Коронавирус (COVID-19) - Општа дискусија

Член од
18 мај 2008
Мислења
7.561
Поени од реакции
17.594

Лукаво од Британците(иако Џонсон мислам дека е прележан уште од пролетта).
 

Диле Јоргачев

Одделение за заштита на народот
Член од
3 април 2017
Мислења
8.693
Поени од реакции
28.205

Ivica^

Confident Liar
Член од
14 август 2007
Мислења
11.431
Поени од реакции
16.748
:pos:па како да не бидеме кога само во декември има 4300 починато, а од корона сосе се што можеше да се упише 3200 починато до сега.
Автоматски споено мислење:


Повеќе умираат од последица од мерките.
Секако дека од мерките.
 
Член од
14 август 2006
Мислења
45.452
Поени од реакции
84.865
Повеќе се умирало од мерките...
Шведска помина најубаво...
Тие највише што се штитеа, тие све се испозаразија...
..................

и еден куп други глупости, кои никому не му користат, али интернет е ова, јеби га
секоја шуша има простор да истури тоа што има у главата
 
Член од
18 мај 2008
Мислења
7.561
Поени од реакции
17.594
Како се умира како последица од мерките, може да се објасни процесот? :pos:
И кај нас карантин 24 часа дали 10 дена имаше вкупно, а последниот таков ден беше пред 10-тина месеци.
 

Ivica^

Confident Liar
Член од
14 август 2007
Мислења
11.431
Поени од реакции
16.748
Како се умира како последица од мерките, може да се објасни процесот? :pos:
И кај нас карантин 24 часа дали 10 дена имаше вкупно, а последниот таков ден беше пред 10-тина месеци.
Се умира од мерките, зашо дома ако седиш може жена ти да ти искрши вазна од глава.
 
Член од
9 април 2007
Мислења
1.278
Поени од реакции
979
Одма кога некоја статистика не одговара на наративот мајтап се тера истиот паттерн е секаде.
 

курајбер

млад, потентен
Член од
29 јануари 2007
Мислења
16.991
Поени од реакции
51.135
Како се умира како последица од мерките, може да се објасни процесот? :pos:
Веројатно се мисли првенствено на економската неактивност и рецесијата што изродија многу невработени и сиромаштија којашто се крпи со позајмици , кредити и пакети, како и на тоа што здравствениот систем се презафати со ковид-случаите , па за другите болештини нема место, што е и вистина, кај нас барем.
Анализите за муабетов ќе се прават откако се ќе помине, ама не се без основа.
 

Staufer

Драган Богдановски
Член од
17 јануари 2008
Мислења
16.629
Поени од реакции
22.365

Лукаво од Британците(иако Џонсон мислам дека е прележан уште од пролетта).
Паметен си е Џонсон. Осети што значи корона па ко попче ја прими вакцината.

Се повеќе политичари ја примаат, кажав вчера премиер на гер. покрајина Баден-Виртемберг со 72 години прими АЗ.


Бијонс нека каже дали стручно му ја дале.
 
Член од
18 мај 2008
Мислења
7.561
Поени од реакции
17.594
Одма кога некоја статистика не одговара на наративот мајтап се тера истиот паттерн е секаде.
Ете ти покажаа статистика, 20К умрени во 2019, додека 25К умрени во 2020 или наголемување од 27%. Рачунај на нераширена болест до септември-октомври. Оваа година смртноста наспрема 2019 ќе биде веројатно над 50%. Тоа што ти го потенцираш, а тоа се официјално заведените починати од ковид е небитно за пошироката слика. А и нормално е да има големи отстапки во октомври, ноември и декември 2020, наспрема во истите месеци 2019. Тогаш беше пикот и испоумреа многу луѓе.
 

kano

Farang
Член од
27 ноември 2014
Мислења
13.806
Поени од реакции
25.258
Одма кога некоја статистика не одговара на наративот мајтап се тера истиот паттерн е секаде.
pa normalno koga e objasnuvanjeto e glupo... eve edna interesna statistika, skoro sekoja drzava ima pozitiven rekord na "road toll" odnosno najmalku zaginati na patistata radi karantinot i toa sto luge se doma. Toa se nekolku stotici luge pomalku zaginati na MK ulici sto go pravi krajniot rezultat uste postrasen
 

Сталкерот

Резидентен космонаут
Член од
5 јуни 2012
Мислења
5.762
Поени од реакции
7.594
Веројатно се мисли првенствено на економската неактивност и рецесијата што изродија многу невработени и сиромаштија којашто се крпи со позајмици , кредити и пакети, како и на тоа што здравствениот систем се презафати со ковид-случаите , па за другите болештини нема место, што е и вистина, кај нас барем.
Анализите за муабетов ќе се прават откако се ќе помине, ама не се без основа.
Економските ефекти влијаат на квалитетот на животот. Шо само по себе знае да биде субјективна категорија и ќе зависи доста од контекстот. Крајниот ефект на смртноста ќе го видиме на долг рок(особено ако се пролонгира ситуацијата)

Шо се однесува до мерките и ефектот на здравствениот систем/зафатеноста на леглата, релацијата е обратно пропорционална. Го гледаме тоа и сеа, во последниве 3 недели, коа имаме смешни мерки имаме и огромен пораст на заразени и следствено хоспитализирани. Се изнаполнија модуларните болници, се конвертираа оделенија и пак сме на 30-50 слободни места. Слаб ни е системот. Капацитетите ни се мали.
 
Член од
18 мај 2008
Мислења
7.561
Поени од реакции
17.594
Веројатно се мисли првенствено на економската неактивност и рецесијата што изродија многу невработени и сиромаштија којашто се крпи со позајмици , кредити и пакети, како и на тоа што здравствениот систем се презафати со ковид-случаите , па за другите болештини нема место, што е и вистина, кај нас барем.
Анализите за муабетов ќе се прават откако се ќе помине, ама не се без основа.
Тоа дека короната донесе и сиромаштија е јасно, но нема никаква врска со смртноста. За второто да точно е. Болниците се буквално нефункционални, дури и кога имаше слабо ширење и ќе има последици на среден и долг рок, но тоа е статистика за некое идно време, а не за бројките на починати во 2020, како што тресна овој, дека демек многу умреле заради мерките.
 
Член од
9 април 2007
Мислења
1.278
Поени од реакции
979
Ете ти покажаа статистика, 20К умрени во 2019, додека 25К умрени во 2020 или наголемување од 27%. Рачунај на нераширена болест до септември-октомври. Оваа година смртноста наспрема 2019 ќе биде веројатно над 50%. Тоа што ти го потенцираш, а тоа се официјално заведените починати од ковид е небитно за пошироката слика. А и нормално е да има големи отстапки во октомври, ноември и декември 2020, наспрема во истите месеци 2019. Тогаш беше пикот и испоумреа многу луѓе.
Точно е дека е 27% посто е зголемено од 2019. Само напоменав дека до ноември и со корона запишаните е пата пата. Многу битен фактор е ова како не сфаќаш. А во последните 2 месеци имаш 7500 умрено што драстично ја зголемува статистиката и да се 1500 од ковид само испаѓа дека 3000 починале од мерките тие 2 месеци.А останатите 3000 се стандард.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom