Коронавирус (COVID-19) - Општа дискусија

Darling

High Value
Член од
5 јуни 2009
Мислења
13.275
Поени од реакции
27.731
Ve molam za info koi evropski drzavi baraat 10 dena karantin pri prestoj vo niv za drzavjani od mk.
 
Ingvar

MONAD
Член од
28 март 2020
Мислења
3.626
Поени од реакции
8.495
Со твојот памет ништо нема да ти биде, крцкај си и моли ги децата да ти уплатат тикет.

Супер, на сите му се живее не само на тие 20 годишните. Тие реално ќе осетат кога ќе почнат дома да им се враќаат родителите со новост дека станале невработени лица.

Немате контакт со бизнис фелата и не сте свесни што се случува на финансиски план, компании кои работат со милионски суми оваа година ставија се на пауза. Еве минатата недела го имавме состанокот, требаше да започнеме да работиме со нов клиент уште во Април оваа година, досега не влечкаа ајде после, ајде утре и еве ги официјално од пред 2 денови кажаа дека стопираат огромен проект поради буџет.
Е земи во предвид што ќе се случува со малите риби, ако требаше да појачам уште 4 вработени за овој проект (веќе интервјуирани 2ца почетници, 1 мидл 1 сениор), сега нема да земам ниту еден оти не ми требаат. Ако ми намалат работа и моменталните клиенти, ќе треба дури и да се крати на кадар.

Работата мириса на изгорено, ти го кажувам ова од поглед на тоа што ќе се случува понатаму, погледни во маркет какви се цените и спореди ги примањата, запиши некаде и ќе правиме муабет за 6 месеци од сега (ќе биде уште побетер).
Ја барам луѓе за работа не можам да најдам :toe:
Од друга страна падот на економијава не е заради вирусов туку заради менаџирањето со истиот, а не би се чудел дека се е наштимано.
Иначе најголемите риби се ќар не се секирај.
Автоматски споено мислење:

нема психички имунитет Боди, тоа е една илузија во која верувате.
Светов се темели на верување....the mind is everything, what you think, you become.
 
Последно уредено:

Darklady

Модераторка
Член од
29 октомври 2011
Мислења
5.544
Поени од реакции
34.850
Јас бидејќи гледам како изгледа и живее нашиов народ, зборувам дека треба да се вакцинираат.
Цело време прстот на вина се вперува во погрешен правец.
Џабе се везе дека главна причина за ситуацијава каде што сме денес се виновни тие што не се вакцинираа. НЕ, виновна е власта. Виновни се тие што дозволија и дозволуваат да се носат неразумни и нелогични мерки. Мерки кои ќе се почитуваат само од една страна, а за другата страна ќе затвараме очи, и ќе глумиме лудило.
Како не вакцинирана личност, лично и персонално, внимавам на носење маска во затворен простор, одржување дистанца, хигиена, избегнувам гужви, не одам на свадби. И толку е мојот придонес за општото и колективно добро на заедницата.

И сега замисли друга ситуација од секојдневието. Повозрасна особа вакцинирана со две дози, со испитани антитела 70 дена после примање на втората доза, антителата се незадоволителни. И од друга страна, млада, здрава, права особа, со прележан ковид со лесна клиничка слика, а бројот на антитела и повеќе од потребното. Првава личност само затоа што има сертификат, ќе се шета лево десно, а вторава само затоа што има и повеќе и од доволно антитела и од тие причини не сака да се вакцинира, ќе биде дискриминирана и ограничена од движење, социјален, културен живот, нарекувана антиваксер.

Нити поддржувам вакцинација, нити сум против вакцинација. Ова лудило ќе запре, тогаш кога донесените мерки, ќе важат за сите граѓани подеднакво, и кога секој поединец ќе има свое право на одлука, дали сака, или не сака, дали треба или не треба. Негово право, негов избор. Толку е просто.

Ете според твојата логика, се вакцинирале. Амааааа не го достигнале посакуваниот ефект.
А оние што не се вакцинирани, се виновни и антиваксери, затоа што по природен пат го постигнале посакуваниот ефект
 
Член од
17 август 2011
Мислења
9.767
Поени од реакции
17.482
Ај погледни ја кратко снимкава и кажи ми кој е крив во Британија? Еве ти уште една за да ти биде полесно.

По незнам кој пат: вакцината нема да ти спречи ширење туку само ќе превентира од тешки случаи и смрт. Ширењето ќе се намали и спречи само и само ако се внимава на основните мерки, т.е држење дистанца и носење на маска во затворен простор + многу тестирања и евентуално задолжителни тестови за влез на поголеми настани + граница.

