Колку примања се потребни во Македонија за да една фамилија има пристоен живот

Член од
29 јуни 2014
Мислења
23.679
Поени од реакции
38.864
Платата се одредува според економијата и потребата во секторот од ова што сум читал. Појака економија појаки плати. Со покачувања плати без резон ќе се крене инфлацијата у небо. Тогаш и пари ќе имаш еден тон и тие ништо нема да вредат.
 
Член од
29 март 2024
Мислења
230
Поени од реакции
368
Се додека нема 5% невработеност што е скоро полна вработеност на населението неможе да има природен раст на платата. Како што пишаа погоре вештачко дигање на минимална плата или било која плата создава инфлација и куповната моќ паѓа.

продуктивноста и иновативноста во една држава е тоа што ги крева платите, заедно со ниска каматна стапка на невработеност.

освен ракија, вино, леб и газирана вода мора и нешто друго да произведуваме. А не све да увезуваме.
 
Член од
30 јуни 2020
Мислења
2.442
Поени од реакции
9.180
освен ракија, вино, леб и газирана вода мора и нешто друго да произведуваме. А не све да увезуваме.
Ова последното е најголем проблем, невработеноста сама од себе ќе ја решиш ако има производство.
Производство ќе има ако створиш услови.

Во '96 време на транзиции, приватизации и чуда, додека не бевме уште раскрчмени ко држава му дававме зимата жито на бугарите за да преживеат. Не помина многу време за да ни ја вратат топката и тие да ни даваат, а денешно време скоро сичкото е увоз.

Кога имаш услови за производство а увезуваш месо, млеко, жито... пиши пропало.
Ти електростопанство да си продадеш, железници пепел, пошта пепел, окта е туѓа, телекомот... до утре можи да редиме. После сакаме примањата да се доволни за пристоен живот, е не оди едното со другото.

Не можи само вработи ги на државно, кревај платите нека те гласаат и после лебот 50 денари векна. Нафтата 2 евра литар.

Да не прајме муабет шо пензискиот фонд е на апарати, да речат од утре не исплаќаме веќе пензии (а и тој ден со ова темпо не е Бог знае колку далечен) тек ќе има тензии и плачки.

Сега сме на ниво на држави од Латинска америка што биле, а забрзано ќе одиме кон Афричките ако нешто не се смени од корен.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom