Денес, како што воведоа реформи факултетот да трае три години, со факултет си исто како и со средно. Значи, мораш да одиш и на магистратура, за да можеш да се одвоиш од сите други, и да постигнеш нешто повеќе. Еве, ја конкретно знам уште од 4 годишна возраст што сакам во животот, си имам поставено цел и се стремам да ја постигнам таа цел. Основно, завршив, дојдов до средно. Во втора година ме заебаа неколку оцени за да не завршам одлична, во трета, при изборот на смер, сфаќам дека моето знаење не е ценето колку што се ценети врските, и утре тоа што сум имала арогантни професори ќе ми влијае да се запишам на факс.
Да не неможам да се запишам на ФОН или на Европски? Можам. Не сакам - ако веќе трошам три години, барем да научам нешто. Затоа и планирам да одам на државен, и ќе аплицирам како minority. Ако ме примат во државна квота, добро, ако не, сигурно нема да отидам на ФОН. Без навреда, ама и јас можам да се шетам цел ден со ташната на рака и на 10ка штикли и да се влечам по кафиња. Одам за да научам нешто и да стекнам искуство. И што ќе се случи после тоа - сигурно нема само на три години факултет да останам. Да, имам шанси за да успеам затоа што имам кој да ме внесе во тие кругови, ама се стремам кон успех. Три години факултет и најпростиот што нема 2 грама мозок може да го заврши. Пак ќе речам, без навреди, ама на ФОН можеш само од столче да паднеш. Има реноме и сето тоа, ама нема стручни кадри. Можеби за 5, 10 години ќе биде престижен универзитет, но сега е далеку од тоа.
Факултетот кај нас не е мерило за тоа колку некој може да се снајде. Има луѓе што ќе завршат факултет, а најтешкото нешто што го кренале е пенкало и се крајно неспособни. Тие нема да направат којзнае каква кариера. Се е до тоа како ќе се снајдеш. Но, во глобала, поголеми шанси за успех во време кај што голем дел од луѓето, генерациски гледано, завршуваат факултет, имаат оние кои продолжуваат со понатамошни студии.