Погледни ја статистиката колку смртни случаи имале претходно, а колку сега и ќе ти стане појасно. Во јануари и февруари со послабата варијанта на вирусот имаа 1000-1800 умрени на ден, сега на 30к заболени имаат од 40 до 180 умрени.
Хаха абе пак сврте на умрени. Абе човек, јасно ми е дека намалуваат смртност. Ти друг муабет тераше, дека за границите ти било. Нели ради невакцинираните сме отишле во црвена зона? Сеа од кога виде што глупост истресе, ја смени темата.
Автоматски споено мислење:

Џабе сум заштитен кога ради вас сме на црвена зона во цел свет, мене ме интересира само и само да се отворат граници, ме заболе за теориите на заговор од рандом србенди.
Еве ти го мислењето, чисто да не си забораил. Сеа спречува ширење или не :D
 
Последно уредено:
Член од
8 февруари 2020
Мислења
4.887
Поени од реакции
7.267
Политичарите дополнително ја усраа работата, епидемијата го уништи здравјето на многу луѓе, а политичарите егзистенцијата, животот и психичкото здравје на сите.
Напротив, успешно си ја тераат агендата. Колку подолго трае, толку поголема моќ добиваат, народот се повеќе слабее (на сите полиња), а кога ќе си на чекор без кров и леб да останеш, тогаш целосно ќе си зависен.

По незнам кој пат: вакцината нема да ти спречи ширење туку само ќе превентира од тешки случаи и смрт. Ширењето ќе се намали и спречи само и само ако се внимава на основните мерки, т.е држење дистанца и носење на маска во затворен простор + многу тестирања и евентуално задолжителни тестови за влез на поголеми настани + граница.
Па ако е само за спречување на тешки случаеви, што замарате дека мора сите да се вакцинирани. Во таков случај нели логично е да бараш тие над 60г да се вакцинираат и оние кои сметаат дека потешко би се справиле.
Многу членови не би се сложиле со тебе, бидејќи претходните тврдења беа, поради вакцините многу болести ги снемало (што не е точно), а сега друга прикаска терате.

Тоа што обвинуваш дека невакцинираните се виновни за пропаст на економијата, тешка лага (дал намерно или не, небитно).
Системот го уништува приватниот сектор, додека тие нормално си тераат, и со цела плата, и со собиранки, и со избори, и со пописи, и со трошења на буџетот за глупости.

Дека следи економска криза, според многумина членови, тоа не ги засега, тие се грижат за здравјето на старите, младите ќе се снашле, + викаат кризи имало и претходно, ништо страшно. Баш да видиме дал исто ќе пишуваат.
 
Член од
24 октомври 2013
Мислења
12.192
Поени од реакции
26.988
И Исланд има имунизирано 90% од полнолетно население односно околу 75% од целокупното (со една или две дози) и повторно имаа мерки и рестрикции.

Израел исто има висок процент на имунизација, па се вратија на рестрикциите. САД исто. Единствено Бритите се враќаат полека на старо. Им наговестуваа егзодус, а кога не се случи, ете ја "моќна на масовната имунизација"!

Прво се работеше за месеци, потоа за неколку недели (две), тие две недели станаа две години и сега новиот аргумент е "ние сме во пандемија"! Сме и луѓе умираат. Луѓе кои одбиваат да се имунизираат, а повторно гледаме дека шаблонот се повторува, иако има и (релативно) млади луѓе кои подлегнуваат на вирусот.

Второ, мерките не даваат резултати. Извесно време се на сила и имаме се повеќе заразени и починати! Значи не било до кафаните, кафичите и рестораните. Или нека важат за сите граѓани или нека ги укинат.

Трето, да, станува збор за дискриминација. Само чудно е каде е Претседателот на Македонија! Треба да е претседател на сите граѓани, а не само на вакцинираните. Каде се невладините организации? Знаеме дека им е згодно и топло во шупакот на Сорос и плачат само кога треба да се истера агенда. Каде е омбусманот? Народниот правобранител, адвокатот на народот. Знае да реагира само кога циганцињата нема да ги пуштат на базен, а кога има кршење на човековите права во пандемијата, од закани и притисоци на работните места до одлуките на Влада, молчи како риба. Каде е опозицијата? И Мицко тера агенда, им дава кворум за да си носат закони, три реченици едвај склопува, гледа ко теле во камерата, а ова му е фантастична шанса да освои некој глас плус. Левица имаше одличен коментар на фб по повод најавените мерки на Влада и тоа е сѐ. Каде се и пратениците од самата власт? Тие се пратеници на целиот народ? И после ќе ми дојдат со кафето, флаерите и пенкалата за да ги гласам!

