Ме заинтересира темата зошто и јас сум еден од тие гастербајтери или поточно Авганистанци кои пробаа да си ја најдат среката на 6000км од дома.Би сакал да се осврнам на еден многу чуден феномен кој владее посебно кај нас поточно лугето кои работат во Авганистан,Ирак,итн........
Од 2001 па до денешни дни се проценува дека некаде околу 5-6000Македонци имаат заминато на работа во кризните региони(Ирак,Авганистан,Либија).Најголемиот процент се од Куманово но има и од Скопје,Велес па дури сретнав човек кој е од Битола......
До 2010 додека со двата проекти има раководено КБР нашинците заработувале големи суми на пари кои достигале и до 80 000$/годишно.Значи се работи за големи бројки односно сума на пари која повекето од нас не ни сонувале дека некогаш ке ја видат а камо ли да ги заработуваат.
Е сега доага најинтересниот дел од приказната..90% од тие пари кои ние добро знаеме како се заработени се потрошени за скапи коли,куки на 3 спрата,шопинг во Солун,најнови мобилни,итн,итн.Само 10% или помалку имаат нешто направено во стил да се отвори некој свој бизнис,барем било и издавање стан под кирија.Оние 90% во ветер и магла.А да е трагедијата поголема сега истите тие се вратени пак назад во регионов да работат за 3 пати помали плати од оние кои ги заработувале.Се наслушав приказни дека ставале пари во банка,па живееле од камата но од тие приказни верувајте нема ништо вистина.
Кога ке ги прашаш сите што ке прават кога ке се вратат дома,бидејки еве проектот се ближи кон својот крај,никој освен некои немаат одговор на тоа прашање.А кога ке ги прашаш зошто не почнат да размислуваат да отворат свој бизнис,сите како договорени даваат еден ист одговор дека не се исплатело да се инвестира,дека ке ти доагале рекетари,инспекции,итн,итн......
Трагичното е тоа дека сите така размислуваат освен некои луге мегу кои сум и јас кој размислува да кога ке заврши ова лудило да се приберам дома и да почнам да работам за мене.Барем сеуште ме држи таа мисла кога стапнав тука......
Да сега во моментот секаде низ светот е криза(барем така се презентира,нели),тешко е за работа,за наплата потешко,итн,итн......Но зарем на сите фирми кои постојат во МК им доагаат рекетари,а?Нормално е дека ке ти дојде инспекција во фирма да провери дали работиш согласно законите,и нормално ако си крив ке си платиш глоба.
Не се обидувам да докажам дека е сјајно во МК сега во моментот,но трагично е дека лугето не се обидуваат на сторат нешто повеке во нивниот живот и дека најубав изговор е дека не е моментот,дека ке ти доагаат рекетари???????,итн,итн........ А готови пари се трошат......
Јас барем идејата да работам за мене а не за некој кој со поклонети пари ке ми изигрува газда ме оддржува во живот тука.Можеби за некои сум глуп што ке ги фрлам крвавите заработени пари во бунар,за некои нездрав,а можеби за некои и храбар потег,нели?
Но секој со својата математика,нели?И за крај има една мисла која гласи вака.....Крајот го краси или го гнаси делото..........Сервус