Коронавирус (COVID-19) - Општа дискусија

  • Креатор на темата Креатор на темата A__
  • Време на започнување Време на започнување
Средногодишен маж, мажиште, животниот век е 70-75 год.
Животов е на кој како ке му биде прднато. Тие со повеќе среќа буткаат до старост, некои предвреме
Шо знам, мене ме имаат научено дека 40-45 години е периодот на средновечноста. Може се смениле работите, па после 45-та година од животот луѓето се веќе во длабока старост. :vrtioci:
 
Кoвид 19 е лoтaријa зa нaс a енигмa зa експертите.
Прав си,но некако ги заборавивме пострашните лотарии како карциноми,инфаркти и сл. со страшилиштево од болест која сите што ги познавам со песна ја поминаа.
Па уште коа ќе ја прочитаам онаа форум-докторкана дека тоа бил нечиј татко/брат/мајка (ватевр) синки овие другиве што умираат не се...
Лицемерие до бесвест!



Sent from my SM-G975U using Tapatalk
 
Прав си,но некако ги заборавивме пострашните лотарии како карциноми,инфаркти и сл. со страшилиштево од болест која сите што ги познавам со песна ја поминаа.
Па уште коа ќе ја прочитаам онаа форум-докторкана дека тоа бил нечиј татко/брат/мајка (ватевр) синки овие другиве што умираат не се...
Лицемерие до бесвест!

Шо е муабетов? Ги враќаат назад лицата со кацином или инфаркти? Не ги примаат во болница?
 
Прав си,но некако ги заборавивме пострашните лотарии како карциноми,инфаркти и сл. со страшилиштево од болест која сите што ги познавам со песна ја поминаа.
Па уште коа ќе ја прочитаам онаа форум-докторкана дека тоа бил нечиј татко/брат/мајка (ватевр) синки овие другиве што умираат не се...
Лицемерие до бесвест!



Sent from my SM-G975U using Tapatalk
Карциномот и инфарктот не се инфективни болести и не се пренесуваат аерокапково.

Инаку тоа е индивидуално. За некој Ковид 19 може да заврши фатално, а инфаркт да преживее. И обратно.
 
Шо е муабетов? Ги враќаат назад лицата со кацином или инфаркти? Не ги примаат во болница?
Лично знам човек што почина од удар во корона кризава,нејкеле без тест да го примат.Ќерка му јавно на фејсбук пишуваше за тоа.
Него не ми е тоа муабетот,мислев на моментот дека коа веќе сум преплашен за мојот живот (и најблиските) 100 пати повеќе треба да ме плаши карцином,инфаркт и сл. отколку коронава.
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: A__
Шо е муабетов? Ги враќаат назад лицата со кацином или инфаркти? Не ги примаат во болница?
На познајник мајка му почина од карцином, буквално ја извадиле од болница и и рекле „толку ти е тебе“. Точно овие зборови од докторката.
Е сега познајников е финансиски многу слаб и не биле подмирени некои сметки мислам или нешо така.
И некои средно јаки врски пробале да се фатат, џабе.
 
Карциномот и инфарктот не се инфективни болести и не се пренесуваат аерокапково.

Инаку тоа е индивидуално. За некој Ковид 19 може да заврши фатално, а инфаркт да преживее. И обратно.
Индивидуално е да,ама колкави се шансите да преживееш од корона,а колкави од удар?
Автоматски споено мислење:

Кога направи Кина 80 кила случаи, се трескавме од земја. САД само денес имаше толку нови.
Секој здраворазумен човек треба да стаи прст на чело и да размисли околу валидноста на тестовиве.
 
Индивидуално е да,ама колкави се шансите да преживееш од корона,а колкави од удар?
Акцентот го ставам на контагиозноста. Сакам да кажам, ти сам може да влијаеш на превенцијата кај Ковид - 19.

Кај инфаркт и мозочен удар да речиме, можеш само до одреден степен да влијаеш на т.н. модифицирачки фактори (пушење, дебелина, алкохол, притисок, дијабет), но не и на немодифицирачките фактори (генетска предиспозиција, пол, возраст).
 
Амди Бајрам рикнал од Коронова или фејк њуз е?

Најверојатно не е фејк њуз:
 
Најверојатно не е фејк њуз:
Нели правеше свадба во Турција пред недела дена?

Инаку, вистина е, починал.
 
Вчера се запознав и разговарав со докторка од примарно здравство (матичен лекар) која навистина си ја сака рабтата, жена во години, од Куманово. Нејзиниот сопруг е хирург во болницата во Куманово, колега на скоро почитатиот доктор. Кумановци можеби и знаат за која фамилија станува збор.
Не се рекла-кажала муабети, очи во очи дискутиравме околу ситуацијата со Ковид. Случајно се запознавме на една плажа, не е важно....ние фамилијарно отидени, они исто.
Разговорот не се одвиваше во било какво ширење паника и слично, ми ја опиша реалната слика во нашата држава гледана низ призмата на еден матичен лекар.

Првенствено што ми кажа беше дека бројот на официјално регистрирани е многу помал од реалниот (поради немање термини за тестирање). Истата активно во моментот води 18 активни регистрирани пациенти, додека околу 60 се нерегистрирани односно пациенти кои не успеале да се тестираат, поради пребукираноста на Мој Термин.
На оние пациенти на кои не успева да им закаже тестирање, им вршела лабараториска анализа на Д-Димери, РТГ на бели дробови и секако им препишувала терапија за Ковид односно Сумамед две дози и останато....под постојан телефонски контакт, контрола во нивните домови секојдневно преслушување и останато по потреба....секако по истекот на нејзиното раб. време (за кое вели дека повеќе не постои, туку е постојано).

Ја прашав дали воопшто ќе бидат тестирани пациентите (кои не се регистрирани) за кои немало термин. Ми одговори не, доколку нивната состојба се подобрува и доколку лабараториските контроли покажуваат позитивен резултат. Така да тие оздравуваат но не се воопшто евидентирани, и покрај тоа што сите останати анализи (д-димери, рентген и сл.) се поклопуваат строго со Ковид, не друга болест (настинка, грип, ангина или останато). Сето ова била јавна тајна во здравството, мислеше на Инфективни клиники, Министерство и слично....кои им велеле на матичните лекари продолжете како што работите....нема друго чаре.

Истата докторка имала неколку случаи каде што не можела телефонски да ги исконтактира од Инфективна во Скопје, за лица со влошена клиничка слика, за кои била неопходна хоспитализација. Едноставно не можела да издејствува истите да бидат транспорортирани и хоспитализирани во Скопје. Имала и загубано пациенти поради ненавремена хоспитализација, не од вина на пациентот (како што обично кажуваат на вести, дека касно се јавиле на лекар), туку од катастрофалната организација во здравствениот систем. Исто така имала и позитивен случај на млад пациент, кој се вратил од респиратор и сега е во добра здравствена состојба.
Нагласи дека е премногу тешко да се најде место во Скопје за хоспитализација, веќе дури и речиси невозможно. Тестирање едвај, разочарана со солзи во очите кажа "не можам да ги тестирам....повеќе нема термини никаде".
Работи максимално, вчера имала замена па го искористи денот за да дојде до здив....во меѓувреме телефонот и звонеше на секој 15 минути од пациенти.
Исто така ми кажа дека оваа слика е во сите градови низ Македонија, секако и Скопје но сеуште не до толкава мера како помалите места.
Заклучив дека примарното здравство во ситуацијава не е воопшто за потценување....напротив особено сега треба многу да го цениме и почитуваме.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom