Коронавирус (COVID-19) - Општа дискусија

Член од
17 август 2011
Мислења
10.209
Поени од реакции
18.127
Не ти здосади? Секој случај како у сахара за вода се бориш да го демантираш и да ја изрелеативизираш опасноста од вирусов.

Ти не ни ги знаеш механизмите на вирусот и како истиот драстично ги интензивира постоечките хронични болести, па затоа совет би бил да не пробуваш на секој пост да негираш. Сега на стар човек со срцева болест маска да му ставиш како пример без корона, може да се угуши од недостатокот на кислород, до толку се ранливи, исто важи за постарите и гојазните лица со дијабет, и висок притисок (50% + од популацијата)

Ако не си видел, или осетил на своја кожа прескокни мкслење. Знаеме, местат и фори прават, ок е.
Тебе не ти здосади да паметуваш тука? Да те потсетам дека ги правеше луди луѓето коа ти викаа дека све живо се регистрира за корона, па даваше некој стручни медицински мислења , за на крај да те демантира Караџовски?
 
Член од
17 јануари 2019
Мислења
3.439
Поени од реакции
7.725
Читаш ли пред да напишеш нешто или мелеш само. 16 дена била таму, кое појавување со роднини истиот ден? Да имале пари да ја однесат у Систина веројатно жива би била сеа.
Еве нека била 16 дена таму, во Систина не примаат ковид пациенти на лечење. А ти што очекуваш, жена во години да ја излечат од Корона со такви проблеми на бубрезите... Веројатно ќе била жива :pos:

Ќе била жива да не оделе по Ифтар нејзините роднини...

Лекарите се криви :pos:
 
Член од
8 февруари 2020
Мислења
5.244
Поени од реакции
7.605

Минатата година од јануари до јуни починале 9.249, а оваа година до јуни починале 6.510 што е скоро за 30 проценти помалку. :toe:

@teneke освен што помалку се возеа коли, знаеш што друго помалку се правеше ... помалку луѓе идеа по доктори,повеќе почнаа да посветуваат внимание на здравјето.
Како и да е, 30% помалку во време на пандемија, мора да се признае дека мерките во МКД успешни биле и очекувам другиот бран повторно да се воведат.
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: ski

Psyside

Nocturnal
Член од
30 јануари 2009
Мислења
18.737
Поени од реакции
18.482
Тебе не ти здосади да паметуваш тука? Да те потсетам дека ги правеше луди луѓето коа ти викаа дека све живо се регистрира за корона, па даваше некој стручни медицински мислења , за на крај да те демантира Караџовски?
Ништо не демантирал Караџовски, мојот коментар беше за тој период, ако полисите се сменети специфично за корона тоа е скроз друг муабет, глобално така се врши обдукција во грото од ситуации, отвори Google ако не веруваш и информирај се.
 
Член од
5 март 2018
Мислења
16.284
Поени од реакции
18.461
Море @kano колку јако се справија Австралијциве со Коронава :pos:

Шо гомна изеде за карантиниве во Македонија, сега и војска и каратин во Мелбурн.

А не се справија ? 5 милиони е скоро Мелбурн и имаат помалку заразени од кај нас на дневна база, си реагираат сега со време, не оставаат на случајност ништо.
Кај нас под 100 не се спушта бројката и све си функционира како да нема вирус.
 
Член од
12 март 2009
Мислења
20.110
Поени од реакции
16.246

Минатата година од јануари до јуни починале 9.249, а оваа година до јуни починале 6.510 што е скоро за 30 проценти помалку. :toe:

@teneke освен што помалку се возеа коли, знаеш што друго помалку се правеше ... помалку луѓе идеа по доктори,повеќе почнаа да посветуваат внимание на здравјето.
Како и да е, 30% помалку во време на пандемија, мора да се признае дека мерките во МКД успешни биле и очекувам другиот бран повторно да се воведат.
го пишав тоа пред неколку дена... што повеќе одиш на доктор, повеќе болести се откриваат, исто и кола ако носиш повеќе на мајстор, повеќе кварови се наоѓаат...всушност има и некој адреналински фактор, да се потиснуват другите болести , сега, поради пандемијата и хаосот... па во ВВ„ нели имаше марш на Игман, ранетите машрираа боси на -40 и гајле немаа...
 
Не би рекол дека е во откривањето / дијагнозите (иако и тука има многу грешки), туку во начинот на справување, третирање.

А зимно време, пробај со голи нозе во снег, постои некоја минута, после влези внатре и како препороден ќе си.
 
