... пет грешки кои комисијата за заразни болести, заедно со ДИК не смееле да ги одредат и прифатат како безбедоносен протокол за гласање на избори време на пандемија со коронавирус,
-прво, гласањето треба задолжително да биде на отворен простор, било училишен двор, било на стадион, било во парк, било на пазар, важно над гласачката кутија и присутните (изборна комисија и гласачи) да биде саде небо и бесконечен чист воздух,
-второ, личната карта или пасошот на гласачот треба да биде во проѕирно најлонско кесе за да нема директен контакт на раката од членот од изборната комисија кој ќе ја гледа личната карта (пасошот), оти раката со ракавици на членот за идентификација од изборна комисија во тој ден поминале безброј лични карти од разни раце, тој е заштитен оти носи ракавици, но гласачот не е со вратена и можна „контаминирана лична карта“,
-трето, линијата до каде треба да застане гласачот џабе е едно метро одалечено од масата на изборната комисија, кога истиот треба да се наведне над списокот за да се потпише што се доближуваат со членот од изборната комисија одговорен за потпис на изборниот список, а гласачот може само да се преврти кон масата, оти ќе гласат луѓе кои не можат да направат толкав распон од нозете и раката до местото за потпис (реконструкцијата како би се гласало се со млади гласачи кои истите одвај се наведнуваат, а не пак постари гласачи или ниски гласачи),
- четврто, ако гласачот дојде на гласање со заштитна маска, влегува во објектот, поминува и чека во ходник (доколку има потреба), влегува во просторијата каде се гласа и застанува до членот од изборната комисија за идентификација, гласачот ја тргнува „ за момент“ заштитната маска од своето лице, за да „го видат“ и потоа пак си ја става заштитната маска?
мислам ејјј, да се вреѓаме ли сега, да кажеме вулгарни зборови? па со кој памет би симнала маска која цело време ја носам? има смисла тогаш воопшто носењето на заштитната маска?
кога немаат поверение кој е гласачот, тогаш и ние ќе немаме поверение кои се тие во изборната комисија може се фалс поставени? и тогаш по инерција на нештата ќе побараме и ние идентификација на членот од изборната комисија да видиме дали тој истиот е соодветен одговорен за нашата изборна единица, па нека ја тргне и тој заштитната маска за да видиме дали одговара на ликот на беџот што го носи, нели?
- петто, како ќе се одреди прегледот и прскањето на палецот, ако гласачот носи ракавици? ќе ги извади, ќе го „светнат“ ќе го испрскат и потоа пак ќе ги стави ракавиците?
или со ножици да го исечеме само палецот од ракавицата и така да ги ставиме на рака со еден „скинат“ палец?
и на крај после завршеното гласање, треба да се земе личната карта, ако била завиткана едноставно се фрла најлонот во која беше, а вака без најлон како? под тие ракавици на членот од изборна комисја поминале илјада и повеќе гласачи што ги фатил личните карти, и сега од толку раце таа лична карта така да ја земам и да ја ставам во џеб, ако не е внесена во некој заштитен проѕирен најлон?
секој гласач треба да биде со заштитни средства на себе се дезинфицира и така влегува во стерилна зона со комплет заштитни средства ја врши својата граѓанска должност излегува од просторијата и фрла ракавици, маска и си заминува!
... ДИК гарантира безбедност врз база на протокол од комисија за заразни болести која богами како „мали децИ“ си игра -тури вади заштитни маски, коронавирусот има кочница, па „ќе застане“ или „ќе се умори“ кога ќе ја извадиме маската да не видат дали сме тие, а утре може да тие веќе не сме ние, кој не врти?
... карванот ќе си врви!