Коронавирус (COVID-19) - Општа дискусија

Anon

/b/ House /b/
Член од
13 декември 2007
Мислења
16.737
Поени од реакции
27.730
ја би ги казнил само затоа што се обидуваат да прикажат дека има двојни аршини во државава, во која им се дозволува на Албанците да прават што сакаат
Можеле да најдат друг начин кој не вклучува тролање џандари.
„па не знам дали ги имаме, па би требало да ги имаме потврдите, а штоооо ќе не апситееее??? па не е од девет полицискиот????“
 
Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
45.187
Поени од реакции
84.060
Можеле да најдат друг начин кој не вклучува тролање џандари.
„па не знам дали ги имаме, па би требало да ги имаме потврдите, а штоооо ќе не апситееее??? па не е од девет полицискиот????“
сериозен си?
на два метра од овој муабет алкаеда има дуќан со муштерии
 
Член од
20 април 2012
Мислења
3.678
Поени од реакции
9.692
Станува контрадикторно ова, тие што одат на работа се жалаат оти одат во вакви услови, тие што не одат пак страв му е за пари што ќе прават.

Пробувам да ги разберам сите, во крајна линија пред една недела го објавив видеото со Министерот за здравство на Германија, тој рече дека мора да почни да се работи затоа што за добро здравство треба и добра економија.

Инаку да од дома работам, и претходно од дома работев, фреленсер сум, така да мене исто ми дојде ова со карантинов.

Јас коментирав само за твојот сарказам за полицискиот час, затоа што пред него, вечерни журки по бензиски и на водно си правеа.
Па затоа и ти кажав дека не можеш да сватиш дека работиш од дома.За нас кои не сме затворени во стаклено звоно меркиве ни немаат никаква логика.Никој не не праша дали ни е страв и дали имаме стари родители дома.Значи цело време работниците ризиковаат одат на работа,арно ама за Велигден 3 дена во карантин!:cautious:Од друга страна е економската пандемија многу пострашна.Еве во комшии брачен пар со две деца останаа без работа и сега?Дали можиш да сватиш во каква ситуација се многу љуѓе во државава?
 
Член од
16 декември 2011
Мислења
86
Поени од реакции
175
Ете ќе ги отворат кафаните и кладилниците можите мирно да спиете и да се вратите на животот наречен мизерија :D
Мизерија па мизерија, знаеш ли воопшто што означува тој збор?
Имено, тој означува екстремно патење, тага и жал, и/или состојба која ги предизвикува овие емоции.

Што е најстрашно, ти социјалните контакти ги подведуваш под заеднички именител со мизерија?!? :confused:

Свесна ли си ти воопшто дека човекот е социјално битие како и сите други примати кои живеат во групи и тешко можат да опстанат надвор од нив подолг временски период, спротивно на оние животинки кои целиот живот можат да го поминат во осаменост (и уживаат во тоа) ?

Зошто на врв на јазик и на тебе и на другите веднаш ви се кафаните и обложувалниците, не размислувате дека се затворени и театрите, кината, дискотеките, а да не зборуваме за концертите и спортските настани. Токму овие (и некои други) случувања, во голема мера, зависат од интеракцијата на луѓето кои присуствуваат на нив, без разлика дали ги познаваме или не.
И секако дека има исклучоци, само не можам да сфатам како кога ќе се спомене социјален живот, тоа веднаш ви алудира (на некои тука, што очигледно го немаат, зошто инаку не би го разбирале и поистоветувале со мизерија) на биртија, на пијанчење, тепачки, омраза, дегутантност...
Уште малку социјалниов живот од што е мизерен ќе почне да предизвикува и изумирање на пингвините на Антарктикот...

Како впрочем може да се оправда седењето дома на децата, од оние во градинките, кои единствено таму осознаваат одредени работи за животот за првпат одвоени од семејствата, до оние во училиштата, изгубените спомени (и убави и не толку прекрасни, секако), неможноста да се прослават матури или други настани или барем да се поминат последните училишни денови заедно.
Е тој дел од социјалниот живот, чиј голем (или најголем) дел е гореспоменатото им недостасува на грото од луѓето.

Инаку, кога сме кај зборот мизерија, тој може да означува и беда и/или сиромаштија, па вистинската мизерија во таа смисла тек следи...

И кога сме веќе тука, не ни помислувај на онлајн концерти, филмови и слични нео-форми на социјализирање, затоа што кога некои од најтешко погодените од нас ќе немаат средства да ја платат сметката за интернет и телефон, ќе мораат во истиот момент и без одлагање, колку и да сакаат или не да заборават на секаков вид контакти со оние што ги знаат и со она што ги интересира за одреден (подолг) период, зошто нели следат нови бранови, нови затегнувања на мерките, во природата не демнат нови поопасни, напредни предатори...:нинџ:

Јас, искрено, поддржувам мало вртење и пренасочување кон себеси, кое некои од нас и го направија во овој период, навистина во некој период од животот сите имаме потреба да останеме сами и да преразгледаме и преосмислиме некои есенцијални работи.

Како и да е, на некој начин, еднаш ќе мораме да се вратиме во животот, оној колективниот, така што овие мерки, апсолутно, и не се толку проблем ако застанат сега, или еве на есен, проблем е што мораме да го прифатиме "новото нормално"...
 
Anon

/b/ House /b/
Член од
13 декември 2007
Мислења
16.737
Поени од реакции
27.730
од кој?
од страна на овие сироти цајкани кои се безмилосно тролани од кауриве?
Сите 3 засегнати страни треба да се казнат, од соодветните луѓе :)
 
Член од
5 март 2018
Мислења
16.662
Поени од реакции
18.914
Мизерија па мизерија, знаеш ли воопшто што означува тој збор?
Имено, тој означува екстремно патење, тага и жал, и/или состојба која ги предизвикува овие емоции.

Што е најстрашно, ти социјалните контакти ги подведуваш под заеднички именител со мизерија?!? :confused:

Свесна ли си ти воопшто дека човекот е социјално битие како и сите други примати кои живеат во групи и тешко можат да опстанат надвор од нив подолг временски период, спротивно на оние животинки кои целиот живот можат да го поминат во осаменост (и уживаат во тоа) ?

Зошто на врв на јазик и на тебе и на другите веднаш ви се кафаните и обложувалниците, не размислувате дека се затворени и театрите, кината, дискотеките, а да не зборуваме за концертите и спортските настани. Токму овие (и некои други) случувања, во голема мера, зависат од интеракцијата на луѓето кои присуствуваат на нив, без разлика дали ги познаваме или не.
И секако дека има исклучоци, само не можам да сфатам како кога ќе се спомене социјален живот, тоа веднаш ви алудира (на некои тука, што очигледно го немаат, зошто инаку не би го разбирале и поистоветувале со мизерија) на биртија, на пијанчење, тепачки, омраза, дегутантност...
Уште малку социјалниов живот од што е мизерен ќе почне да предизвикува и изумирање на пингвините на Антарктикот...

Како впрочем може да се оправда седењето дома на децата, од оние во градинките, кои единствено таму осознаваат одредени работи за животот за првпат одвоени од семејствата, до оние во училиштата, изгубените спомени (и убави и не толку прекрасни, секако), неможноста да се прослават матури или други настани или барем да се поминат последните училишни денови заедно.
Е тој дел од социјалниот живот, чиј голем (или најголем) дел е гореспоменатото им недостасува на грото од луѓето.

Инаку, кога сме кај зборот мизерија, тој може да означува и беда и/или сиромаштија, па вистинската мизерија во таа смисла тек следи...

И кога сме веќе тука, не ни помислувај на онлајн концерти, филмови и слично нео-форми на социјализирање, затоа што кога некои од најтешко погодените од нас ќе немаат средства да ја платат сметката за интернет и телефон, ќе мораат во истиот момент и без одлагање, колку и да сакаат или не да заборават на секаков вид контакти со оние што ги знаат и со она што ги интересира за одреден (подолг) период, зошто нели следат нови бранови, нови затегнувања на мерките, во природата не демнат нови поопасни, напредни предатори...:нинџ:

Јас, искрено, поддржувам мало вртење и пренасочување кон себеси, кое некои од нас и го направија во овој период, навистина во некој период од животот сите имаме потреба да останеме сами и да преразгледаме и преосмислиме некои есенцијални работи.

Како и да е, на некој начин, еднаш ќе мораме да се вратиме во животот, оној колективниот, така што овие мерки, апсолутно, и не се толку проблем ако застанат сега, или еве на есен, проблем е што мораме да го прифатиме "новото нормално"...
Јас не видов нигдее ама баш нигде некој да се пожали дека библиотеките и кината се затворени,затоа и сме таму кај шо сме.
 
Член од
18 јули 2018
Мислења
1.068
Поени од реакции
4.260
Друже со кого бе хигиена и маски? Со луѓе што со цел памет планираат да протестираат против мерка која е имплементирана токму поради нивното неразбирање? Со луѓе кои веруваат дека 5г антените ширеле Ковид? Незнам што не е јасно, полицискиот час е воведен за народ токму како што живее тука. Па уште примери со други држави некој прави :pos:
Како го кажуваш ова, мислиш нашиве изгубени случаи ги раширија тие теории. Нормално дека ќе се прават споредби со други држави, 90 и кусур посто се иста багра, што веруваат во истите глупости и си се инспирирација едни на други.
Мерката за носење маски не е воведена заради нив, туку е еден од најлесните начини за заштита од респираторни заболувања како КОВИД, сезонски грип, бактериски инфекции на респираторниот систем и слично. Не за џабе истото секогаш го практикуваат Кинезите, Корејците и Јапонците.

Полицискиот час е воведен заради мизерната состојба на здравствениот систем, за да не крахира целосно истиот и да повлече милион други проблеми, па да крахира и целото општество.

Дојде време и кај нас да се направат такви собиранки на дегенерици, со тоа што нема да има ни приближно толку присутни како во други држави. Еве неколку примери за чипирани идиоти кои во секој дел од светов потекнуваат од истиот ков:

B

Beginner

Гостин
Американците ни се озбилна конкуренција и другиве не се нешто подобри ама видете ги америте бе . Може ги имаат најдобрите факултети и не се сите вакви ретардирани како на видеото ама кога ќе го видиш идиотот што бара да му кашлат во фаца и вели дека никогаш не си ги миел рацете мислам страшно.

Sent from my SM-A705FN using Tapatalk
 
Член од
24 март 2010
Мислења
15.296
Поени од реакции
26.179
Јас не видов нигдее ама баш нигде некој да се пожали дека библиотеките и кината се затворени,затоа и сме таму кај шо сме.
За разлика од развиените земји, каде што има милиони луѓе што протестираат за затворањето на библиотеките и кината.
 
Член од
18 јули 2018
Мислења
1.068
Поени од реакции
4.260
Јас не видов нигдее ама баш нигде некој да се пожали дека библиотеките и кината се затворени,затоа и сме таму кај шо сме.
Коментаров би држел вода пред 25-30 години, ама во доба на интернет и лесно достапни податоци и информации од секаков карактер (посебно па во држави како нашата, во која нема никаква контрола над пиратеријата и каде најголемиот дел од корисници имаат неограничен интернет) е најмалку смешно.

Не дека сме некаква читачка нација (и општество, не само Македонците, сите се исто ѓубре отприлика), ама дека некој денес зависи од библиотека или кино за да биде информиран и да биде во тек со тоа што го интересира е апсолутно неточно.
 
Член од
10 март 2020
Мислења
127
Поени од реакции
188

Vo pravo si drzi voda ova sto go kazuvas ama zalosno e sto ispaga deka najbitno nesto e otvoranjeto na kaficite, kladilnicite i kazinata
 
Kajgana Shop

На врв Bottom