Член од
19 септември 2009
Мислења
5.081
Поени од реакции
4.932

Минатата година од јануари до јуни починале 9.249, а оваа година до јуни починале 6.510 што е скоро за 30 проценти помалку. :toe:

@teneke освен што помалку се возеа коли, знаеш што друго помалку се правеше ... помалку луѓе идеа по доктори,повеќе почнаа да посветуваат внимание на здравјето.
Како и да е, 30% помалку во време на пандемија, мора да се признае дека мерките во МКД успешни биле и очекувам другиот бран повторно да се воведат.
Сега излегува дека Вело Марковски од гостувањето на алфа дека е во право кога велеше дека луѓе починуваат секоја година и според статистиката ке се види колку бил опасен овој вирус.
Според некои тука аналитичари како тенеке Вело беше сомпрегазено време и ни се закануваше апокалипса на државно ниво демек сите ке умреме бидејќи не поштуеме мерки и препораки, али статистички нешто не штима, а истата кажува дека ние место да испоумреме како што кажуваше тенеке и слични на него, ние дури сме намалиле смртност за 30%, на што се убацува тенеке вели дека немало сообраќај па ради тоа, да имало сообраќај 3000 луѓе минимум ке погинале.

заебанција на страна, да ми објасни некој стручњак од овде како тоа имаме намалена смрност за 30% , а требаше да испоумреме.?
 
Mr.Deni

Животна грешка си ми ти...
Член од
4 мај 2007
Мислења
3.516
Поени од реакции
2.652
Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 954 тестирања, а регистрирани се 120 нови случаи на ковид-19 и тоа во

Скопје-64, Куманово-4, Дебар-4, Штип-2, Прилеп-2, Тетово-14, Струга-5, Битола-3, Охрид-7, Гостивар-2, Македонски Брод-1, Свети Николе-2, Кичево-5 и во Ресен-5.

Во ГОБ „8 Септември“ починати се 4 лица од Скопје на возраст од 51, 56, 58 и 67 години.

Направените 954 теста се преку: ИЈЗ –232, ЦЈЗ Скопје-0, Авицена –109, Биотек –130, МАНУ -110, Жан Митрев (Филип Втори) -203, Судска медицина-17, Систина со PCR метода -109, ЦЈЗ Битола-43, лаборатории од странство-1.
Досега во земјата се направени вкупно 61.727 тестирања на ковид -19, а денеска нема тестирања во рамките на скринингот.
На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 6 пациенти. Вкупно се хоспитализирани 91 пациенти. На кислородна поддршка се 44 пациенти, нема пациенти на механичка вентилација.

Во болницата во Козле се хоспитализирани 24 возрасни пациенти позитивни на ковид-19, две деца позитивни и пет со симптоми на вирусот.

Во ГОБ „8 Септември“ примени се 8 нови, вкупно хоспитализирани се 131 пациенти, а на респираторна машина се 10 пациенти.
Во болницата во Битола се хоспитализирани 38, додека во болницата во Штип се хоспитализирани 35 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово и Прилеп се хоспитализирани 85 пациенти - позитивни и сомнителни на ковид-19.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 123 оздравени пациенти од кои во Скопје-17, Куманово-92, Штип-2, Прилеп-1, Тетово-4, Велес-1, Кичево-1 и во Ресен-5.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 6.454, бројката на оздравени пациенти е 2.598, на починати е 306, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3.550.
 
Член од
8 февруари 2020
Мислења
5.244
Поени од реакции
7.605
Сега излегува дека Вело Марковски од гостувањето на алфа дека е во право кога велеше дека луѓе починуваат секоја година и според статистиката ке се види колку бил опасен овој вирус.
Според некои тука аналитичари како тенеке Вело беше сомпрегазено време и ни се закануваше апокалипса на државно ниво демек сите ке умреме бидејќи не поштуеме мерки и препораки, али статистички нешто не штима, а истата кажува дека ние место да испоумреме како што кажуваше тенеке и слични на него, ние дури сме намалиле смртност за 30%, на што се убацува тенеке вели дека немало сообраќај па ради тоа, да имало сообраќај 3000 луѓе минимум ке погинале.

заебанција на страна, да ми објасни некој стручњак од овде како тоа имаме намалена смрност за 30% , а требаше да испоумреме.?
За сега бројките не се на страната на "верниците", ама со вториот бран очекувам дека ќе бидат, а причините кои ќе се, тоa нема да е битно. За сега оправдување немаат, а за понатака нема ни да им требаат.

