Колку Македонците од дијаспората инвестираат во Македонија?

Дали сметате дека македонската дијаспора е "себична" кога станува збор за инвестирање во Македонија?


  • Вкупно гласачи
    89
Член од
8 јули 2012
Мислења
91
Поени од реакции
7
nikogas ,vo makedonija ne moze da se investira ,toa i vie go znaete i rekovte pogore,podobro tie pari da gi investiras tamu kaj sto rabotis vo stranstvo ,investiranjeto nadvor e posigurno.

A sega plus sto albancite veke od ova godina idat se pomalce vo makedonia i kapitalnite investici gi zapira,od prosta pricina ,investiranje na MRTVA ZOO GRADINA VO SKOPJE 2014 ,samo lanska godina GV SO CEGRANE I DEBRESHE od rezervacite na restoranite za svadba racuna na 21 miljarda eura ,ama veke se smenilo toa ,
nema vise pari od nadvor ,i poleka poleka makedonia ke zgasne od pecalbarite samo e vo prasanje vreme
 
Член од
30 ноември 2007
Мислења
7.453
Поени од реакции
5.862
Инвестираат во градежништво и околу градежништвото.

Градат куќи за себе или отвараат фирми за градење куќи.

Нема потреба да инвестираат , да им започнат македонски главоболки ... доста ни е што ги гледаме дека се среќни , дека се успешни , убаво им е таму кај што се , и така.

Благодарни им сме што досега праќале пари тука , иначе би капитулирале многу региони ... благодарни сме им што инвестирале во глупости , куќа од 200.000 евра.

Неблагодарни им сме што тие куќи седат 10 месеца затворени , наместо да ни дозволат ние што сме тука да живејме во нив , а кога ќе идат ќе можат директно да одморат , а не една недела од одморот да им бега во собирање пајажина по 500м2 куќа.
 

fr0zen

Kirigaya Kazuto
Член од
26 септември 2011
Мислења
1.348
Поени од реакции
503
Инвестираат во градежништво и околу градежништвото.

Градат куќи за себе или отвараат фирми за градење куќи.

Нема потреба да инвестираат , да им започнат македонски главоболки ... доста ни е што ги гледаме дека се среќни , дека се успешни , убаво им е таму кај што се , и така.

Благодарни им сме што досега праќале пари тука , иначе би капитулирале многу региони ... благодарни сме им што инвестирале во глупости , куќа од 200.000 евра.

Неблагодарни им сме што тие куќи седат 10 месеца затворени , наместо да ни дозволат ние што сме тука да живејме во нив , а кога ќе идат ќе можат директно да одморат , а не една недела од одморот да им бега во собирање пајажина по 500м2 куќа.
Таков случај е во Куманово ( авганистанци ) , ми се чини дека повеќете инвестираат за градење на згради ... не сум видел да се прави куќа ....
 
Член од
30 ноември 2007
Мислења
7.453
Поени од реакции
5.862
Таков случај е во Куманово ( авганистанци ) , ми се чини дека повеќете инвестираат за градење на згради ... не сум видел да се прави куќа ....
Оние барем ќе се вратат и ќе живеат во нив , ама овие , во пензионерски денови само ако се вратат.
 

fr0zen

Kirigaya Kazuto
Член од
26 септември 2011
Мислења
1.348
Поени од реакции
503
Оние барем ќе се вратат и ќе живеат во нив , ама овие , во пензионерски денови само ако се вратат.
ОНИЕ , ОВИЕ ?
Дај изјасни се добро , и јас имам комшии кои работат по странство ( Авганистан , Германија , Словенија , Бугарија ) и секоја година ( 2,3 месеца ) се враќаат да го посетат својот дом и семејство ....
Можеби имаш право дека МОЖЕБИ ќе се вратат само во пензионерски години , но барем не се мутави да си го остават децата на цедило ( финансиски )
Ако правиш разлика помеѓу Македонци и Албанци дај изјасни се не само овие , оние ....
 
Член од
30 ноември 2007
Мислења
7.453
Поени од реакции
5.862
Тие од Авганистан ќе се вратат.
 

fr0zen

Kirigaya Kazuto
Член од
26 септември 2011
Мислења
1.348
Поени од реакции
503
Тие од Авганистан ќе се вратат.
:pos::pos::pos::pos:
ни пак не ми одговори како што треба ..... :pos:
Недостасува и ОВИЕ !?
ОВИЕ - Албанци , на ОВИЕ ли мислеше ?
--- надополнето: 12 јули 2012 во 22:36 ---
Јасно е Дарди , колку и да е болна вистина ;)
 
Член од
17 јануари 2009
Мислења
687
Поени од реакции
662
Па не инвестираат колку што треба, ова е 70 % до менталитетот на нашата дијаспора, а богами и 30% до нашата фантастична и некорумпирана бирократија. Ама никако не можам да сфатам на пример, еве на форумов прочитав дека Domino's Pizza ќе се отварало во Скопје, а на нашион што е сопственик на Little Caesars не му текнало да отвори во Македонија пицерии. Претпоставувам штом е арно на Domino's Pizza би требало да е арно и за Little Caesars.
 
F

FARANG

Гостин
Па не инвестираат колку што треба, ова е 70 % до менталитетот на нашата дијаспора, а богами и 30% до нашата фантастична и некорумпирана бирократија. Ама никако не можам да сфатам на пример, еве на форумов прочитав дека Domino's Pizza ќе се отварало во Скопје, а на нашион што е сопственик на Little Caesars не му текнало да отвори во Македонија пицерии. Претпоставувам штом е арно на Domino's Pizza би требало да е арно и за Little Caesars.
Znaes to toj kolku pari ima da se zaebava on so picerija vo MKD koja ke pravi 1000e mesecno profit?
 

RebelMk

₪ ₪ ₪
Член од
18 октомври 2010
Мислења
1.686
Поени од реакции
1.024
Имам слушнато за оној Џорџ во Прилеп што има спонзорирано за изградба на Александар МАкедонски во центарот на градот за друг и не ни сум слушнал . Според мене убаво и чесно е дијаспората како со поголем џеб од овдешните Македонци да спонзорира било во спорт во отворање на некои фабрики тоа е доста чесно кон својата татковина. Да би бил јас од дијаспората би инвестирал во некоја фабрика , спорт во некој верски објект , на некој деца без родители , на некој деца со пречки во развојот во било што да е тоа ако биде од корист
 

Gurdjieff

Bastardo dentro
Член од
12 јануари 2011
Мислења
3.645
Поени од реакции
1.264

Македонската дијаспора инкасирала 435 милиони, а српската 3,7 милијарди долари


Ова е дел од анализите на порталот макроекономија.орг кој ги следи економските движења во Србија, но и во бившите ју републики, сега самостојни држави


Македонската држава со 435 милиони долари е на 97 место на светската листа на земји кои добиле пари од дијаспората. Од земјите во регионов нашиот северен сосед, Србија, котира најдобро и се наоѓа на 33 место во светот со прилив од 3,719 милијарди долари иселенички пари. На 48 место е Босна и Херцеговина со дознаки од 1,959 милијарда долари, а на 70 место е Хрватска со 1,262 милијарда долари. Ова се дел од анализите на порталот макроекономија.орг кој ги следи економските движења во Србија и во бившите ју републики, сега самостојни држави.

Според анализите на српското Министерство за стопанство, изминативе десет години во Србија по овој основ влегле 40 милијарди долари и тоа е основната причина што транзицискиот период нашите соседи полесно го поминале.
На порталот е наведено дека со прилив од 410 милиони долари на 99 место е Словенија, а Црна Гора е на 106 место, бидејќи од дијаспората лани добила 301 милион долари. Албанија е на 23 место по прилив на странски дознаки.
Прва во светот по вредноста на странските дознаки е Индија со 57,8 милијарди долари, по неа следи Кина со 57,2 милијарди, а на трето место е Филипини со 23,5 милијарди долари. Од европските држави, Франција е на петото место, на шестото Германија и уште низа други земји, вклучувајќи ги и САД и Велика Британија.
Според порталот макроекономија.орг, вредноста на дознаките во 2011 година во светот изнесувала 489 милијарди долари и тоа е зголемување од 7,7% споредено со 2010 година. Со тоа е надмината рекордната вредност на 2008 година, кога дознаките изнесуваа 458 милијарди долари.
Дел од економските експерти сметаат дека овие странски дознаки се потврдуваат како ограничувачки фактор за економскиот развој, бидејќи парите пристигнуваат од туѓата работа и лесно се трошат, но тие пак, истовремено имаат огромно значење во социјалното преживување и амортизирањето на социјалните тензии во општеството.
Професорот Вујо Вукмирица од Економскиот факултет во Бања Лука наведува дека дознаките од странство претставуваат значителна помош за зголемување на куповната моќ на населението и фактор на развојот.
Во Македонија парите од иселениците полнат петтина од државната каса. Според Македонското меѓународно движење за човекови права и Австралиско-македонскиот комитет за човекови права, парите што влегуваат во Македонија од страна на иселениците полнат 20% од државната каса, а за 10% го зголемуваат бруто-домашниот производ (БДП) и покриваат најмалку 50% од трговскиот дефицит. Но, тие укажуваат дека парите што дијаспората ги инвестира во Македонија не се целосно евидентирани од страна на државата, особено оние што тие ги носат во џебот.
Според Народната банка на РМ, приватните трансфери во 2010 година биле рекордни и тие достигнале 1.335,1 милиони евра, при како прилив се евидентирани 1.378 милиони евра, а како одлив 42,9 милиони евра.

