Е да ама пак се водиш по субјективно гледиште. Тебе ти тргнало, сите правете како мене.
Поентата ми е дека секаде има дефицитарни кадри и не е поентата да станеш програмер за да се збогатиш.
Економијата и пазарот на труд е комплексна тема. Секој еден труд треба да биде подеднакво ценет и вреднуван согласно квалификациите и комплексноста на работата.
Друго сака да ти каже, треба отворање на очи и бркање бизнис што е доходовен, а за таква работа треба да се излезе зона на комфор.
Имаш илјадници што чекаат да бидат вработени од државата, и се жалат оти немало работа со тоа што го учеле. На крај од денот никој не ти е крив што си одбрал работа која не е дефицитарна, или не е потребна во моментот.
Во таков случај лудост е да го губиш времето и да седиш така, подобро преквалификувај се и работи нешто што носи пари, или ако веќе имаш поголеми шанси надвор, фаќај џаде.
Друга работа што често ја гледам кај нас е: "јас ли да го работам ова, јас учев факултет". Е супер за факултетот, ама во моментов ни требаат: водоводџии, багеристи, кранисти, механичари, плочкари и слично, а со тоа што пред 10тина години 80% од генерациите се запишаа на факултет и се испразни државата, веќе немаме луѓе со средна стручна подготовка. Од друга страна факултетџии колку ти душа сака.
Дали сите тие требало да учат и завршат факултет? НЕ!
Дали сите ќе треба да работат писари, само оти имаат факултет? НЕ!
Дали сите треба да бидат програмери? Не, и не ни можат!
Битно е секој да си ја прифати реалноста, и да е свесен што може, и во која област може да го извади максимумот од своите когнитивни и физички способности.