Коронавирус (COVID-19) - Општа дискусија

Член од
6 септември 2007
Мислења
8.237
Поени од реакции
8.340
Има инфо по држави колку се вакцинирале до сега?
 
TrendS

Work Smart, Not Hard
Член од
14 декември 2018
Мислења
4.419
Поени од реакции
30.017
Има инфо по држави колку се вакцинирале до сега?
Јас тука гледам
 
Член од
14 ноември 2013
Мислења
7.482
Поени од реакции
23.441
Филипче за руската вакцина: „Спутник 5“ ни беше понудена во трета фаза на клиничките испитувања, ќе стигне преку Ковакс
Министерот за здравство Венко Филипче изјави дека пред неколку месеци добил понуда од рускиот амбасадор во нашата земја Сергеј Баздникин руската вакцина „Спутник 5“, но таа тогаш била во третата фаза од клиничките испитувања, кога процесот, кој гарантира нејзина безбедност, не бил целосно завршен.

Одговарајќи на прашање на пратеникот од Левица, Димитар Апасиев, Филипче најави дека руската вакцина против ковид -19 најверојатно ќе пристигне во земјава преку Ковакс – системот.

„Таа влегува во еден од деловите на Ковакс – механизмот, откако во меѓувреме заврија тестирањата. Не како целосно одобрена. Меѓутоа, очигледно дека во официјалната група на сите производители преку Ковакс ќе стигне и руската „Спутник 5“. Значи, ние ќе можеме евентуално да ја добиеме и оваа вакцина со одлука на СЗО и на Гави алијансата“, рече Филипче.

Тој потенцира дека досега не постоела ниту една можност да ја добиме руската вакцина, во моментот кога првпат ни била понудена, бидејќи не бил завршен процесот на клиничко испитување.

Филипче вечерва и од собраниската говорница инфрормира дека во февруари во ќе ги добиеме првите дози на вакцината на „Фајзер“, откако денеска попладне постигнат е директен договор со компанијата, а количината ќе биде позната во текот на следните недели.
 
  • Хаха
Reactions: A__

Xibalba

Corona Australis
Член од
24 јануари 2012
Мислења
6.094
Поени од реакции
11.502
Немогуче, Кинезите лажеле за бројките и сериозноста на ситуацијата во Вухан

Wei Guixian е името на шупакот што јадел/ебел лилјак и сосема заслужено гори у пеколот.

China-Covid-CoverUp.jpg
 
Член од
13 јули 2006
Мислења
15.496
Поени од реакции
18.518
Немогуче, Кинезите лажеле за бројките и сериозноста на ситуацијата во Вухан

Wei Guixian е името на шупакот што јадел/ебел лилјак и сосема заслужено гори у пеколот.

Прегледај го приврзокот 279372
Тотална неспособност и корупција.
 
Член од
17 август 2011
Мислења
10.406
Поени од реакции
18.567
Тотална неспособност и корупција.
Чива неспособност и корупција, на Кина или Западот? Некако глеам неспособниве имаат 0 случаи и си се журкаат дур цел свет се ебава со вирусот. Ти како држава треба да си спремен да се справиш со ваква работа дури и некој ако намерно ти го уфрли, а не да се жалиш дека не те известиле на време.
Не сум фан на Кинезиве, ама нека не се трескаат од земја ова новинариве. Гледаа цел Декември и Јануар дека градат болници тамуи дека нешто има, и не им ги затворија границите. Си дозволија сите залихи на есенцијална опрема да им зависат од непријателска земја. Сеа може да кукаат само.
 
Тоа не ја намалува одговорноста на кинеското раководство. Кина си имаше убав систем на ротација на претседатели со два мандати, овај не само што не е способен туку сега ќе биде доживотен претседател на Кина.

Искрено јас бев фан на кинескиов систем и мислев дека овај знае што прави, ама сега гледам дека цел свет може да страда од вакви неодговорни типови. Си е рамен на Трамп.
 
Член од
17 август 2011
Мислења
10.406
Поени од реакции
18.567
не бил способен бе...
у негово време Кина станува економска сила број еден, а он не бил способен
rofl
До негде и се кити на трудот на неговите претходници, кој си работеа тивко ама ефикасно.
 
Член од
17 август 2011
Мислења
10.406
Поени од реакции
18.567
Тоа не ја намалува одговорноста на кинеското раководство. Кина си имаше убав систем на ротација на претседатели со два мандати, овај не само што не е способен туку сега ќе биде доживотен претседател на Кина.

Искрено јас бев фан на кинескиов систем и мислев дека овај знае што прави, ама сега гледам дека цел свет може да страда од вакви неодговорни типови. Си е рамен на Трамп.
Одговорност кон кого? Одговорност имаат пред своите граѓани и за тоа не може никој збор да им каже.
Цел свет страда зашто не постапија ко Кинезите иако имаа предност. Се соочија со нешто ново, го локализираа во еден регион и од кога се прошири во цел свет си ги затворија границите и не пуштаат пиле да прелета. А не смешни локдауни на цели земји.
 
Член од
14 август 2006
Мислења
45.487
Поени од реакции
84.951
Веќе сме офтопик ама не стана во негово време сила број еден.
Не станала уште. Али ќе стане број еден во негов мандат.
Ја реков станува, не реков стана.

Како и да е, неспособен не може да се каже дека е.
Автоматски споено мислење:

Баш у пандемијата се виде дека двојни аршини важат тука.
 
Член од
13 јули 2006
Мислења
15.496
Поени од реакции
18.518
Машала и Банско ќе се наполни, не само Маврово :)

Нит пандемија, нит Каракачанов нема да го спречат народов, да се забавува :D
 
Kajgana Shop

На врв Bottom