Знаете ли кое е чувството кога цел ден се ви оди од рака... станувате насабајле и ве чека топол појадок и преубаво кафе... тргнувате накај работа и некој пред врата ви вели *те сакам*... тргнувате со кола и сите семафори наеднаш стануваат зелени... стигнувате на работа, во канцелатријата ве чека шефот и лично ве известува дека сте унапредени... ви завршува работното време, излегувате од работа, а надвор ве чека љубениот, почнува да врне... тој ве фаќа за раката и ви вели *Танцувај со мене на дождов*... И што повеќе ви треба...
Си дозволив овој горенаведениот *совршен ден*, да го споредам со нешто многу помало, но 100Х повредно и за мене поубаво... насмевка!
Дали некогаш сте му обрнале внимание на вашиот ритам на чукање на срцето, кога личноста што највеќе ви значи ќе ви се насмее... Дали сте забележале дека понекогаш кога денот ви е буквално ‘ср*ње’, кога ќе видите некој како се смее, и како е среќен, одма се станува подобро...
Можеби е до мене, ама знам дека насмевката е нешто највредно кај еден човек...
оддамна го имам напишано, и конечно го споделив!!! =)
СМИЛЕ =)