Коронавирус (COVID-19) - Општа дискусија

Член од
19 ноември 2020
Мислења
2.524
Поени од реакции
9.405
Петличковски: Невозможно е да имаме 115 реинфицирани со ковид во Македонија, кога во светот се само десетина случаи

...Во тие не се исклучува можноста дека можеби првиот тест не бил веродостоен. Но, можно е во тие три до четири месеци кои поминале од прв до втор тест човекот никогаш да не се негативизирал.
имаше од поодамна дискусија дали обичната вирусна настинка може да биде ХРОНИЧНА... твредеа некој дека не може, демек над 40 дена ако е некој настинат тоа било алергија ... БЛА, БЛА, БЛА... НЕЗНАИТИС....
истото е и сега со К19.... така е кога се нема Имунолози, а и не се прати имунитетот....
Топ , ајде да ни се дадат сега едни ковид пасоши на тие што прелегавме :icon_lol:
 
Член од
12 март 2009
Мислења
20.761
Поени од реакции
16.983
Топ , ајде да ни се дадат сега едни ковид пасоши на тие што прелегавме :icon_lol:
прашав матичната, нема документ, само да извадам крвна слика со антитела... е сега не знам за во ЕУ дали и за антителата треба да е ТАЗЕ крвна слика како за негативен ПЦР тест, ќе кажат...

... туку има друго кај антителата, на било важно колку имаш антитела, туку да имаш мемориски, што го памтат вирусот, за кога ќе дојдеш пак во контакт бргу да реагираат ....
Е сега ќе има зае*анција ако има сосем нови мутации, па мемориските од К19 не ги препознаваат, читав имало француска мутација која ПЦР тест НЕ ЈА открива....
 
Staufer

Драган Богдановски
Член од
17 јануари 2008
Мислења
16.629
Поени од реакции
22.365
Напротив за све се плачеше на форумов и наголемо се пишуваше дека све било превара и намерно не' затворале за да поминат мигрантите и се објавуваа видеа од Вело, Несторовиќ и останати ретарди дека се работело за грипче. Сега тие стручњаци исчезнаа зашто бројките велат 27% поголема смртност во 2020 за разлика од 2019. За 2021 ќе биде веројатно над 50% со оглед на тоа дека вирусот посолидно се рашири тек во септемврито.
Пошто ја ја постирав статистиката, ете ја:

1616193464784.png
 
Член од
30 јуни 2020
Мислења
3.202
Поени од реакции
12.003
Ова е многу битен момент, за кој што помеѓу катадневните глупости кои што добиваат огромен медиумски простор, никој не зборува или ептен ретко. На никој не му текна да повлече паралела кога излезе веста дека владата потрошила кумулативно значително помалку финансии за борба против вирусот, споредбено со сумите кои што ги потрошиле комшиите, а лани преку издавање на еврообврзници и други инструменти на задолжување се позајмија милијарди во име на борбата против вирусот. Лани, кога се позајмуваше, власта се правдаше оти им требаат пари за беспоштедна борба со короната, за да подоцна, кога се обелодени дека од тие пари скоро ништо не потрошиле по тој основ, се правдаа оти биле шпараџии, демек многу штеделе, па затоа. Шпараџиите оваа година издадоа еврообврзница на 700 милиони евра, уште во старт.
Па никој не ја следи "трагата на парите" во оваа наша мила и непрежалена вукојебина.

Наместо за милјарди кои украде груевски го судат за мерцедес.
Наместо за милјарди што украде мијалков и орце ги судат за прислушување и скроз небитни ствари.

А парите некој да ги вратеше во државен буџет, м?
Што е тоа конфискација само да ми е да знам...

Така ќе имаше и за санитарни чворови во болниците и за кислородна поддршка и за модуларни болници и за респиратори и за вакцини и за мед кадар да си остани во мкд наместо да ака по бел свет... Ниту смртност толкава ниту мерки од типот ајде сите дома.

За жал толку многу глупости се дешаваат на дневно ниво што неможе да постигнеме од пратење на истите, но една е константата... СДСМ кога и да е на власт мајче еби на економијата.

Преку 16.000 раб места се затворени за година дена, тоа за мала држава како нашата е и тоа како важно.

А за парите од Еуростандард, за парите од боки тредичи-сјо сагата и еден куп други "црни дупки" кој да одговара?

Жално е што народ секојдневно умира, де факто и де јуре, додека државата е пљачкана на секој можен сантим нејзина територија.

Јас просто се чудам до кога може вака да функционираме... Да се повлечат разни ковид фондови и ММФ лихвари од мкд има за макс два месеци да прогласиме банкрот, дупло голо.
 
