Колку примања се потребни во Македонија за да една фамилија има пристоен живот

Cassaro

Паразит
Член од
15 февруари 2012
Мислења
3.306
Поени од реакции
10.320
Лудо е да се збори само за ИТ дека земале висока плата и под тоа се подразбираат само програмери/QA/дизајнери/менаџери.

Како што ја спомна твојата професија… Исто не ретко случајно циркулираат огласи за кол центар со 700+ евра плата, или некој content writer да речеме. Се што треба е убаво да се знае германски или некој друг западен јазик, и ќе може да се дојде до солидни примања и некои софтвери што не се ништо потешки од логирање и постирање на кајганава.

Има еден тон на компјутерски професии за кои не ти е потребен огромен effort и со 5 саати неделно инвестирани, за 1 година ќе бидеш спремен да направиш промена на кариера и ќе бидеш спремен за пракса/работа, пример дигитален маркетинг (цела низа на суб-кариери), администратор на веб страни, data entry, customer support, account manager, HR specialist ... Професии кои со неколкугодишно искуство можеш комотно да ги дуплираш приходите од 400 евра во државна администрација како легач.

Во смисла, не ни ти треба некоја фенси академија или курс, бидејќи како што спомнаа погоре, денес знаењето е многу ефтино ако не и бесплатно. Само што ќе го плаќаш со време.
Но, за тоа си треба потење на газето малце, кратење на попладневна дремка, истрајност, нервози а не лаганини кулиранција клати врата земај плата.

Имам пишувано пред 5 години како полудував од 14-15 саати работа за да ги стигнам тие што работеа подолго од мене во компанијата. Имам вложено стварно многу во поглед на саати, исто колку што некој има вложено на факултет ( тоа не е за мене имам пробано 2 пати) и денеска имам занает што вреди пари.Имам среќа што во тие моменти имам сретнато луѓе во животот кои ми дале мотивација да издржам додека не научам. Едноставно тој бизнис ако не ти сметаат работните саати и сакаш да напраиш брзи пари за 5-6 години тогаш ок. Ама не секој го сака тоа доволно, зошто поубаво е кафето пивото и искачањата.Денес не се замарам што сакам да јадам кај сакам нешто да купам итн. Единствено сум разочаран од самиот себе што немам посветено доволно време за инвестирање во акции пошо се имам залегачено последниве 2-3 месеци. Како и да е поентата ми е дека луѓето треба да учат занает и да вложуваат во работи каде што има напредок. Ради вакви работи каде што сите се жалат кругот на пријатели ми е сведен на минус и поише муабет имам со луѓе што никогаш се немам запознаено во живо. Пак ќе кажам не секој го може тоа и не секој човек треба да го прави тоа, ама во 2022 година да работиш под 700 евра е вреѓање на интегеленција доколку си млад човек без фамилија и некој да го носиш на грб.

Фросе ако е уште на форумов може да ви ја сподели нејзината приказна и низ бројки на изработени саати да ви објасни колку има вложено за да стигне таму каде што е.Едноставно се вложува во перспективна професија, нема што да вложувам време во работа на шалтер каде што сум пун со нервози и минус
 
Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
15.656
Поени од реакции
34.946
^ Toчно се согласувам.. Ама да не ја тераме сељачката.. Немаш пари зашто не работиш. Многу површно видување на нештата.
Незнам ни како ги гледате на цела таа маса на сиромашни луѓе околу Вас. Дефакто тој што е сиромашен е и МРЗЕЛИВ! Да сакал пари да направи, ќе направел и точка.
Нема врска системот, државното уредување, социјалните склоности.
Нема врска што од 100 мали бизниси само 4 успеваат после 365 дена.
Да било така лесно да се биде успешен сите ќе биле.

И не ми е јасно тоа безусловно бркање на пари по секоја цена.
Па другар лани смени работа од 46.000ден. со 10 сати на работа, стресна во корпорациско хиерархиско уредување, каде имаш 20 души под тебе кој треба да им командаш и 3-ца шефови кои те наоѓаат крив за тоа што не сработиле тие 20 души под тебе. Од 80кг. за 3 години работа се направи 110кг.
Смени работа за 25-30.000ден. - Доста ми се вика. Раат сум психички, Сопругата работи. Имам решено станбено прашање. Можеме да си дозволиме работи што НИЕ ги сакаме. Можеби не сакаат Мајбах и одмор на Сејшели.
Доволно им е Астра и одмор во Грција.

Вие би рекле - МРЗЕЛИВИ ЛУЃЕ! Без стремеж да успеат во животот. Tака?
Бркаш пари сега, оти нема да можеш понатаму.
Ако чекаш на пензијата сибало мамата, нема да ти стигне ни за пола месец.
Ако сакаш да му дадеш малку предност на децата за нивниот почеток, пак мораш да лупаш додека си млад.
Ако сакаш да создадеш капитал за пасивен приход понатаму, пак мораш да лупаш додека си млад.
Како старееш ќе ти требаат се повеќе пари за здравствени услуги, а како тргнало државното здравство, не ти се пишува добро ако немаш кеш на страна за итни интервенции на приватно.
Ќе останеш без заби, ајде вилици, ајде импланти, па ајде за децата...

И не правиме муабет за безусловно бркање на пари, туку пробување на опции за подобрување на квалитетот на живот.
Ако во таа фирма не го ценеле и вадел 46 000 денари, не значи дека нема да го ценат и надвор од тука, или нема да го ценат на друго место/во друга сродна област, или пак дека мора да си легне на брашното и да седи за 25-30к во моменталната фирма.
 
Член од
7 декември 2019
Мислења
4.633
Поени од реакции
8.205

Не се оптоварувајте со тоа!
Ако му платиш образование на детето, нема да најде работа по струка па ќе мора да се дообразува или скроз да мења струка.
Ако му направиш спрат или му обезбедиш стан, ќе отиде по работа во друг град или држава.
Никад нема да спечалиш толку за да бидеш комотен цел живот, комотен со пари и обезбеден за се’! Ќе обезбедиш за лечење на заби и притисок, ќе те стрефи срце, чуму ти е фурањето? Залуден труд.
И еден совет од еден сениор: живејте како млади, не да лежите и ништо не работите, него да не бркајте фонд за комотна зона! Нема таква, ќе се претворите во воркохолици, кои и на 70+ ќе идат на работа и заработка чисто од навика и од незнаење што да прават дома :toe:
Џабе ви се и пари и недвижности! На 70+ нит ќе имате апетит и осет за храна како до 50, нити сили за патувања, а за други телесни активности;) да не зборам.
Нема фонд на средства кој ќе те направи среќен!
 
Држи вода и тој муабет, но генерално муабетот ми е дека никој не знаеме што не очекува кога ќе сме повозрасни.
Можеби тогаш ќе правиме пари и повеќе од доволно, а може нема да сме способни и да извадиме за леб.
Срце може да те стегни и од нервози поради што немаш да јадеш, или оти ти трпи семејството.

Инаку на муабетот од темава, вчера ми излезе ова пред очи:
Брат и сестра дипломирале со просек 10 но со години водат битка да обезбедат вработување

Е јас ваквите не ги разбирам, и не сфаќам што очекуваат ако имаат просек 10?
 
курајбер

млад, потентен
Член од
29 јануари 2007
Мислења
16.291
Поени од реакции
45.801

Снежана моментално работи во приватна фирма која не е поврзана со нејзината струка, а нејзиниот брат вели дека преведува и работи на проекти.
:toe:
 
Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
15.656
Поени од реакции
34.946
Овој дел е врвот :D:
-Се зачленив во СДСМ бидејќи верував дека кога ќе дојдат на власт ќе се изборат за тоа што го ветуваа, т.е. живот за сите и дека ќе им ги вратат од странство децата на мајките. Јас од нив не побарав да ме вработат партиски, јас само сакав да добијам можност според моите компетенциии и квалификации да се вработам и да придонесам во моето општество. Во 2018 бев одбиена од ЦСР каде што аплицирав за правник иако ги исполнував сите услови. 4 години откако се на власт СДСМ јас се уште не ја добивам таа можност, вели Снежана Секуловска.
 
Член од
12 април 2020
Мислења
468
Поени од реакции
866
Не е така едноставно.
Еве тргнувам од себе си.
Сум во дефицитарна струка, подефицитарна не верувам дека има во цела европа и сите тие држави за емиграција што се популарни сеа, потребите од моите услуги се енормни, работа имам колку сакам. Едвај чекаат да прифатам дека би работеп по 15 саати, ќе ми ги дадат.
Пробувам да не претерувам со саати пошо уште сум во фаза на учење некои работи. На работа работам 8 до 9 саати во три смени, сите саати се ефективни и дома уште по 2 до 4 учам ...
Платен нешто посебно не сум, барем засега...Секој од ај ти во градов зема барем 2х до 3х поголема плата од мене. Буквално секој ајтиевец во Македонија зема повисока плата од мене.
Да бев во Скопје ќе работев 10% помалку ефективно додуша, а ќе имав макс 400 евра плата...
Така да не е се така како што некои викаат.
Дефицитарна струка не е гаранција за ништо, учење исто не е гаранција, па и работливоста во мојов случај исто така не е нешто посебно наградена.
Моментално се тешам дека ќе добијам некоја австралиска виза па таму да видам нешто повеќе пошо е далеку поценета таа струка таму...

Ама да менувам во ајти после 10 години учење во дефицитарна струка би било рамно на лудост...
 
Член од
17 август 2011
Мислења
9.766
Поени од реакции
17.482
Why? Јас сум во процес да сменам, иако иам добро платена работа и 7-8 години вложен труд. Едноставно глеам дека до тука е лимитот, и барам нешто повеќе.
 
Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
15.656
Поени од реакции
34.946
Не е така едноставно.
Еве тргнувам од себе си.
Сум во дефицитарна струка, подефицитарна не верувам дека има во цела европа и сите тие држави за емиграција што се популарни сеа, потребите од моите услуги се енормни, работа имам колку сакам. Едвај чекаат да прифатам дека би работеп по 15 саати, ќе ми ги дадат.
Пробувам да не претерувам со саати пошо уште сум во фаза на учење некои работи. На работа работам 8 до 9 саати во три смени, сите саати се ефективни и дома уште по 2 до 4 учам ...
Платен нешто посебно не сум, барем засега...Секој од ај ти во градов зема барем 2х до 3х поголема плата од мене. Буквално секој ајтиевец во Македонија зема повисока плата од мене.
Да бев во Скопје ќе работев 10% помалку ефективно додуша, а ќе имав макс 400 евра плата...
Така да не е се така како што некои викаат.
Дефицитарна струка не е гаранција за ништо, учење исто не е гаранција, па и работливоста во мојов случај исто така не е нешто посебно наградена.
Моментално се тешам дека ќе добијам некоја австралиска виза па таму да видам нешто повеќе пошо е далеку поценета таа струка таму...

Ама да менувам во ајти после 10 години учење во дефицитарна струка би било рамно на лудост...
Имаш 2 опции за прогрес: да смениш држава, да смениш струка (доколку нема фирма што нуди повеќе).
Нема лудост, ако тоа што го работиш не ти ги покрива твоите потреби и очекувања, лудост е да чекаш да се смени нешто без да работиш на промената.
Ете тоа што си почнал за виза е еден чекор, но за таа држава очекувај 2+ години процес.
 
Член од
20 јули 2016
Мислења
7.663
Поени од реакции
4.974
Држи вода и тој муабет, но генерално муабетот ми е дека никој не знаеме што не очекува кога ќе сме повозрасни.
Можеби тогаш ќе правиме пари и повеќе од доволно, а може нема да сме способни и да извадиме за леб.
Срце може да те стегни и од нервози поради што немаш да јадеш, или оти ти трпи семејството.

Инаку на муабетот од темава, вчера ми излезе ова пред очи:
Брат и сестра дипломирале со просек 10 но со години водат битка да обезбедат вработување

Е јас ваквите не ги разбирам, и не сфаќам што очекуваат ако имаат просек 10?
Психолог неможел да најде работа сега...ај нека зезаат некој друг. Психолози се бараат под дрво и камен сега. Класична платена вмровска пропаганда. Или ќе се кандидира за министер или директор на некоја агенција. Лаже суши.
 
Член од
8 јули 2008
Мислења
4.425
Поени од реакции
7.789
Заебана е и таа "работи додека си млад", бидејќи многу од добро платените работи во државава, кои не се ИТ, да речеме адвокатура, доктор, судија, професор на факс, архитект, сметководител, градежен инженер(можеби, не сум баш сигурен за оваа) и мал милион други такви специјализирани струки почнуваат да ги прават првите "убави пари" после својата 35та година, огромен дел од нив и доста покасно.
Секако, не навлегувам во рамковни вработувања и некои ептен што се со дебели врски. До тогаш хаслаат, учат и заработуваат околу просекот, како специјализанти/стажанти/соработници/приправници или што год.
Има многу тука бирократии и процедури, државни испити, специјализации, лиценци, стажирања, волонтирања, па врски, па чекања и тн и тн...

Да ги игнорираме врските и исполитизираноста у целава приказна секако...

Да речеме еден доктор-специјалист, без хардкор дежурства во државава првата 1000ка во евра, со нормални 8 работни саати ја прави на 40 години, мање више.

И тоа е малце заебано и можеби ствара искомплексираност кај самите нив (делумно поради немање морален компас, делумно поради тоа што си викаат fuck it, у lawless вукојебина живеам) и затоа истите се впуштаат во полу-легални типови на трансакции па дури и директно мито откако се најдат на тие позиции.

Цела младост ја вложиле во лиценци/стажирања и тн и тн (иако и од ИТ исто има учење како и кај нив), и сеа кога им е редот, мора да надокнадат за тоа што го испуштиле. Фамозни изјави на еминентни доктори од типот "За 1000 евра конзерва не ти отварам, не па операција на глава/череп/мозок" се само еден од плејадата на примери во овие случаеви.

Многу е симптоматично и дури вчудоневидува фактот што луѓе кои ги знам лично и долго, во свои касни 20ти, ги гледам уште од сега како се острат за "убавите денови", кога ќе дојдат до нешто, едноставно во глава им се тие "светли денови" во нивната кариера и се гледа дека уште од сега пепел ќе праат и ќе бидат подеднакво ако не и повеќе корумпирани од сегашниве луѓе во горенаведените сектори.

Од друга страна, новиве генерации или т.н Gen Z - рани 20ти, особено оние од по-урбани средини, израснати во тотална ера на интернет имаат каде каде по-светла иднина во поглед на заработувачка во државава, бидејќи се колку-толку подисчистени од нашиве транзициски трауми, доста од нив имаат солидна основа и тн, без оглед на професијата која што ја имаат. Плус сфаќаат дека еден доктор/архитект/градежен инженер или правник, може во денешно време на повеќе начини дигитално да заработува користејќи ја својата струка.

Додека пак оние што се наша генерација или постари, веќе можеби им отишол возот за дигитално префрлање на своите знаења и струки, генерирање на приходи кои нема да створат комплекси покасно во животот. Неколку години голема разлика праат искрено, особено во периодот од 2005 - 2015та.

Во однос на оние што се со 10 просек, не знам дали е точно фејк, медиумска патка, но ќе наведам еден факт кој денес многу се игнорира при кариера, а тоа е креативноста и секако дигиталните вештини.

п.с постојат исклучоци за се, па така и за сите тези во мојов пост.
 
Последно уредено:
Член од
12 април 2020
Мислења
468
Поени од реакции
866
Би додал на горниов пост уште една вештина.
Тоа се они меки социјални вештини што ги викаат или социјална интелигенција што ја викаат енглезите. Дали човек со нив се раѓа или ги учи не знам, ама се страшно битни. Да знаеш со секакви луѓе да се разбереш, да знаеш да маневрираш низ секакви ситуации со секаков народ е многу битно. Особено во оние помалку технички струки како право, психологија да ги земеме ко пример.
Оние кои се од една страна способни, работливи и истовремено знаат со народ да се разберат може далеку да стигнат.
 
Член од
26 јануари 2009
Мислења
11.617
Поени од реакции
18.088
Би додал на горниов пост уште една вештина.
Тоа се они меки социјални вештини што ги викаат или социјална интелигенција што ја викаат енглезите. Дали човек со нив се раѓа или ги учи не знам, ама се страшно битни. Да знаеш со секакви луѓе да се разбереш, да знаеш да маневрираш низ секакви ситуации со секаков народ е многу битно. Особено во оние помалку технички струки како право, психологија да ги земеме ко пример.
Оние кои се од една страна способни, работливи и истовремено знаат со народ да се разберат може далеку да стигнат.
Лижење гз или упикување го викам јас тоа, Македонците како народ го имаат издигнато нивото на таа вештина.

Во фирмава од која си одам имам човек на кој прво вработување ко дизајнер и фронтендаш му беше на 45 години, најстариот кој се шифтал во IT кој го знам имал 60 години.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom