Колку ја знаеме Македонија за да зборуваме за одмор во странство?

Член од
11 март 2012
Мислења
10
Поени од реакции
25
Сакам да ја прошетам цела Македонија со кола, ако постои некоја книга/сајт во кој се опишани сите/некои од тие убави места, најдругарски барам да ми ги посочите.

Купив еден водич за манастири и ќе се водам по него, но сигурен сум дека има уште многу други места кои и не се баш поврзани со манастири, а се убаво. Поздрав

-Одиш во универзитетска библиотека и бараш книгиче од Митко Панов Села на Република Македонија и Манастири во Република Македонија (Оваа не ми текнува од кого е). И ќе најдеш буквално се’ што ти треба, односно што ти фаќа око, пакувај се и шибај. Само кога планираш да направиш такво движење треба да најдеш некој контакти за сместување. Ако имаш некогаш потешкотии за некој манастири или села пиши, со задоволство би ти помогнал.
 
Xibalba

Corona Australis
Член од
24 јануари 2012
Мислења
6.072
Поени од реакции
11.440
Лани летото решив да не одам на одмор на море, ја искористив алтернативата да прошетам низ татковината наша со друштво и да избегам од скопскиот асфалт на 5-6 дена.

Маршрутата беше низ источна Македонија со главна дестинација Берово, а на одење и враќање посета на доста други градови, гратчиња и села.
Сместувањето беше во викендиците кај Берово, релативно евтино (300-400 денари од вечер), но очекувано не беше нешто луксузно.

Преку ден имавме излети во околината на езерото, во етно селото кај бугарската граница, Брагалничите водопади, како и посета на самиот град Берово, а навечер нормално добра дружба.

На враќање направивме турнеја низ Струмица, Колешинските и Смоларските водопади, Пехчево, Виница, Кратово, Лесновскиот Манастир.

Доколку некој не бил низ Источна Македонија му препорачувам некој сличен аранжман, мислам дека нема да се покае.
 
Убава маршута, ми се допаѓа!! Какво превозно стретство користевте? А за во берово сега има 400 ден во пансион со сауни и полупансион, односно доста солидно сместување.
 
Xibalba

Corona Australis
Член од
24 јануари 2012
Мислења
6.072
Поени од реакции
11.440
Превозот беше со сопствени возила, заради флексибилноста да може да си ги планираме излетите по наш распоред. Целиот пат беше 600-700 км, што не' фати по 1200-1300 денари трошоци за превоз од човек, сега можеби ќе фати нешто поскапо поради поскапото гориво.
Тогаш сместувањето во полупансион чинеше 8-900 денари, ваљда затоа што беше во сезона. Доколку сега е 400 денари како што кажуваш тогаш е навистина поволно (дома да останеш ќе потрошиш повеќе).
 
Член од
23 јуни 2011
Мислења
10.341
Поени од реакции
3.846
Кое место би го препорачале околу Скопје онака за скара или чисто прошетка на еден ден (без оние стандардните сарај,матка,водно) слично на Козјак да речеме...да има убав поглед убав предел...
Дали знаеш дека е казниво да се прави скара во природа?
 
smole

Ѕверотилук
Член од
26 јануари 2007
Мислења
1.696
Поени од реакции
288
-Одиш во универзитетска библиотека и бараш книгиче од Митко Панов Села на Република Македонија и Манастири во Република Македонија (Оваа не ми текнува од кого е). И ќе најдеш буквално се’ што ти треба, односно што ти фаќа око, пакувај се и шибај. Само кога планираш да направиш такво движење треба да најдеш некој контакти за сместување. Ако имаш некогаш потешкотии за некој манастири или села пиши, со задоволство би ти помогнал.
Фала ти на одговорот, ако ми треба нешто ќе ти пишам!
 
A

Antigona

Гостин
Арно кажа еднаш Игор Џамбазов, кога ќе ја прошетам цела Македонија тогаш ќе размислувам за патување во странство. Ние сме таква нација и со таков менталитет што ни се чини како фантастично и кул задоволство ако идеме на одмор на некои егзотични места, и нормално, има многу убави места низ целава планета. Но ние како прво не сме си ја прошетале сопствената држава а една педа земја е, убавина што ни е на дофат во секој момент а не сакаме да ја видиме...Немаме мориња и океани, но имаме многу други природни убавини кои вредат да се погледнат.
Едно време имав желба да прошетам низ Македонија, но никако не успеав да најдам време за да ја реализирам таа желба. Здравје на есен ако си дојдам на одмор ќе шетам низ татковината.
 
Член од
26 март 2011
Мислења
659
Поени од реакции
667
Не дека е лошо да шеташ низ земјава наша ниту пак дека нема што да понуди, баш напротив има многу убави места да се видат, но да бидеме реални, кој не мрднал од државава може да ја величи колку сака, но факт е дека третманот што го добиваш за парите не вреди. Односно дека надвор за истите пари можеш да видиш далеку поинтересни нешта и да добиеш поквалитетна услуга(ова зборам од моја гледна точка, со оглед на тоа што различни нешта се интересни за различни луѓе). Па земете прост пример- споредете го смештајот и услугата во Охрид и колку за тоа плаќаме , а за истите пари надвор добиваш ем подобра услуга ем имаш многу нешта да видиш што можеби не си ги видел до тогаш.
Не сум јас против нашата земја, има мал милион убави места да се посетат како на пример Матка, Беловишките водопади, Шапка, Берово....но додека сум малда сакам светов прво да го прошетам, да видам ако ништо друго барем различна култура, а Македонијава е тука никаде не бега. верувам и на 50 год ќе сакам да отидам на викенд до Берово, а богами тогаш нема да ми се прават авантуристички турнеи по светов.
 
Член од
9 август 2012
Мислења
6
Поени од реакции
2
Убава маршута, ми се допаѓа!! Какво превозно стретство користевте? А за во берово сега има 400 ден во пансион со сауни и полупансион, односно доста солидно сместување.
Кај е тоа во Берово за 400 денари сместување со сауна? :)
 
Член од
3 февруари 2012
Мислења
120
Поени од реакции
20
Ех што ве гледам смешни.
Кај се идело на одмор низ Македонија,срамота е.На одмор се иди стрикно на море...за комшије да пукну из муке.Па послем слики на фејсбук па лајк па таг,па послем до нова година раскажуваш како било...ехееее сите да видат дека си бил на море па да пукнат од мака.Евентуално може да се одбере некоја европска метропола со нај-нај-најевтин аранжман...па тоа култура,па слики,па ручеци у МекДоналдс, па како демек си станал интернационале, почињаш да мешаш јазици, па збориш Скопско-Француски...Струмичко-Италијански....па сите улици ги знаеш од градот асли поштар.
А не ти по села си се залетал.Ако ми е за село таму мојте уште седат,кај нив ќе си ида на гости.

Ете тоа треба за да се биде модерен.Но ти немај гајле,терај тури низ Мк,навистина има убав провод и прекрасна храна. Единствено недостасуваат Хотелчиња за преспивање.Јас многу сакам да одам во мавровскиот дел...хотел Радика...Феноменална тишина и чист воздух...
хахахаххахахахха може е оф топик ама морам да пишам, браво за иронијата потполна вистина се изнасмев убаво :D
 
Fringe

Скитник низ паралелни светови
Член од
24 септември 2011
Мислења
7.898
Поени од реакции
3.004
Лани бев во Берово чичакова колиба.Оваа година не работеше па отидов во спа центар Аурора.Не видена убавина.Навечер кога е мирно се слуша испуштањето на водата од браната a наутро се будиш со звуците на природата
 
Kajgana Shop

На врв Bottom