Инаку, околу 160.000 семејства во Македонија егзистираат со пари од иселениците. Македонците изминативе години најчесто одат на печалба во Италија и блискоисточните земји, а поретко во прекуокеанските. Се проценува дека моментално 154.000 граѓани се во странство, од кои 3.700 во скандинавските држави, 61.000 во Германија, речиси исто толку во Швајцарија и 22.000 во Италија.
Приливот на странски пари е значаен фактор на стабилност на земјава, оти реално овие пари пристигнуваат како помош на семејството и пријателите, кои што пак, ги инвестираат во домашното стопанство. Статистиката анализира дека во летниот период кога нашите иселеници најчесто ја посетуваат земјава трошат дневно и до 50 евра, а во текот на месецот од 1.500 до 2.000 евра. Овие пари се трошат на храна, услуги, луксуз, патување и слично.
 

Gurdjieff

Bastardo dentro
Член од
12 јануари 2011
Мислења
3.645
Поени од реакции
1.264



ЕКОНОМИЈА










Датум: 23.01.2013, 16:50
СЕ БАРА ДРЖАВНА СТРАТЕГИЈА ЗА ДОЗНАKИТЕ ОД СТРАНСТВО
Милијардите од печалбарите можат да ја поттикнат економијата

Средствата со кои располагаат граѓаните се сериозен потенцијал кој треба да се поттикне и да се насочи кон продуктивни намени и цели, со што ќе се добие забрзан раст, развој, вработувања и поголем животен стандард, вели професорот д-р Јован Пејковски
Парите што нашите печалбари ги испраќаат дома, а кои годишно тежат над 1,2 милијарда евра, од кои добар дел се трансферираат како заштеди во банките, можат да ја спасат македонската економија и да влијаат врз економскиот раст на државата ако правилно се инвестираат. Ова го тврдат експерти и потенцираат дека проблем е што немаме добар пристап кон овие пари и што не е оформена стратегија на државно ниво како да се поттикне приливот и како правилно да се искористат овие средства. „Дневник“ објави дека заштедите на граѓаните во банките достигнаа околу 4 милијарди евра, а растот во последниот месец од минатата година е трикратен во однос на претходно, пред с` поради тоа што нашите гастарбајтери најчесто за празниците се враќаат кај своите најблиски и најчесто финансиски дополнително ги „зајакнуваат“, а влијаат и врз зголемување на потрошувачката. Експертите се децидни дека е потребна државна стратегија како овие пари правилно да се насочат за на среден и долг рок да влијаат врз економскиот раст и развојот на државата.

- Донесувањето стратегија на ниво на држава и одделно на ниво на локална власт за поттикнување продуктивно вложување на овие трансферирани средства станува неопходност за поголемо привлекување на истите, а преку банкарските механизми и за нивно мултиплицирање. Стратегијата би требало да биде придружена со оперативен план на мерки и активности на сите институции на ниво на држава и општина, банкарскиот систем, коморските здруженија и други фактори што може да се вклучат во единствен процес кој би дал развојни ефекти на долг рок. Познати се примери од други средини каде што овие средства го поттикнале растот на макроекономско и на локално ниво и позитивно влијаат врз бизнисите и економската динамика – вели професорот Јован Пејковски.

Според него, во фаза на рецесија и пострецесиски движења, кога се намалува и обемот на странски директни инвестиции во Македонија, градењето стратегија за привлекување и поттикнување на овие средства е еднакво значајно и со позитивни ефекти како и приливот на странски инвестиции.

- Поттикот што им се дава на странските инвеститори треба да им се даде и на домашните инвеститори. Ова станува потреба со оглед дека вкупните девизни заштеди на граѓаните, кои достигнаа 4 милијарди евра (а заедно со средствата кои се чуваат надвор од банките се проценуваат за 50 отсто повеќе) може значително да ги поттикнат инвестирањето и вработувањето. Средствата со кои располагаат граѓаните се сериозен потенцијал и можност која треба да се поттикне и да се насочи кон продуктивни намени и цели, а со тоа кон забрзан раст, развој, вработувања и поголем животен стандард – вели тој.

Според Пејковски, немањето изворни приходи и работа во регионите кои се помалку развиени или се во категоријата пасивни краишта поттикнува поединци да работат во странство, а приходите во дел да ги испраќаат до семејствата, доколку не се иселени.

- Оттаму активацијата и водењето политика за поттикнување на развојот на недоволно развиени подрачја и региони може да бидат дополнително засилени со приватните трансфери и со обликување можности од типот на приватно-јавно партнерство, што би значело инвестирање во продуктивни намени и цели на дел од приватните трансфери, а со тоа решавање на развојните потреби на овие делови на државата. Со тоа развојниот потенцијал на овие трансферирани средства треба да се истражува и зајакнува за да се надминат сиромаштијата и невработеноста во неразвиените делови на државата и за нивно поттикнување за продуктивно ангажирање, за отворање нови работни места и со тоа намалување и надминување на сиромаштијата – потенцира тој.