И последно. Вината е само и само во Владата. Со сите мерки каснат и калкулираат за сѐ. Занесени се од власта, а всушност имаат тенко парламентарно мнозинство, тонат во националните анкети и ги чекаат неизвесни локални избори.

И 2022 ќе биде година на пандемија. Кој сака, нека си го вкалкулира ризикот и нека донесе лична одлука. Не помага многу на колективот затоа што пак е преносител, може да се зарази и да почине. Со вакцина има нешто подобри шанси.

За состојбата во здравството вина делат сите кои биле на власт последниве 30 години. Се караат за нацрт планови наместо да пристапат кон реализација на проектите. Чекаме донации на амбулантни возила и молиме за вакцини ко да сме затуцана држава од Африка.

Сакавте мерки, ете ви мерки. Ќе имаме поскап стандард на истата плата. Ама да, нема да можам да седнам во Центар на кафе, светот ми се сруши!
 
Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
15.656
Поени од реакции
34.947
Цело време прстот на вина се вперува во погрешен правец.
Џабе се везе дека главна причина за ситуацијава каде што сме денес се виновни тие што не се вакцинираа. НЕ, виновна е власта. Виновни се тие што дозволија и дозволуваат да се носат неразумни и нелогични мерки. Мерки кои ќе се почитуваат само од една страна, а за другата страна ќе затвараме очи, и ќе глумиме лудило.
Како не вакцинирана личност, лично и персонално, внимавам на носење маска во затворен простор, одржување дистанца, хигиена, избегнувам гужви, не одам на свадби. И толку е мојот придонес за општото и колективно добро на заедницата.

И сега замисли друга ситуација од секојдневието. Повозрасна особа вакцинирана со две дози, со испитани антитела 70 дена после примање на втората доза, антителата се незадоволителни. И од друга страна, млада, здрава, права особа, со прележан ковид со лесна клиничка слика, а бројот на антитела и повеќе од потребното. Првава личност само затоа што има сертификат, ќе се шета лево десно, а вторава само затоа што има и повеќе и од доволно антитела и од тие причини не сака да се вакцинира, ќе биде дискриминирана и ограничена од движење, социјален, културен живот, нарекувана антиваксер.

Нити поддржувам вакцинација, нити сум против вакцинација. Ова лудило ќе запре, тогаш кога донесените мерки, ќе важат за сите граѓани подеднакво, и кога секој поединец ќе има свое право на одлука, дали сака, или не сака, дали треба или не треба. Негово право, негов избор. Толку е просто.

Ете според твојата логика, се вакцинирале. Амааааа не го достигнале посакуваниот ефект.
А оние што не се вакцинирани, се виновни и антиваксери, затоа што по природен пат го постигнале посакуваниот ефект
Се согласувам дека мерките не се добри, но мал процент се луѓе како што си ти, генерално се башибозук и не почитуваат ништо.
Во Скопје ги тераат во маркет да стават маска, викендов бев во помал град, во маркет влегуваа без маска без ништо.

Идеално би било да се прави тест за антитела и потоа да вакцинираат, но веројатно е неизводливо.

Хаха абе пак сврте на умрени. Абе човек, јасно ми е дека намалуваат смртност. Ти друг муабет тераше, дека за границите ти било. Нели ради невакцинираните сме отишле во црвена зона? Сеа од кога виде што глупост истресе, ја смени темата.
Автоматски споено мислење:

Еве ти го мислењето, чисто да не си забораил. Сеа спречува ширење или не :D
Така е бе другарче, толку читаш пак ќе ти повторам. Еве ти линк, разгледај зошто ти викам дека вакцинацијата ќе почни да ги отвора границите. Мерките ќе ти станат се поригорозни, сакал или не, ги диктираат поголемите земји, а ние препишуваме.
Напротив, успешно си ја тераат агендата. Колку подолго трае, толку поголема моќ добиваат, народот се повеќе слабее (на сите полиња), а кога ќе си на чекор без кров и леб да останеш, тогаш целосно ќе си зависен.

Па ако е само за спречување на тешки случаеви, што замарате дека мора сите да се вакцинирани. Во таков случај нели логично е да бараш тие над 60г да се вакцинираат и оние кои сметаат дека потешко би се справиле.
Многу членови не би се сложиле со тебе, бидејќи претходните тврдења беа, поради вакцините многу болести ги снемало (што не е точно), а сега друга прикаска терате.

