Толкава летаргија ме има фатено не ми се пишува надолго нашироко.
Ниеден од последните вируси во последните 30 години ( btw сите со потекло од Кина ) немаше вакви последици. Се согласувам дека има недостаток на медицински кадар, впрочем Европа ќе мора ова брзо да го среди. Квотите за упис на медицина се толку ниски во секоја од ЕУ земји, се држи некој престиж со години уназад и цела Западна Европа спие на готовите кадри испорачани од југоисточните земји.
Од друга страна не може цел свет да е заложник на Кина. Шо треба сеа за 5 години кога колку толку ќе се опоравиме од оваа криза да скокнеме главачки во нова пандемија? Девизата на секој доктор е спречи наместо на лекуваш. Никој не им вели на пушачите супер братчиња, пушете цел живот коа ќе дојде време за лечење рак на плуќа тоаш ќе го бериме гајлето. Ако се знае и ако се очекува следната пандемија да избие таму, зошто не се спречи? Зошто не се регулираат дивите пазари на месо и секој потенцијален извор на зараза? 2021 сме некој уште продава диво месо на пазар во никакви санитарни услови. Зошто? Западните земји се многу брзи во испорачување санкции, али излеа тоа е само за бизнис и политички цели.
И никој не може да ме убеди дека Кина е и беше транспарентна со статистиките, посебно на почеток, кога се прикриваа детали за вирусот. Ако се сеќавам добро долго време не ја пуштија ДНК секвенцата на остатокот од светот. И мистериозно сите доктори кои имаа прв контакт со вирусот погинаа, а новинарите кои известуваа за тоа магично ги снема. И сеа ќе дојде некој ќе сере тука дека кривицата е во Трајанка од Аеродром и тие како неа шо не почитуваат 2 метра дистанца. Секогаш сум за индивидуална одговорност, ама не може прстот константно да се вперува кон западниот свет кој, btw помина низ економска и здравствена криза, и непочитувањето на мерките, а Кина да ни сере со години над глава, thanks but no thanks.