Сегa слушнaв некoјa изјaвa oд едикoјси белoсветски експерти,дoбрo билo штo сo рaпиднoтo згoлемувaње нa брoјките( дури и вo Гермaнијa) пaрaлелнo не пoрaснaл прoцентoт нa пoчинaти,штo мoжелo дa се сметa кaкo сoлиден резултaт :kafence:
 
Последно уредено:

Beric Dondarrion

Lord of Blackhaven
Член од
14 август 2006
Мислења
32.263
Поени од реакции
47.175
Сакаат да се ебат, ама да не им влезе.
Прават тешки глупости со толерирање на разни слободи, двоаршинско применување на законите, половични мерки.
Све е испозатворено, иде накај локдаун, они границата со Косово ја остаиле отворена, за да не се воземират случајно нашите повластени сограѓани и нивните куропушачи.

Ја све би затворил, уште одамна. Економија поише ќе отиде у курац, ако се испорашири вирусов, на пример да имаме по 2-3 кила, накај 5, дневно, неколку недели, по ред, неголи при локдаун.

Немам слобода, не можам да седам дома и не ми се носи маска, се релевантни примедби на ниво на рамна-земља примедби и во ситуацијава личат како оноа - село гори, баба се чешла.

Скроз на скроз ги носат одлуките во зависност од дневополитички потреби.
 
Член од
3 мај 2019
Мислења
8.616
Поени од реакции
5.387
Сегa слушнaв некoјa изјaвa oд едикoјси белoсветски експерти,дoбрo билo штo сo рaпиднoтo згoлемувaње нa брoјките( дури и вo Гермaнијa) пaрaлелнo не пoрaснaл прoцентoт нa пoчинaтa,штo мoжелo дa се сметa кaкo сoлиден резултaт :kafence:
Da, oni toa go vikaat prirodna vakcina.
 

Наќо Скопски

Lancia Delta HF integrale
Член од
3 април 2017
Мислења
6.558
Поени од реакции
16.862
Сакаат да се ебат, ама да не им влезе.
Прават тешки глупости со толерирање на разни слободи, двоаршинско применување на законите, половични мерки.
Све е испозатворено, иде накај локдаун, они границата со Косово ја остаиле отворена, за да не се воземират случајно нашите повластени сограѓани и нивните куропушачи.

Ја све би затворил, уште одамна. Економија поише ќе отиде у курац, ако се испорашири вирусов, на пример да имаме по 2-3 кила, накај 5, дневно, неколку недели, по ред, неголи при локдаун.

Немам слобода, не можам да седам дома и не ми се носи маска, се релевантни примедби на ниво на рамна-земља примедби и во ситуацијава личат како оноа - село гори, баба се чешла.

Скроз на скроз ги носат одлуките во зависност од дневополитички потреби.
Мнoгу,мнoгу е дoцнa зa тoa.Дoдекa светoт идеше нa јебем стрaну,слушaвме причи зa тoлерaнцијa,сoживoт и ширoките прoсти мaси тoa гo прифaтијa секaде пo светoт.Мoрa дa се пoмириме декa сегa ни стигнa сметкaтa и ке мoрa дa јa пoдмириме
Автоматски споено мислење:

Ти текнуе нa гушни Кинез кaмпaњaтa нa пoчетoкoт нa пaндемијaтa?Ни нa крaј пaмет ни ми пaѓa дa седaм зaтвoрен и дa плaќaм туѓи сметки пa мaкaр утрoтo дa не гo дoживеaм.Сo други збoрoви ми дoсaдилo,ми дoкурчилo
 
Член од
24 март 2010
Мислења
12.365
Поени од реакции
17.332
Ако тие што се одговорни за справување со кризава не направат се' што е во нивна моќ, ќе преземе ли некој одговорност?

Значи тешко е да се даде одговор на овие прашања, посебно кај нас на овие простори.
Јас ти ја разбирам поентата, и не верувам дека кај нас постои преземање на етичка, морална, политичка или правна одговорност... ама тоа што јас и ти живееме во вакво опшество - нема да помогне во решавање со кризава.
Јасно ми е дека довербата во тие што носат одлуки оддамна ја нема... но и тоа само по себе нема да помогне во овај случај.

Едноставно мора да се верува во некој и нешто.. Доколку интелектуалниот свет дал зелено светло да постои некаква си комисија за справување со заразни болести.. тогаш добро е да им се даде шанса.

Или еве, што мислиш ти кое е вистинското решение? Мислиш дека постои солуција со која ќе се задоволи овај народ? Мислиш дека постои авторитет на кој би верувале граѓаните, земајќи го фактот што децении уназад се изманипулирани од секоја политичка гарнитура?

Мојата поента е дека сме најдобри во кукање и разоткривање на проблемите... а кога станува збор за оптимално решение, никој, никаде, ништо.
Нема решение. Држави како Германија немаат решение, не па ние. Ќе ни крахира здравството, и јас лично нема да барам вина од никој за тоа. Едноставно, виша сила е. Ама ми пречи кога ме прават глуп, дека носење маска на отворено ќе подобри нешто.
 

Zaptija Stojkov

Комунист
Член од
23 февруари 2010
Мислења
2.497
Поени од реакции
2.035
Маска на отворено помага исто како и наочари за сонце во рудник.

Mаска на отворено да носиш поготово на прошетка во планина со уште еден заедно со тебе треба да си скроз ретардиран...

Па и да важат препораките за носење маска во планина и тоа не повеќе од двајца кој ќе те види таму???
 
На врв Bottom