Ова е многу битен момент, за кој што помеѓу катадневните глупости кои што добиваат огромен медиумски простор, никој не зборува или ептен ретко. На никој не му текна да повлече паралела кога излезе веста дека владата потрошила кумулативно значително помалку финансии за борба против вирусот, споредбено со сумите кои што ги потрошиле комшиите, а лани преку издавање на еврообврзници и други инструменти на задолжување се позајмија милијарди во име на борбата против вирусот. Лани, кога се позајмуваше, власта се правдаше оти им требаат пари за беспоштедна борба со короната, за да подоцна, кога се обелодени дека од тие пари скоро ништо не потрошиле по тој основ, се правдаа оти биле шпараџии, демек многу штеделе, па затоа. Шпараџиите оваа година издадоа еврообврзница на 700 милиони евра, уште во старт.
Па никој не ја следи "трагата на парите" во оваа наша мила и непрежалена вукојебина.
Наместо за милјарди кои украде груевски го судат за мерцедес.
Наместо за милјарди што украде мијалков и орце ги судат за прислушување и скроз небитни ствари.
А парите некој да ги вратеше во државен буџет, м?
Што е тоа конфискација само да ми е да знам...
Така ќе имаше и за санитарни чворови во болниците и за кислородна поддршка и за модуларни болници и за респиратори и за вакцини и за мед кадар да си остани во мкд наместо да ака по бел свет... Ниту смртност толкава ниту мерки од типот ајде сите дома.
За жал толку многу глупости се дешаваат на дневно ниво што неможе да постигнеме од пратење на истите, но една е константата... СДСМ кога и да е на власт мајче еби на економијата.
Преку 16.000 раб места се затворени за година дена, тоа за мала држава како нашата е и тоа како важно.
А за парите од Еуростандард, за парите од боки тредичи-сјо сагата и еден куп други "црни дупки" кој да одговара?
Жално е што народ секојдневно умира, де факто и де јуре, додека државата е пљачкана на секој можен сантим нејзина територија.
Јас просто се чудам до кога може вака да функционираме... Да се повлечат разни ковид фондови и ММФ лихвари од мкд има за макс два месеци да прогласиме банкрот, дупло голо.