Колку го сакате/сте го сакале школото ?

RaZ-R

Артилерец
Член од
8 ноември 2009
Мислења
3.415
Поени од реакции
2.550
Би идел секој ден во школо,заради дружење и зезанција,ама тишина да биде на час и да има испрашувања и тестови ич несакам
 
Член од
23 август 2008
Мислења
1.755
Поени од реакции
264
Имав периоди кога го обожавав и имам периоди кога го мразев. Во забавиште ми пратија на 5 години и еден месец, најмала од цела група и памтам дека многу плачев на почетокот додека не се навикнав, а после неколку дена толку многу го засакав школото што плачев кога лажно ми се закануваа дека ќе ме отпишат ако не изедам се во тањирот :) После првата година во забавиште имав опција да почнам со прво одделение, но моите сепак одлучиле да не ми го скратуваат детството и ми дале уште време да се изнаиграм па одев уште една година во забавиште. Тогаш бев со мои врсници и ми беше многу поубаво.
Од прво одделение ги имам најубавите спомени. Конечно имав можност да се докажувам! Од старт се покажав одлично. Прва научив да читам правилно (а не во себе), на диктатите имав најдобри резултати...се беше како во сон :) фалби од сите страни, частења.....
Дружбата со другарчињата ми беше супер, се разменувавме со сликички (во тоа време имаше едни кроасани со самолепливи сликички Чипикао мислам се викаа). Првото одделение ми помина идилично.
Второ, трето и четврто исто така.
Е тогаш дојде петто! Најдобрата другарка ми се пресели и почна да учи во друго школо. Јас останав сама опкружена со хиени во пубертет. Грди години ми беа од петто до осмо. Зборам за дружбите, децата се сменија, се расипаа :( За учењето не зборам, супер како и секогаш.
Кога почнав со средно тоа беше шок за мене:vozbud: Имав среќа што 1ви септември беше петок, затоа што следните два дена нон-стоп повраќав од возбуда!
Нова населба, нови дечки, ново школо, нови професори... Првиот ден не познавав никој во школото, но веднаш се запшознав со неколку девојчиња и сега после 4 години дружба со нив можам слободно да го потврдам она дека „првиот впечаток е најважен и најверодостоен“ и стварно беше така. Со оние што уште првиот школски ден бев добра уште се дружиме, со тие што уште првиот ден не се мирисав - не се мирисам ни сега. Учењето во средно по старо. Дружењето најдобро на свет! Во трета кога ни ги донесоа компјутерите многу ни пречеа, моравме да седиме по азбучен ред, се чувствувавме како броеви... Единственото нешто што ме нервираше во класот е што сите беа премногу незаинтересирани,заспани, утепани, просечни... Се чувствував како единствена будна која се буни против неправдите:toe:

Се на се, имаше денови кога ми се плачеше од помислата за школо, но сепак ќе имам само убави спомени од школските денови затоа што како што сите викаат тие се најубавиот период од младоста на еден човек.
 
Член од
22 ноември 2009
Мислења
644
Поени од реакции
156
одвај чекав да појдам на училиште посебно кога бев средно, едно што седев со едно од најубавите девојчина во класот, друго секогаш мораше да се случи некоја глупост, трето млада професорка по математика... пред некој месец така навратив малку до училиште нешто ко за десетгодишнина абе тоа професорките неможеш да ги препознаеш дали се професорки или ученички... ех.......пак ми се сака во средно
 

Psyside

Nocturnal
Член од
30 јануари 2009
Мислења
18.743
Поени од реакции
18.492
Кога бев 17/18 го мразев, после неколку години по завршувањето кога сватив што сум имал го засакав.
 
Член од
21 декември 2009
Мислења
131
Поени од реакции
26
Учам таму каде што учам, само поради тоа што школото ми е во маало, и уште пред да се запишам знаев дека ќе бидам опкружена со луѓе кои нема шанси да ги засакам...
Како и да е, најдов и такви што ми одговараат, не ми е досадно, како што замислував дека ќе биде.
Не сум опркужена со 100% сељаци... Во секој случај, тука се оние 65%
...
Во почеток на учебна година, мислев дека воопшто не сум била во право во врска со "учениците"... сите ми се чинеа фини, одењето во школо ми беше страшно забавно... Па поминав низ период кога ги мразев сите, и си се вратив на старото мислење, она, пред да се запишам... за на крај пак да засакм дел од нив.
И сега, за време на распустов, страшно ми фалат.
... Не само другарите/ките, него и учењето.
 

Kostic

Sadio smokve oko Tadz Mahala
Член од
31 јули 2009
Мислења
9.856
Поени од реакции
5.611
Немора да значи! Јас завршив, и единствено позитивно во цело средно ми еше што научив на најтешкиот начин како изгледа средбата со лицемерни луѓе! Не го сакав средното, и не би посакал да се вратам пак! Нормално дека запознав и доста лојални другари, со кои што контактирам секој ден но тоа е само една светла точка.... доста голема тема што би требало да ја разјаснувам на долго и широко, а нема смисла за тоа
Па ајде,гукни...што застана..:smir:
Дообјасни,баш сакам да ти го видам ставот и размислувањето.А што се оденсува до мене,основното беше ЗАКОН,а сеа во средно,ми се гади од самата помисла дека треба да одам во школо.
 

Chapstick

Сам свој психолог
Член од
7 август 2009
Мислења
2.986
Поени од реакции
311
Сакам го заради дружење зезанции и правење глупости на часовите, ама коо дојде ред за учењето го мразам!
 

pain_killer

Invictus
Член од
27 јули 2007
Мислења
4.539
Поени од реакции
2.229
Па ајде,гукни...што застана..:smir:
Дообјасни,баш сакам да ти го видам ставот и размислувањето.А што се оденсува до мене,основното беше ЗАКОН,а сеа во средно,ми се гади од самата помисла дека треба да одам во школо.
Епа знаеш како е коај свите ќе ти викаат: ,,средно се најубави години, средно има највиште дружење, уживај дур си средно‘‘ и коај ќе ти ја наполнат главата со таја глупост очекуваш коај ќе идеш у средно тоа да биде изградено од мед и млеко, да имаш во клас кловнови што ќе кажуваат смешки без замор и без претан и сите да бидат пријателски настроени кон тебе! И пустото, а дојдеш средно и видиш не било баш така!
бевме 3-4 ца што важевме за поголеми забушанти, другите углавно се фокусираја на втора светска војна, на матрици и на интеграли, на алкани алкени и алкини, нерамномерно праволиниско движење и што уште не.... И кога ќе се најдеш во таа средина мораш малце да го пригушиш тоа диво нешто во тебе, и да пробаш да се прилагодиш на поголемиот дел од другарите за да не бидеш чудак. Тогаш сите заблуди што некој ти ги кажувал почнуваш по малку да ги подмразуваш! Наредно недајбоже да добиеш поголема оценка или се запречкаш со некој твој добар другар, што е разлигавена татина маза има да направи све за да испадне подобар од тебе, посебно ако има некоја моќ, пример татко му да е некој доктор, судија, политичар..... има да те наклевети, да измисли ако треба и најлошо само за да те замрази некој професор и да трпиш поголема мака од него! Мене ми требаја 2 години за да сватам кој како работел, бидејќи ние бевме еден навидум сложен клас кј што беше поделен на групи кои што наводно се сакаа а уствари не се трпеа едни со други освен коај им требаше некоја помош, најчесто одлагања на тестови преку горенаведените татковци! Мислам дека во трета ми се случи да го јадам од тие од кои што најмалку очекував.... и од тогаш изгубив доверба во повеќето! Сега завршив средно и на многу људи им кажав дека тоа ми е последен пат да имам некакви контакти со нив. Сега се дружам со мал круг од оние кои веќе со сигурност можам да кажам дека ми се докажани другари!
(треба да пишувам уште?:) :) )
 

Toecutter

Biafran Baby
Член од
12 мај 2009
Мислења
5.243
Поени од реакции
2.444
Чколијата...хммм........
Чудни асоцијации ми доаѓаат...
Евреин во Дахау...
Свиња во џамија...
Живинка во кафез во зоолошка градина...

Паметам имаше некакви створења кои галамеа,тепаа и кењаа наоколу...мислам дека се вртеа ако им подвикнеше некој “Професорееее“...
 

831

רַב אושר של חוכמה
Член од
8 ноември 2009
Мислења
6.990
Поени од реакции
12.634
Абе, нај шо мразев беше тоа што морав да читам нешто што не ме интересираше па затоа најчесто си земав книги од библиотека. Најдобро ми беше кога ќе дојдеше одморот и кога се дрпавме со девојчиња, кога пушевме марихуана и пиевме ракија...тоа ми недостасува и би сакал да се врати. Најздравбо ми беше на математика затоа што професорката секој ден мирисаше на сексуална желба (мажите го знаат тој привлечен мирис, а верувам и лезбејките) и секогаш се потпираше на мојата клупа со раката до пола пикната во фармерките од предната страна т.е. кај срамното (несвесно го праеше тоа, а мене свеста ми работеше 200 на саат.... :)))) итн...
 

Kajgana Shop

На врв Bottom