Тоа што обвинуваш дека невакцинираните се виновни за пропаст на економијата, тешка лага (дал намерно или не, небитно).
Системот го уништува приватниот сектор, додека тие нормално си тераат, и со цела плата, и со собиранки, и со избори, и со пописи, и со трошења на буџетот за глупости.

Дека следи економска криза, според многумина членови, тоа не ги засега, тие се грижат за здравјето на старите, младите ќе се снашле, + викаат кризи имало и претходно, ништо страшно. Баш да видиме дал исто ќе пишуваат.
Ќе беше во право ако критичните случаи беа само и само над 60г, арно ама има и помлади и што е најако не ни знаат дека се критични.
 
Член од
17 август 2011
Мислења
9.767
Поени од реакции
17.482
Се согласувам дека мерките не се добри, но мал процент се луѓе како што си ти, генерално се башибозук и не почитуваат ништо.
Во Скопје ги тераат во маркет да стават маска, викендов бев во помал град, во маркет влегуваа без маска без ништо.

Идеално би било да се прави тест за антитела и потоа да вакцинираат, но веројатно е неизводливо.

Така е бе другарче, толку читаш пак ќе ти повторам. Еве ти линк, разгледај зошто ти викам дека вакцинацијата ќе почни да ги отвора границите. Мерките ќе ти станат се поригорозни, сакал или не, ги диктираат поголемите земји, а ние препишуваме.

Ќе беше во право ако критичните случаи беа само и само над 60г, арно ама има и помлади и што е најако не ни знаат дека се критични.
Вакцинацијата не ги намалува бројките, нешто за што беше експресно демантиран со неколку земји примери.
Тоа што решиле на 80 посто да се отворат е чиста политичка одлука, знаат дека дури и вас нема да можат вечно да ве влечат за нос. Исто ко што е политичка одлука кон која земја ќе бидат отворени(хинт-не Македонија). Меѓутоа овој таргет научно ништо не значи, веч видено во доста земји.
Автоматски споено мислење:

А Австралијанциве ќе испаднат најголеми будали, 2 години го држеа ковид на 0 и им избегаа конците кога стана јасно дека вакцините фејлнаа и колективен имунитет е невозможен.
 
Последно уредено:
Член од
13 јули 2006
Мислења
15.186
Поени од реакции
17.999
Еве што вели Битиќи, Комисијата во моментов ги носи сите мерки.

Препораката на Комисијата за заразни болести беше единствен критериум за вчерашната одлука на Владата да дозволи угостителските објекти повторно да можат да работат во затворените простори со 30 отсто од капацитетите, потврди вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи.

-Ние ги следиме нивните упатства и секоја нивна препорака се разгледува на Главниот кризен штаб и на Влада и како таква се носи како одлука. Искрено не можам да кажам која е епидемиолошката причина зошто тоа се дозволи, но тоа беше препорака од Комисијата за заразни болести и така се постапи, рече Битиќи во одговор на прашањето по која епидемиолошка анализа се донесе вчерашната одлука угостителските објекти повторно да можат да работат во затворен простор со 30 отсто од капацитетите.

Нагласи дека ќе биде првиот што ќе поддржи лицата кои прележале Ковид-19 пред шест месеци да можат да ги посетуваат угостителските објекти во моментот кога Комисијата за заразни болести ќе каже дека тоа е возможно.

Член од
29 јуни 2014
Мислења
23.671
Поени од реакции
38.850

па додека он ги носеше се виде до кај стигнавме, помор у тетово, скопје и гостивар.

Лекарската комора бара да се пријавуваат доктори кои шират невистини за вакцините
 
Ingvar

MONAD
Член од
28 март 2020
Мислења
3.626
Поени од реакции
8.495

Anon

/b/ House /b/
Член од
13 декември 2007
Мислења
16.700
Поени од реакции
27.627
Јас посакувам да имаме 70% за да знам што би бил следниот изговор на одредена група.
Е шо ќе биде де, се појавил „нов сој“, вакцините ослабнале, ќе ти треба трета четврта доза, ќе ти треба друга вакцина и слично.
 
Член од
13 јули 2006
Мислења
15.186
Поени од реакции
17.999
A koj odlucuva sto e vistina a sto nevistina?
Треба сите да почниме да го пријавуваме Филипче, затоа што тврди дека прележаните имаат полош имунитет од вакцинираните.

Плус шири фејк њус, треба и за тоа да го пријавиме.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom