Основното го мразев ( бев тешка бубалица и се нервирав за секоја четворка), средното ми беше ептен добро, секој ден ми беше посебна приказна, се смеев нон стоп и киснев и за време и по часови во Ориент и Казабланка( па тука гледање на кафе , запознавање со луѓе ова -она) се чувствував ама баш free,ептен добри тинејџерски години имав, а и доста научив баш заради тоа што имав и мотиви,
На факултет сега не да ми е добро, туку ми е ненормално добро, буквално уживам, го учам она што го сакам, опкружена сум со ок луѓе , не чувствувам никаков притисок, пак киснам по кафиња, а и имам многу слободно време за да направам се што сакам да го направам.
Образованието е многу важно и сите со тек на време го сфаќаме тоа, оценките не се толку важни колку што е важно тоа да го научиме она што еден ден навистина ќе ни биде потребно, ако не заради околностите ,барем заради себеси( а и е добар начин за запознавање на многу луѓе и за вистинско вклучување во социјалниот живот)