За сообраќајот дека е намален па со тоа и помал број жртви точно е, ама бројките пак многу се разликуваат. Јбг бројки, зезната работа, затоа Бил Гејтс ја препорачува и се слика со книгата: како да лажеш со статистика :cool:
1593610062585.png
 
Mr.Deni

Животна грешка си ми ти...
Член од
4 мај 2007
Мислења
3.516
Поени од реакции
2.652
Чаир за еден ден има 19 нови активни случаи на ковид-19, Карпош 13
Во скопските општини бројот на активни случаи на ковид-19 секојдневно се зголемува, но Чаир останува на врвот на листата со 454 случаи, или 19 повеќе од вчера, а следат Гази Баба и Бутел. Денеска Карпош го надмина Аеродром и се најде на четврто место на листата.

Листата на активни случаи во скопските општини денеска е следна:

Чаир – 454
Гази Баба - 185
Бутел - 173
Карпош – 170
Аеродром - 166
Сарај – 163
Центар – 152
Кисела Вода – 119
Ѓорче Петров – 118
Студеничани – 111
Шуто Оризари – 87
Арачиново – 52
Илинден – 33
Чучер Сандево – 21
Петровец – 19
Сопиште – 13
Зелениково - 4
Странец – 2
Нераспределен - 7
 
Член од
6 април 2010
Мислења
1.578
Поени од реакции
10.589
Ти освен критики, критики, кукање, цимолење ништо друго немаш напишано, дежурен критичар. Ко некоја жена си.
Во тој постот каде ме опишуваш, сам си постави прашања ЗАШТО да спасиме, БЕЗ да дадеш одговор како, дали е воопшто возможно да ги спасиш и КОЈА Е ЦЕНАТА за тоа.
Ама како што те знаат, само долги постови полни само со критики и жалопојки, некое мислење како, што, зашто, никогаш немаш напишано. Обожаваш други (сдс-дпне, политичари, здравство) да обвинуваш за очајната состојба во која сме, ама немој случајно некој предлог. Плачипи*ка ги викаме таквите.

Врска муабетот со образованиот Вучјак (за разлика од тебе) можеш и мојот нареден пост да го споделиш па некој може ќе одговори, зашто теорија во пракса не функционира:

Ти секако нема ни да сфатиш.

Доктори од цел свет, со долгогодишно искуство и пристап до секакви ресурси кажуваат не ни е сеуште целосно јасен човечкиот имунитетен систем, ама битно вие од Вики.. сте ербап.
Јас од 2010 читам за човечкото тело и што .... што е битно колку години и колку страни прочитани, кога резултати се битни. Ич К не ми чуе дал си учел 10 години или прочитал 2000 страни, ако во пракса немаш резултати или поткрепено објаснување. Кога прашуваат за доктори, прашуваат колку животи спасиле, а не колку време и што учеле.

А Емка кутрата, до вчера едно верглаше, за после да го спомнува стресот како причинител бр.1 за дисбаланс и да ја воспева важноста на исхраната. Битно нешто сфатила и применува, тоа што сака да биде дел од групата комичари, личен избор, не земам за зло. Емке имаш копче игнор, не си го мачи мозокот да ме читаш, а демократијава (каква таква) за брзо време ќе ја снема од нашите животи.

Реалноста е дека цело време следите препораки од системот, од друга страна не пропуштате да го критикувате и се поголем % на заболени. Пишувате до детали, 30 год. како не ебава системот, ама богохулие ако не веруваш во системот. Исти како религиозните фанатици, со кои се исмејувате.
Секој со свој памет, ама осеќам следен бран пак ќе почнете да офкате, со тоа што, тогаш бројките на заболени и починати ќе се на ваша страна. Како што кажа докторката од Куманово, за вирусот единствено што е потврдено, е дека нема правила. Наука без правила, сигурно дава позитивни резултатите. Седете дома, носете маски насекаде, бидете под стрес,чекајте ја вакцината, т.е. правете се она што ви носи позитивни резултати.

Тролејбусот проба со таа религиозната видеото да се исмејува, а после да кажува дека до ова дереџе сме поради 30годишно катастрофално управување, ама морало да се верува на препораките и мерките на тој корумпиран систем. Или иако пцуете по тоа што носат вакцини со сомнително потекло, што во нив има делови од човечки абортирани фетуси, без доказ дека е запазен начинот на кој се транспортираат, без да прават анализи дали детето има некое жариште, гајле ви е, нека ги примаат, ама ние што одбиваме такво нешто да примиме, сме биле глупите. Лудило.

За тие што ги интересираат бројки, другите слободно прескокнете:

Ау, како сум го прескокнал ова ремек дело. Па ти тотално си одлепил човече, за вирусот можда ќе се најде лек, вакцина, ама за твојава дијагноза тешка работа. Сочувствувам со тебе, навистина.

Шо имаш ти бе против жените?
Па моите постови имаат барем некаква содржина, поента, си велам оти некој ги чита, па макар биле долги. Ти и твоите медицински експертизи сте на ниво на Иван Исцелител. Оди најди кај мене еден пост кај што се брукам како тебе, зборувам за науки како инфектологија, патологија, епидемиологија, имунологија...ги сведувам на ниво на интернет разонода како ти.
Па уште со сиот ум зборува за пракса, релативизира нечие знаење, на луѓе што цел живот го посветиле на некоја од овие науки, не се излезени од лабораторија, овој кловн форумски го рамни неговото интернетско "знаење" со нечие стручно. Па уште вика пракса, резултати...ко тој во слободно време органи да трансплантира.

Па јас бе не се осмелувам ни да почнам да зборувам за овие работи, не за друго, оти знам колку се комплексни. Четири години учев средно медицинско, после уште една година волонтирав и запишав сосем друг факултет, баш оти ми е јасно што претствавува медицината. Лани три месеца поминав на обука во Германија за медицински техничар, сега ќе бев таму да не букнеше кризава. Па ме гледаш мене да серам овде за работи што ни на топ експерти со светско реноме не му се јасни?

И да, она што можам да го направам е да дадам критика кон општеството и политиката за тоа како се справува со ситуацијата, мислење, став. Има луѓе компетентни да бараат решенија за овие работи и за тоа земаат плата. Твоето решение е на ниво на др. Менгеле, стари, болни, сакати нека умрат од старт, оти на некоја будала таму му било тешко да носи маска, да измие раце и да држи троа растојание кога чека во ред.
 
Диле Јоргачев

Одделение за заштита на народот
Член од
3 април 2017
Мислења
8.693
Поени од реакции
28.203
Читаш ли пред да напишеш нешто или мелеш само. 16 дена била таму, кое појавување со роднини истиот ден? Да имале пари да ја однесат у Систина веројатно жива би била сеа.
Еве сега на вести кажаа за инцидентот у Воена,значи ако е точно ова треба да ги стрелаат на плоштад.Докторката им кажала дека починала мајка им,а тие запнале да ја земат така у кола сами почината.Кога им кажала дека ке ја погребаат според протокол за ковид 19,извадиле оружје и се собрале како кучиња у чопор.Па уште едниот бил заболен.Само стрелање бајо мој за овие.За они да ја погребаат по муслимански обичаи колку луѓе ставиле во опасност?
 
Член од
15 јануари 2008
Мислења
5.041
Поени од реакции
12.032
Сега излегува дека Вело Марковски од гостувањето на алфа дека е во право кога велеше дека луѓе починуваат секоја година и според статистиката ке се види колку бил опасен овој вирус.
Според некои тука аналитичари како тенеке Вело беше сомпрегазено време и ни се закануваше апокалипса на државно ниво демек сите ке умреме бидејќи не поштуеме мерки и препораки, али статистички нешто не штима, а истата кажува дека ние место да испоумреме како што кажуваше тенеке и слични на него, ние дури сме намалиле смртност за 30%, на што се убацува тенеке вели дека немало сообраќај па ради тоа, да имало сообраќај 3000 луѓе минимум ке погинале.

заебанција на страна, да ми објасни некој стручњак од овде како тоа имаме намалена смрност за 30% , а требаше да испоумреме.?
Ти си сериозен со прашањето? Ние дебатираме колку е девијација на објавени заболени и реални случаеви а ти гледаш статистика за починати? Мислиш дека некој ја ажурира во целата ситуација?
Бројкиве немаат никаква логика. Имаш 300 починати од корона, уште не знам колку заради последица од немање соодветна грижа за хронични болни поради корона и сериозно ја зимате бројката од некоја статистика?
Во моментов тие бројки се тотално неточни и невалидни.
 
Член од
16 мај 2010
Мислења
6.268
Поени од реакции
5.514
Јас знам, братучед ми е во Словачка, работи со МК пасош и работна виза, ама нема намера да се враќа, барем засега ... така што дали би го пуштиле назад ак одојде во МК на некоја недела? Би требало работната виза да функционира за влез во Словачка, ама кој знае како ќе помине на унгарска граница, на пример?
Можеш граници да проаѓаш транзит никој не смее да те заклучи 14 дена ако идеш транзит. За Словачка нека си шрсшс само дали може без карантин

Sent from my SM-A705FN using Tapatalk
 
Kajgana Shop

На врв Bottom