Член од
7 септември 2016
Мислења
21.757
Поени од реакции
37.759
Ова е многу битен момент, за кој што помеѓу катадневните глупости кои што добиваат огромен медиумски простор, никој не зборува или ептен ретко. На никој не му текна да повлече паралела кога излезе веста дека владата потрошила кумулативно значително помалку финансии за борба против вирусот, споредбено со сумите кои што ги потрошиле комшиите, а лани преку издавање на еврообврзници и други инструменти на задолжување се позајмија милијарди во име на борбата против вирусот. Лани, кога се позајмуваше, власта се правдаше оти им требаат пари за беспоштедна борба со короната, за да подоцна, кога се обелодени дека од тие пари скоро ништо не потрошиле по тој основ, се правдаа оти биле шпараџии, демек многу штеделе, па затоа. Шпараџиите оваа година издадоа еврообврзница на 700 милиони евра, уште во старт.
...да те дополнам, да и тие малкуте сумите потрошени во борба против корона воопшто не биле подложни на класичните закони за јавни набавки, туку онака со избор по приоритет, а и тие што нуделе немале обврска за доказ на квалитет т.е да бидат регистрирани поради хитноста, така да све што е протнато иднината ќе каже, а тоа ЕУ го знае затоа и не даде помош неповратни средства!
 
D

Deleted member 12196

Гостин
Сега тие стручњаци исчезнаа зашто бројките велат 27% поголема смртност во 2020 за разлика од 2019. За 2021 ќе биде веројатно над 50% со оглед на тоа дека вирусот посолидно се рашири тек во септемврито.
Дај ги податоците па да пресметаме.
2019 >> 20446
2020 >> 25049
Официјалните бројки се тие.
 
TrendS

Work Smart, Not Hard
Член од
14 декември 2018
Мислења
4.419
Поени од реакции
30.017
Државата не дозволи на домашните фармации да ги искористат своите конекции за побрзо да обезбедиме вакцини против Ковид-19, вели сопственикот на веледрогеријата „Зегин“, Благоја Механџиски.
Тогаш....ќе нема едно за вицето. Без едно за вицето.....нема ни вакцини.
 
...кај ти дава владата дел од колачот, па на д-р Механџиски одозгора, а д-р Филипче што ќе прави?
има и подобра солуција која не се искористи, а најмалку се спомна да нашата фабрика Алкалоид можеше да креира вакцина против коронавирус!
 
Член од
17 август 2009
Мислења
3.685
Поени од реакции
5.315
2019 >> 20446
2020 >> 25049
Официјалните бројки се тие.
Огромна разлика од 20%+
А памтам на некоја тема се запишувавме за како ќе биде со родените за 2020 год. имаш за тоа статистика? баш ме занима, ја барав минатава недела не успеав да најдам
 
Член од
9 април 2007
Мислења
1.278
Поени од реакции
979
Огромна разлика од 20%+
А памтам на некоја тема се запишувавме за како ќе биде со родените за 2020 год. имаш за тоа статистика? баш ме занима, ја барав минатава недела не успеав да најдам
Ако убаво се погледне статистиката ќе се види дека до ноември сме пата пата со 2019та макар и со ковид зашишаните. Последните 2 месеци рипа до плафон бројката.Интересно е да се каже дека има 7500 починато само во последните 2 месеци што е за 4000 повеќе од стандардната статистика до тој момент.Од тие 7500, нека 1000 само од корона тие месеци да одземеш бројката е 200% што е за 10 пати повеќе од таа твоја бројка(20%) зголемено како последица од мерките што умреле. Кој како си ја чита статистиката. Многу подложна за манипулација.
 
Сталкерот

Резидентен космонаут
Член од
5 јуни 2012
Мислења
5.762
Поени од реакции
7.594

Ептен сте креативни. Баш весела математика. :lolzz:
 
kano

Farang
Член од
27 ноември 2014
Мислења
13.806
Поени од реакции
25.258

abe sve toa ok, ama ne si zel u predvid deka i tie sto uspesno ja prelezale koronata moze da imaat drugi posledici od virusot sto se manifestiraat so smrt podocna. ostetuvanje na dosta organi pri prelezuvanjeto e evedintirano skoro sekade i toa nezavisno na godinite. imase i vo mk slucaevi na mladi sto posle nekolku nedeli imale mozocni udari i slicno

Член од
9 април 2007
Мислења
1.278
Поени од реакции
979
Ептен сте креативни. Баш весела математика. :lolzz:
:pos:па како да не бидеме кога само во декември има 4300 починато, а од корона сосе се што можеше да се упише 3200 починато до сега.
Автоматски споено мислење:

abe sve toa ok, ama ne si zel u predvid deka i tie sto uspesno ja prelezale koronata moze da imaat drugi posledici od virusot sto se manifestiraat so smrt podocna. ostetuvanje na dosta organi pri prelezuvanjeto e evedintirano skoro sekade i toa nezavisno na godinite. imase i vo mk slucaevi na mladi sto posle nekolku nedeli imale mozocni udari i slicno

Повеќе умираат од последица од мерките.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom