Коронавирус (COVID-19) - Општа дискусија

Член од
17 август 2011
Мислења
9.918
Поени од реакции
17.736
Инаку да не беше некој во Србија денес, или знае дали утре ќе вакцинираат?
 
Член од
8 мај 2013
Мислења
11.379
Поени од реакции
36.311
Бидна пелцовањето во Ниш.

Имаше Македонци али организацијата е супер и се оди прилично брзо. Пополнуваш формулар, ти поставуваат прашања за алергии, дали си бил болен и слично и тоа е тоа. После те седнува на столче, ти вика за Краља, ти викаш и за отаџбину, те боцка и толку :D
Автоматски споено мислење:

Инаку да не беше некој во Србија денес, или знае дали утре ќе вакцинираат?
@Menethil Две од нив прашав и двете ми рекоа дека утре веќе нема да вакцинираат странци и без закажан термин.
 

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
44.009
Поени од реакции
80.816
Многу голема победа на српската дипломатија. Многумина тука, а верувам и во Србија не се свесни колкаво пропагандно значење има ова. Бројте вие две евра за кафе секој што отишол, потрошил и слично.
ЕУ, НАТО и нивните пријатели овде нека се замислат.
 
Член од
15 јануари 2008
Мислења
5.041
Поени од реакции
12.031
Многу голема победа на српската дипломатија. Многумина тука, а верувам и во Србија не се свесни колкаво пропагандно значење има ова. Бројте вие две евра за кафе секој што отишол, потрошил и слично.
ЕУ, НАТО и нивните пријатели овде нека се замислат.
Ама забораваат огромна машинерија која е активирана за реализација...Од доктори, медицински лица до волонтери..
 
Член од
5 март 2018
Мислења
15.523
Поени од реакции
17.199
На вестите штотуку кажаа дека Македонски државјанин е во кома откако ја примил вакцината АЗ :eek:
73 години
 
Член од
8 мај 2013
Мислења
11.379
Поени од реакции
36.311
На вестите штотуку кажаа дека Македонски државјанин е во кома откако ја примил вакцината АЗ :eek:
73 години
Не знам дали е во кома ама му се слошило веднаш после тоа. Претпоставуваат од умор зашто бил со четири бајпас операции.
 
Член од
5 март 2018
Мислења
15.523
Поени од реакции
17.199
Не знам дали е во кома ама му се слошило веднаш после тоа. Претпоставуваат од умор зашто бил со четири бајпас операции.
Така изјави водителката на 24 вести, дека е во кома, ништо поопширно не кажа.
 

Staufer

Вардар - Егеј - Пирин: Македонија!
Член од
17 јануари 2008
Мислења
16.330
Поени од реакции
21.794
Daj kazete kako pominavte den-dva po primanje na AZ so nus efekti ili samo mene me kutna :D
 

kano

Farang
Член од
27 ноември 2014
Мислења
12.489
Поени од реакции
22.929
sekade u eu stoprea da davaat AZ na postari lica ovie na niv im ja sibaat. dobro be sto kur im e?
 
Член од
23 мај 2013
Мислења
2.269
Поени од реакции
5.376
Србија ќе продолжи понатаму да го зацврстува своето влијание тука.
Вучиќ: Бараме начин како дополнително да им помогнеме на Северна Македонија и Црна Гора во вакцинирањето

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, денеска изјави дека е во секојдневен контакт со Северна Македонија и Црна Гора и дека Србија наоѓа начини како дополнително да им помогне во вакцинирањето на населението.

Како што јави дописникот на МИА од Белград, Вучиќ кажа дека не разбира кога некој го критикува фактот дека во Србија дошле стопанственици од регионот и што странските државјани доаѓаат поради вакцинирање, како и дека не му е важно и нема проблем со „недостаток на благодарност од „колегите”.

-За мене е важно луѓето да бидат задоволни, да бидат делумно заштитени сега кога ја примија првата доза, а кога ќе ја добијат втората, тие ќе бидат уште подобри и дека ќе се заштититени од тешки последици и смрт или барем во 99 отсто од случаите. Тоа е она што можеме да сториме за луѓето, изјави Вучиќ, одговарајќи колку е горд на пишувањето на медиумите во регионот што вакцинирањето на луѓе од земјите од Западен Балкан е организирано во Србија.

На Вучиќ не му е јасно, како што истакна, како некој не разбира дека српските граѓани не можат да бидат спасени, ако и луѓето во регионот не се.

-Не знам како некој тоа не го разбира, не сме ние пуст остров, живееме заедно со другите, кажа српскиот претседател.
-Секогаш има недговрни луѓе и такви кои ќе ви кажат дека ова не е кран или багер, туку дека ги труеме од хеликоптер, на такви луѓе тешко можеме да им објасниме, рече Вучиќ.
 

Solid

Зона на самракот
Член од
26 август 2007
Мислења
7.174
Поени од реакции
4.133
Во Германија и Италија не ќе можат кај роднини за Велигден, ама ќе можат на одмор во странство. Е ај сега најдете нзс.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom