Кај нас дипломата, реално гледано не вреди ништо. Џабе трошење пари, џабе нервозите. Знам дека постојат исклучоци, дека одредени факултети се попросперитетни, други не. Но не станува збор за кој факултет си се одлучил и зошто, туку за дипломата која си ја добил. Таа секако не е гаранција дека ти имаш не знам какво знаење од конкретната област(а тоа е затоа што факултетите не нудат никаква пракса, туку само сувопарно учење), но е сепак некаков доказ за вложениот труд и претставува стартна позиција за да можеш понатаму да се надградуваш. Ама не можеш да се надградуваш, ако не добиеш можност да работиш во соодветната област. А можноста најчесто знаеме како се добива. Преку оглас сигурно не. Тоа е основниот проблем. Понатаму и да најдеш работа со дипломата, многу возможно е да бидеш многу малку платен, па ти доаѓа да ја запалиш и си викаш поарно да црнчиш некаде за тродупло повеќе пари, отколку да се задоволиш со тоа што ќе работиш "по струка" по 12 саати дневно за 0 пари и плус си поистоветен со некој што без факултетска диплома работи во истата струка, истата работа, за која ти си далеку покомпетентен. Значи каде тука се вреднува мојата диплома?
Е сега дипломата стварно може да ти заврши работа ако некој близок (роднински + партиски) ти е на убава позиција, па има можност да те пикне некаде каде ќе бидеш комплетно задоволен. А и ако ја немаш, ќе те форсира да ја добиеш, оти местото те чека.