Зборот извини го делам на: извини... и...извини. Првото извини, обично ништо не ми значи, тоа доаѓа како збор кој пополнува реченица, на оној кој што со него само сака да направи спојување на својата мисла, за да си отвори пат за понатамошно продолжување и покажување на површноста на својот карактер. Додека второто извини, кое многу ретко доаѓа, го прифаќам како искрена исповед на оној кој навистина осетил дека направил нешто и со верба дека треба да се извини ми дава до знаење дека искрено жали.