Неодамна и министерот за економија Ваљон Сараќини потенцира дека годинава ќе биде тешка, но дека се очекува раст на приватните трансфери, кои очекува, на еден начин, да бидат спасител на македонската економија.

- Спасители на нашата економија ќе бидат приватните трансфери. Високиот прилив на девизни средства, и тоа од нашите граѓани што работат во странство, се очекува годинава да биде меѓу 1,6-1,7 милијарда евра, кои ќе го покриваат трговскиот дефицит што ќе се појави. Со оглед на тоа дека трговскиот дефицит е од 20 до 25 отсто од домашен бруто-производ, овие дознаки веројатно ќе бидат доволни да го покријат овој дефицит - рече во интервјуто за „Дневник“ министерот Сараќини.

Според професорот Пејковски, често овие трансферирани дознаки имаат одраз на нивото и на можностите за трошоците за живот кои ги остваруваат семејствата кон кои се насочени тие пари, или пак ја поттикнуваат потрошувачката на повисоко ниво.

-Со тоа се влијае и врз социјалната слика, односно овие средства, влегувајќи во каналите на потрошувачката, овозможуваат проток на финансии кој влијае врз вкупниот обем на трансакции и со тоа врз создавањето на домашниот бруто-производ, кој потоа се распределува за одделни намени и цели. Сосема е извесно дека трансферираните приходи придонесуваат за намалување на сиромаштијата на семејствата кои ги примаат овие дознаки, а со тоа влијаат врз растот на општото ниво на доходот во државата. Покрај тоа со овие средства се покриваат во целост или дел од дефицитите во платните биланси на државите кои ги примаат, а служат и за ублажување на последиците од економската криза и од пострецесиските проблеми кои повремено се изразуваат – вели тој.
Александра Филиповска
#
 
Член од
7 октомври 2008
Мислења
6.055
Поени од реакции
6.443
Донација во струмичката болница од Задграничниот комитет на ВМРО ДПМНЕ од Австралија




Задграничниот комитет на ВМРО ДПМНЕ од Австралија донираше голема хуманитарна помош во Струмичката Болница.

Донацијата се состои во педесетина болнички , 4 амбулантни и 10 помошни кревети, 7 инвалидски скутери, помошни столови, помагала за одење, средни и мали штаки, 15 болнички душеци, 68 заштитни душеци, 300 перници, лонгети и многу други медицински помагала неопходни за пациентите од болницата.

Пратката која кон крајот на минатата година со брод беше испратена од Австралија денеска на директорката на струмичката бплница д-р Анкица Ангова и беше предадена од страна на претседателот на ОК на ВМРО ДПМНЕ од Струмица Зоран Пакетов и членот на австралискиот задграничен комитет на партијата Никола Ставрески.

Зоран Ѓорѓиев
http://www.sitel.com.mk/donacija-vo-strumichkata-bolnica-od-zadgranichniot-komitet-na-vmro-dpmne-od-avstralija
 

chipicaoo

unknown
Член од
11 септември 2011
Мислења
763
Поени од реакции
873
Донација во струмичката болница од Задграничниот комитет на ВМРО ДПМНЕ од Австралија




Задграничниот комитет на ВМРО ДПМНЕ од Австралија донираше голема хуманитарна помош во Струмичката Болница.

Донацијата се состои во педесетина болнички , 4 амбулантни и 10 помошни кревети, 7 инвалидски скутери, помошни столови, помагала за одење, средни и мали штаки, 15 болнички душеци, 68 заштитни душеци, 300 перници, лонгети и многу други медицински помагала неопходни за пациентите од болницата.

Пратката која кон крајот на минатата година со брод беше испратена од Австралија денеска на директорката на струмичката бплница д-р Анкица Ангова и беше предадена од страна на претседателот на ОК на ВМРО ДПМНЕ од Струмица Зоран Пакетов и членот на австралискиот задграничен комитет на партијата Никола Ставрески.

Зоран Ѓорѓиев
http://www.sitel.com.mk/donacija-vo-strumichkata-bolnica-od-zadgranichniot-komitet-na-vmro-dpmne-od-avstralija
Ебате беља партиско и ти го сметаш ова инвестиција хаххаха.Будали се оние кои инвестираат во оваа џунгла.Кога за се ти треба партиска книшка да им плаќаш или рекет ти следува и ред други работи.Некој да фрли огромна сума на пари за ништо а ги заработувал мачно неколку години треба да е ненормален или да има вишок на пари па не знае што да прави со нив.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom