Колку вреди факултетската диплома?

Член од
6 јануари 2010
Мислења
1.120
Поени од реакции
104
Немој така...боки13ка нели е на ФОН???
Атмосферата во ЈБТ можеби не ме научи на ништо позитивно во животот, освен на една работа која многу ја ценам - да бегам подалеку од такви фенси места. Не сум јас за таму. Јас и луѓето од ФОН имаме сосема различни сфаќања кон животот :wink:
 

Олимпија

Македонија во срцето!!!
Член од
26 март 2008
Мислења
5.624
Поени од реакции
9.146
Не гледаш на универзитетското образование правилно. Тоа вреди повеќе од хартиена диплома или работно место со повисока плата, вредноста не се мери материјално. Универзитетот ти нуди ново гледиште на нештата, начинот на размислување и дејствување во општеството, во изградувањето на личноста и издигнување на едно ниво повисоко. Вработувањето гледај го како секундарна работа.

Знам, има секакви примери и исклучоци, меѓутоа ова е суштината :)
Да станува збор за друга држава, па и да ти држи вода муабетов, ама зборуваме за МАКЕДОНИЈА.Земја каде факултетската диплома е едно обично парче хартија.Држава во која трудот, знаењето и образованието СЕ ПОТЦЕНУВААТ МАКСИМАЛНО, А СЕ ВРЕДНУВА ЕДИНСТВЕНО САМО ПАРТИСКАТА КНИШКА.За вработување на високо работно место и добра материјална состојба ти треба само партиска книшка, а може да имаш основно-средно образование(да те потсетам дека двајца професори во средно медицинско на кои им истече договорот за работа беа вработени со средно образование).За во истата држава праиме муабет дека не размислувам правилно?:uvo:Зошто да го гледам вработувањето како секундарна работа, за што тогаш би учела факултет?За што учеле факултет сите оние кои имаат диплома дома и седат без работа?Јас разбирам дека пред се' се образуваш за себе, ама треба и од тоа за што си се образувал да егзистираш, само што тоа кај нас не е возможно.Не се живее со седење дома, гледање во дипломата и доручек, ручек и вечера да ти биде делче од истата:toe:Додека добрите и образовани кадри седат дома, оние со средно-партиски куртони работат на нивните работни места со никакво образование.
Знаеш ли кое понижување го доживуваат оние со диплома кога ќе отидат да конкурираат за некое работно место чистачка, келнерка (не ги потценувам овие работни места да не ме разберете погрешно) за да можат да преживеат, затоа што не можат да живеат само со образованието, бидејќи со него не може да ја намалат гладта? :бесна:
Кога би се вреднувале и вработувале вистински образованите луѓе на прави места би биле држава, а не да си играат 19 години држава.:nerv:
 

devojka111

i'm real
Член од
28 декември 2008
Мислења
1.937
Поени од реакции
148
Не гледаш на универзитетското образование правилно. Тоа вреди повеќе од хартиена диплома или работно место со повисока плата, вредноста не се мери материјално. Универзитетот ти нуди ново гледиште на нештата, начинот на размислување и дејствување во општеството, во изградувањето на личноста и издигнување на едно ниво повисоко. Вработувањето гледај го како секундарна работа.

Знам, има секакви примери и исклучоци, меѓутоа ова е суштината :)
Тотално се согласувам со тебе. Сето тоа што го спомна погоре- созревањето, изградувањето и осамостојувањето на личноста и новиот поглед на работите кои ти ги дава образованието и тоа како може да придонесе во зајакнување на вербата во себе и своите квалитети, кои кога тогаш ќе дојдат до израз и ќе се ефектуираат.
 

Мајло

B I S
Член од
22 јуни 2009
Мислења
1.594
Поени од реакции
940
Партиски книшки и такви работи,да вредат многу во оваа држава,меѓутоа ако си најдобар во својата област,тогаш нема да имаш никакви проблеми со вработување,напротив можеш и да бираш.:smir:
 

bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
16.330
Поени од реакции
7.799
Не вреди колку средствата што ќе ги потрошиш за нејзино стекнување, особено затоа што скоро и да нема практична настава.
 

Мајло

B I S
Член од
22 јуни 2009
Мислења
1.594
Поени од реакции
940
Атмосферата во ЈБТ можеби не ме научи на ништо позитивно во животот, освен на една работа која многу ја ценам - да бегам подалеку од такви фенси места. Не сум јас за таму. Јас и луѓето од ФОН имаме сосема различни сфаќања кон животот :wink:

А добро како можеш така да кажеш "луѓето од ФОН"?


Прво треба да научиш дека не треба сите да ги ставаш во исти кош.
 
Член од
6 јануари 2010
Мислења
1.120
Поени од реакции
104
А добро како можеш така да кажеш "луѓето од ФОН"?


Прво треба да научиш дека не треба сите да ги ставаш во исти кош.
И јас мразам генерализација, но факт е дека, ако не 80, барем 70% од запишаните на ФОН се мамини и татини ќерки и синови кои се запишале таму само затоа што е приватно и само затоа што дипломата им е загарантирана.

Не вреди колку средствата што ќе ги потрошиш за нејзино стекнување, особено затоа што скоро и да нема практична настава.
А што факултет имаш ти завршено па немаш пракса?
И јас сакам да студирам квантна физика, ама нема да најдам работа тука. Затоа што тоа е квантна физика. А за медицина/право/економија/бизнис/менаџмент кои се се статистички гледано, најзастапени професии, има работа, нема кој да работи.
 

bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
16.330
Поени од реакции
7.799
А што факултет имаш ти завршено па немаш пракса?
И јас сакам да студирам квантна физика, ама нема да најдам работа тука. Затоа што тоа е квантна физика. А за медицина/право/економија/бизнис/менаџмент кои се се статистички гледано, најзастапени професии, има работа, нема кој да работи.
Види јас си стојам на зборот и тоа што го имам напишано дека не вреди затоа и немам факултет, ама имам пракса за повеќе области самоук сум. Што ме интересира ќе го прочитам и пробувам дали е така, ако е така е во ред ако не е тогаш е погрешна теоријата.
 
Член од
26 јануари 2010
Мислења
119
Поени од реакции
7
дипломата кај нас не вреди многу,повеќе вреди партиската книшка

последен пример професорите во медицинско што предавале со средно
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.800
Поени од реакции
12.285
Ич не вреди, немој да сте учеле случајно :nesvest:
 
Член од
6 јануари 2010
Мислења
1.120
Поени од реакции
104
Види јас си стојам на зборот и тоа што го имам напишано дека не вреди затоа и немам факултет, ама имам пракса за повеќе области самоук сум. Што ме интересира ќе го прочитам и пробувам дали е така, ако е така е во ред ако не е тогаш е погрешна теоријата.
Се приметува...
 
Член од
28 јануари 2010
Мислења
21
Поени од реакции
2
lele uste si prajte filmoj deka samo vo Makedonijava seto bilo so vrski vaka taka... abe sega drugo vreme idi lugje..za drzavna rabota, da, dodusa ke ti trebaat vrski, ama kako idi se malce po malce se privatizira i nikoj ne mu e gajle ti dali si od trajko od petko sin mu ako ne te biduva mrs u p.m.
a diplomata ti e dokaz za znaenje (sekako ima isklucoci).. a ko so idi vremevo sega samo so sredno si ko porano so osnovno :S ...a ne gledam pricina zosto da ne se zavrsi fakultet bogami trebaat pari da..ama ce popecalis, ce porabotis, ce se pozajmis ..pa znam lugje koi i ucat fakultet i preku letoto rabotat da si gi platat studiite .. A pojceto kazetesi iskreno ve mrzi da ucite i dosta se zalate dzabe e diplomata,faklutetvo...dzabe e ako si trup vo glata i tato mama ako ti plajca za sekoj ispit da go polozis.. :D
ama sekoj so srejcata
na kraj kraeva NAJMNOGU ZAVISI OD UMO so go imas ako si trup dzabe ti e i za magister da zavrsis, ako te biduva i so sredno ce uspejs.. :toe:
 

аллександар

Вечно ненаспан
Член од
5 мај 2006
Мислења
7.381
Поени од реакции
2.522
со оглед у каква држава живееме не баш дека вреди којзнае колку, не е без ич сепак кога ке искочиш некаде со диплома те гледаат со подруги очи али има многу шо ги купиле (буквално купување) дуплома па после незнаат ни 1 посто од работата шо треба да им се даде...
има и такви шо учат колку да се каже дека имаат диплома од факултет а од наученото немаат појма зашо учеле се како папагали за на колоквиум да знаат а после 2 недели појма немаат...
 

Marionka_z

Omnia mea mecum porto
Член од
16 јануари 2009
Мислења
208
Поени од реакции
29
Кај нас дипломата, реално гледано не вреди ништо. Џабе трошење пари, џабе нервозите. Знам дека постојат исклучоци, дека одредени факултети се попросперитетни, други не. Но не станува збор за кој факултет си се одлучил и зошто, туку за дипломата која си ја добил. Таа секако не е гаранција дека ти имаш не знам какво знаење од конкретната област(а тоа е затоа што факултетите не нудат никаква пракса, туку само сувопарно учење), но е сепак некаков доказ за вложениот труд и претставува стартна позиција за да можеш понатаму да се надградуваш. Ама не можеш да се надградуваш, ако не добиеш можност да работиш во соодветната област. А можноста најчесто знаеме како се добива. Преку оглас сигурно не. Тоа е основниот проблем. Понатаму и да најдеш работа со дипломата, многу возможно е да бидеш многу малку платен, па ти доаѓа да ја запалиш и си викаш поарно да црнчиш некаде за тродупло повеќе пари, отколку да се задоволиш со тоа што ќе работиш "по струка" по 12 саати дневно за 0 пари и плус си поистоветен со некој што без факултетска диплома работи во истата струка, истата работа, за која ти си далеку покомпетентен. Значи каде тука се вреднува мојата диплома?
Е сега дипломата стварно може да ти заврши работа ако некој близок (роднински + партиски) ти е на убава позиција, па има можност да те пикне некаде каде ќе бидеш комплетно задоволен. А и ако ја немаш, ќе те форсира да ја добиеш, оти местото те чека.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom