Колку вреди факултетската диплома?

M

marsovka

Гостин
Добра тема на размислување.Мислам дека GoD.HateUSaLL има тотално право и се сложувам со него.:smir:

@rossonerka-На кој факс имаш дипломирано?:)
се обложувам во шише вотка дека е на комлексон у чаир:правен,економски,филолошки или филозофски
патем росоњерка :срц ако сакаш работа ќе најдеш е сеа не секад добиваме работа од сништа јебига :pipi:
росоњерка чекаме не интересира што факс си
 
Член од
11 март 2009
Мислења
118
Поени од реакции
4
Вреди околу 12-13 илјади евра:pos2::pos2:.
Инаку вреди многу помалку од партиска книшка на владеачката партија.Многу помалку.
 

rossonerka

too good to be true
Член од
8 октомври 2007
Мислења
6.081
Поени од реакции
889
Факултет праша. Правен факултет завршив.
Фон е универзитетот. :)
Мразам кога некој кога ќе го прашаат кој факултет си и одговаат Штул, Фон, Европски, Американ ... тоа не е називот на факултетот :)
И ако некој сака да му одговорам нека цитира, не ни видов дека ме прашувате.

Да учам правен што учат и илјадници други студенти точно. Јас сама сум свесна дека сме во голем број. Ама ете тоа ме влечеше тие науки ми одат.
Зашто да се запишам фармација или машински кога мене тоа не ми иде. Да квадрирам и кубирам години и да учам нешто што несакам?
Ги сакам општествените науки и ги учам правните и економските.

Само што сите се котат и оние од природни науки, 85% се зпишуваат на факултет сега. Ќе се пополнат местата сега и после ќе нема и места за тие факултети.
Кај нас не се инвестира, 3 фабрики годишно се отвараат, за кои владата се фали претерано. Ќе нема работа и за нив ако се продолжи вака.


И не гледам нешто лошо во тоа што не сакам да заминам од Македонија и сакам да работам тука. Ако некој ја гледа својата иднина надвор од Македонија слободно нека оди.
Али темава е за дипломата добиена од факултет во државава и колку тука се цени. За во странство што знаете правете, тоа е друга тема.
А кај нас не се цени ако немаш книшка и врски.
Така да не мешајте баби и жаби со тоа странство па странство... збориме за Македонија.
 

Олимпија

Македонија во срцето!!!
Член од
26 март 2008
Мислења
5.624
Поени од реакции
9.146
Факултетот кај нас во Македонија не вреди.Дипломата може да послужи за по дома......како замена за слика или како дополнителен стимул за нервоза.Во денешно време ретко кој го цени знаењето.Секаде работат врските,како за факултетска диплома така и за работа.Уште "пообразован" ќе бидеш и доколку имаш партиска книшка,а се разбира и шансите за вработување се "поголеми"(доколку има избори,а после избори ОТКАЗ:tapp:).
Мислам дека полека но сигурно вистинското знаење ја губи својата вредност,а се заменува со незнаење се со цел да се има поголема партиска контрола и послушност.:pov:
Оние кои имаат диплома и знаење се понижувани на интервјуа за работа и со години се без работа,а со самото тоа ОБРАЗОВАНИТЕ граѓани се приморани да ја напуштат државата и да бараат чаре во странство.
Ги гледам по ТВ се фалат дека 85 % од матурантите,се запишале на факултет.Ама и истите тие ќе завршат факултет.А после?Ќе седат дома,бидејќи нема слободни работни места за нивната струка.:tapp:
И не само тоа,туку државата ми вика да се запишам и да завршам факултет,а пола и поише од оние говеда у парламент СЕУШТЕ немаат завршено факултет:tapp::tapp:
Така да не ми се верува дека во скоро време ќе стане реалност ЗНАЕЊЕТО Е СИЛА,ЗНАЕЊЕТО Е МОЌ.....поише ми мириса на ПАРТИЈАТА Е СИЛА,ПАРТИЈАТА Е МОЌ.
 

Кралот Марко

Не прилепчанецот, ами Јас
Член од
6 ноември 2008
Мислења
3.969
Поени од реакции
278
Факултетската диплома вреди (мислам на онаа стекната со труд и знаење). Меѓутоа ловците по факултетска диплома честопати се лажат и мислат дека ако дојдат до неа (купат) автоматски и ќе добијат право да мавтаат со неа и да се нарекуваат факултетски образовани и да лаат дека општеството е должно да ги угости со статус на академски граѓани. За жал, во тоа се охрабрени од големиот број на истите вакви кртици кои го запоседнале системот и се повеќе го заразуваат со исти како нив.

П.С. Е после западот бил 100 години пред нас. Таму не работи дипломата туку дипломираниот (ама не ловецот).
 

*Slash*

Comfortably Numb
Член од
31 јули 2008
Мислења
760
Поени од реакции
1.209
Од една страна е добро што се отворија дисперзираните студии бидејќи секој добива можност да студира.Од друга страна заради Х причини се повеќе и повеќе се зголемува бројот на академските граѓани во Мк кои мислат дека ако учеле 3-4 години имаат право да плукаат по држава и све само затоа што седат дома со диплома.Не.Факултетот е за да се здобиеш со знаење.Дипломата вреди,не велам дека не вреди,ама знаењето треба повише да се цени.
И после имало незадоволство кај академските граѓани.:tapp: Е ќе има.:pos2:

:smir:
 

Bacillus gagous

Biohazardous
Член од
21 јануари 2006
Мислења
7.380
Поени од реакции
168
Абе друга беше темата!
Плус усте мислам дека дома можеш повеќе да се снајдеш отколку надвор, а никој не зема во предвид тоа што тука се остава семејството, пријатели итн.
Надвор може да се успее ако си отиден со препорака, иначе вака да отидеш ке работиш тоа што таму не сакаат да го работат!
Може да се отиде колку за искуство, на кратко и некој денар да се собере иначе цел чивот и таму како тука питач ке бидеш , само таму ке бидеш питач од Швајцарија на пример!
Ама за да некој те препорача или ти даде информација треба да знаеш некој, а ако тоа е некој токму од надвор многу повеќе информации ќе добиваш и повеќе препораки, ЗАТОА се користи секоја шанса да се отиде надвор и веднаш да се почне да се создаваат што е можно повеќе контакти и познанства.

Придонесувам ами како, кога ќе видам за патни трошкови 700 000 евра и 10 000 000 евра за телефонски сметки од нашиве пратеници и администрација, знаеш каква внатрешна желба добивам за да платам данок уууууууууууу не може да ме додржат.
Плаќањето данок всушност е најмалиот придонес што во моментов можеш да го дадеш на државата, со тоа што си вработен даваш многу поголем придонес, а можеш и уште поголем придонес да дадеш за насоката во која се движи државата.
 
Член од
13 декември 2009
Мислења
1.307
Поени од реакции
647
Абе вие врска имате што зборувате или онака си трескате зелени?

Прво, како можеш да имаш искуство во струката? Или јас ќе се вработам во некоја фирма само за искуството и послем ќе дадам отказ за да одам на интервјуа и да им кажувам дека сум имал искуство? Тоа е најбесмисленото нешто што го имам слушнато во мојот живот, и тие работи обично се директори или одлучувачки места. Не може некој да ми бара искуство за да пржам компирчиња во Мекдоналдс.

Второ, што има врска странство со нас? Темата е колку вреди факултетска диплома, а не дали имап фамилијарен бизнис / имаш среќа па сега ќе се правиш паметен и че ни попуваш тука како било во животот. GodHatesUsAll или whatever ти е никот, оди кажи му ти на некој тип кој нема леб да јаде и сите пари ги троши на факс, работи вонредно , дека ако нема 10 просек или не е на мапински односно е на филозофија /социологија е глуп и треба онака да се фрли негде. Срамота да проповедаш како Реган да го слушам, ако немаш пари ондак си мрзлив. Ако има работа тука треба да има, а за странство е друг муабет, ако сум сакал за странство таму ќе сум студирал.

Трето и последно, кај нас работа се добива со врски или со партиска книшка. Има 5 проценти од луѓето кои се вработиле на среќа. Не можам да слушам деца кои имаат среќа и тате ги храни да ми попуваат тука како било што било. Да резмириам, факултетските дипломи кај нас не вредат, туку вредат партиските книшки и колку можеш да бидеш поголем буљаш и да заебеш некој .
 
Член од
21 ноември 2008
Мислења
617
Поени од реакции
63
Вреди околу 12-13 илјади евра:pos2::pos2:.
Инаку вреди многу помалку од партиска книшка на владеачката партија.Многу помалку.
Што тропаш глупости 12 000 евра јас ке ти дадам 20 000 за да ми најдеш диплома од кој факултет во мК сакам :? може така ама притоа да не ми дојдат џандари дома :nenene:
 

Batistuta

..пак од скриен број...
Член од
16 февруари 2005
Мислења
1.945
Поени од реакции
50
Факултетот кај нас во Македонија не вреди.Дипломата може да послужи за по дома
Не гледаш на универзитетското образование правилно. Тоа вреди повеќе од хартиена диплома или работно место со повисока плата, вредноста не се мери материјално. Универзитетот ти нуди ново гледиште на нештата, начинот на размислување и дејствување во општеството, во изградувањето на личноста и издигнување на едно ниво повисоко. Вработувањето гледај го како секундарна работа.

Знам, има секакви примери и исклучоци, меѓутоа ова е суштината :)
 
Член од
6 јануари 2010
Мислења
1.120
Поени од реакции
104
Денес, како што воведоа реформи факултетот да трае три години, со факултет си исто како и со средно. Значи, мораш да одиш и на магистратура, за да можеш да се одвоиш од сите други, и да постигнеш нешто повеќе. Еве, ја конкретно знам уште од 4 годишна возраст што сакам во животот, си имам поставено цел и се стремам да ја постигнам таа цел. Основно, завршив, дојдов до средно. Во втора година ме заебаа неколку оцени за да не завршам одлична, во трета, при изборот на смер, сфаќам дека моето знаење не е ценето колку што се ценети врските, и утре тоа што сум имала арогантни професори ќе ми влијае да се запишам на факс.

Да не неможам да се запишам на ФОН или на Европски? Можам. Не сакам - ако веќе трошам три години, барем да научам нешто. Затоа и планирам да одам на државен, и ќе аплицирам како minority. Ако ме примат во државна квота, добро, ако не, сигурно нема да отидам на ФОН. Без навреда, ама и јас можам да се шетам цел ден со ташната на рака и на 10ка штикли и да се влечам по кафиња. Одам за да научам нешто и да стекнам искуство. И што ќе се случи после тоа - сигурно нема само на три години факултет да останам. Да, имам шанси за да успеам затоа што имам кој да ме внесе во тие кругови, ама се стремам кон успех. Три години факултет и најпростиот што нема 2 грама мозок може да го заврши. Пак ќе речам, без навреди, ама на ФОН можеш само од столче да паднеш. Има реноме и сето тоа, ама нема стручни кадри. Можеби за 5, 10 години ќе биде престижен универзитет, но сега е далеку од тоа.

Факултетот кај нас не е мерило за тоа колку некој може да се снајде. Има луѓе што ќе завршат факултет, а најтешкото нешто што го кренале е пенкало и се крајно неспособни. Тие нема да направат којзнае каква кариера. Се е до тоа како ќе се снајдеш. Но, во глобала, поголеми шанси за успех во време кај што голем дел од луѓето, генерациски гледано, завршуваат факултет, имаат оние кои продолжуваат со понатамошни студии.
 
S

smart ass

Гостин
Не вреди НИШТО!!!

Партиска книшка вреди повеќе(ама јас не зимам)...

Видете замислете дека имате диплома и сте доктор на медицина,имате ординација...и ОП грешка...и сега???

Или пак имате машински па вашиот дел од машината утнал резултат е штета од илјадници евра и двајца повредени(ова примери)...дипломата носи одговорност.
(ова не важи само за адвокати и судии-они во пеколот одат-така вели аткинсон):tv:.:smir:

Да не неможам да се запишам на ФОН или на Европски? Можам. Не сакам .
Немој така...боки13ка нели е на ФОН???
 

Kajgana Shop

На врв Bottom