Кои се македонските муслимани (торбешите)?

Член од
6 февруари 2013
Мислења
11
Поени од реакции
14
Македонец си е Македонец без разлика на религиска припадност. Што ви е бе луѓе дај олабавете па утре ќе ми текне од Македонец со православна традиција да станам будист или било што друго. Тоа помалце ќе ме прави Македонец?? Односот кон верата е интимна работа и се двои од религијата. Нека не им се суди на Македонците со муслиманска вероисповед, ако тој се чувствува дека е Македонец е Македонец и крај на приказната.
 
Член од
13 февруари 2012
Мислења
2.733
Поени од реакции
1.226

тие не сечуствуваат како македонци и сами си судат
преска една паметна личност ми пиша
повеке поштувам атеист од материјалист
 
Член од
6 февруари 2013
Мислења
11
Поени од реакции
14
тие не сечуствуваат како македонци и сами си судат
преска една паметна личност ми пиша
повеке поштувам атеист од материјалист
Јас имам другар кој е Македонец муслиман и неговата приказна е дека се чувствува ко Македонец бидејќи Македонскиот му е мајчин јазик, обичаите на неговото семејство се Македонски дури и менталитетот исто така. Кажува дека селото од каде што потекнува кое е таму некаде во тетовскиот крај е опкружено со албански села ама никогаш значи стотици години не дозволиле никакво нивно влијание. Реално и тие се малку збунети, тој вика дека често се дешава да се осеќа отфрлен од Македонците заради неговата религиска припадност. Човекот вика дека никогаш не може да се определи како Турчин.Бошњак. Албанец бидејќи едноставно знае дека не е тоа, а верувајте не е едниствен пример има многу такви како него што размилсуваат.
 
таков е случајот и со македонците во реканскиот крај
ама некако темава се заврте поради коментарите на тие поттрчковците на албанците
тие што се декларираат како албанци на попис
 
Член од
10 мај 2010
Мислења
2.727
Поени од реакции
1.970
кои се македонските муслимани-?

Истите кои се пишат албанци и нивните деца почнуваат да ги запишуваат во албански паралелки само заради уцени од албанците (а немаат албанска крв ни 1%)...Уствари што да очекувам од лица кои пред 300 години си ја сменале религијата за удобности зошто да не си ја сменат сега и нација ...
Оваа е жалосно !Тиа не само што под притисок на турците си ја смениле верата нешто слично како и Албанците ,туку и ја мењаат нацијавата .Оној Цановски торбешот е свртен со Али Ахмети .
 
курајбер

млад, потентен
Член од
29 јануари 2007
Мислења
16.294
Поени од реакции
45.838
Низ историјата е покажано дека за права пара, може се' да бидат и при тоа да успешно да маневрираат со припадноста во зависност од околностите. Некогаш се турчеле за да плаќаат помали даноци, после беа “посебен народ’’ за да лапаат стипендии од ФОН а по најново еве се шиптарат за да им пичи бизнисот со шконовите кои до пред некое време ги “репресираа’’.

Единствени муслимани што пијат, се коцкаат и гнетат свинско во целиот испламски свет.. заедно нели со новооткриените браќа
.
Имав симпатии према нив, порано и мислев дека ние православните сме криви што ги отуѓуваме и отфрламе од нас, али кога ќе размисли човек поубаво, не можеш да прифатиш за свој некој што никогаш не покажал грам образ и достоинство.
Палат и пљачкаат цркви ко дедовците нивни да не ги граделе.
 
Член од
31 јули 2006
Мислења
2.537
Поени од реакции
700
Какви сте станале млади генерации саде националисти, екстремисти и не знам више шо!!! Навистина срамота.

Како делите Македонци спрема религија? Македонец е Македонец. Дали неговите ја продале религија за торба или не, ама што има тоа врска со овие генерации сега или не?

Уместо да се држите заедно, ќе се изедете...после Америка или Албанците ќе ви бидат криви за растур на држава...они сигурно, никако вие самите да ја уништите од унутра....е Македонче бре!!!
 
ај плс не трескај
види неколку постови назад како тие се декларираат
не како македонци туку како Албанци и кој им е крив
да не треба да ги жалам
убаво е кажано
читај
--- надополнето: 7 февруари 2013 во 19:43 ---
Низ историјата е покажано дека за права пара, може се' да бидат и при тоа да успешно да маневрираат со припадноста во зависност од околностите. Некогаш се турчеле за да плаќаат помали даноци, после беа “посебен народ’’ за да лапаат стипендии од ФОН а по најново еве се шиптарат за да им пичи бизнисот со шконовите кои до пред некое време ги “репресираа’’.

Единствени муслимани што пијат, се коцкаат и гнетат свинско во целиот испламски свет.. заедно нели со новооткриените браќа
.
Имав симпатии према нив, порано и мислев дека ние православните сме криви што ги отуѓуваме и отфрламе од нас, али кога ќе размисли човек поубаво, не можеш да прифатиш за свој некој што никогаш не покажал грам образ и достоинство.
Палат и пљачкаат цркви ко дедовците нивни да не ги граделе.
:cuc:
--- надополнето: 7 февруари 2013 во 19:44 ---
Алексиев: Македонските муслимани се предаваат на радикален ислам и на вехабистичка доктрина

http://kanal5.com.mk/default.aspx?mId=37&eventId=105885&egId=13

имаме еден таков на форумов што највише рипа
 
Член од
31 јули 2006
Мислења
2.537
Поени од реакции
700
ај плс не трескај
види неколку постови назад како тие се декларираат
не како македонци туку како Албанци и кој им е крив
да не треба да ги жалам
убаво е кажано
читај
Ти по се изгледа не си живеел во пред 90-те или не се сеќаваш. Луѓето или живееја заедно ко што треба или ја сум сањала нешто.

Не треба никого да молиш, а не треба ни да ги вреќаш и да ги провоцираш.
 
Член од
8 август 2008
Мислења
1.309
Поени од реакции
151
Рeтко кој знае дека голем дел во Тиквешијата сеа да не ги набројувам селата биле со торбеши, или ајде ако сака некој макеоднци шо си ја смениле верата, дури и во 48 имат направено бунт, па војската на југославија го растури па имаше репресиии и се набркаа во турција(да не ја барам емисијата на мртв каде во една општина во измир градоначаник беше од Сирково потекло).

Jас дури се запознамв со еден кој е истанбулскоит факултет за машинство дојде тука да си ги бара корените во Криволак, а баба му го научила македонски и ми откри дека се прозивале Шотревски пред да ја примат верата, во една книга имам читано дека во 1908 година во тиквешката каза имало по 25000 македонци и 25000 муслимани, од кои прави турци само 1000.
 
Член од
13 февруари 2012
Мислења
2.733
Поени од реакции
1.226
toa e poentata deka menjale vera znaeme koga
a ne deka poteknuvaat od bogomili ( koi da ne zaboravime se hristijani) pa od niv zele islam :pos: abe cuda sto nema covek da procita
 
karan

бивш поет, плукач, вљубеник во слободата
Член од
31 мај 2006
Мислења
3.595
Поени од реакции
2.719
Сафет Адемоски во комитска облека дел од Илинденската коњаница

Сафет Адемоски од струшкото село Подгорци денеска се придружи на коњаницата која на 2 Август ќе стигне на Мечкин камен во Крушево на одбележувањето на 110-годишнината од Илинденското востание.

Четириесет и петгодишниот Македонец, муслиман, тргна облечен во комитска облека а неговата цел, како што вели, е да се поклони пред споменикот на паднатите борци во Илинденското востание.

- Ова беше мојата животна желба за која се подготвував неколку години. Годинава целосно подготвен ќе го посетам Мечкин камен во Крушево и ќе им се поклонам на паднатите борци. Апел до сите Македонци, муслимани, Турци, Албанци, Роми и сите останати, без разлика на етничката припадност да го продолжиме овој пат, сите заедно, сложно. Тоа е наша должност, да се поклониме на сите борци кои се бореле за оваа наша земја и за нејзината слобода, вели Авмедоски.

Иако не наишол на голема поддршка кај македонските муслимани од неговото село, како што нагласува, на овој храбар чекор се одлучил во интерес на мултиетничкиот соживот во селото и воопшто во Македонија.

- Погрешно сум сфатен од мојот народ, тоа не го прифаќаат, гледаат со други очи. Од мојата фамилија догодина ќе има и други. Од другите семејства не знам, а би сакал да има, да се приклучат да одиме таму, зашто тоа е многу значајно место за нас, за цела Македонија и за сите што живеат во неа, додава Авмедоски.
http://www.novamakedonija.com.mk/DetalNewsInstant.asp?vestInstant=21958

Подгорчанецот Авмедоски тргна низ струшките села кои водат, како што рече и самиот до славна Дебрца, од каде ќе го продолжи патот до историското Крушево.
 
karan

бивш поет, плукач, вљубеник во слободата
Член од
31 мај 2006
Мислења
3.595
Поени од реакции
2.719
Пародија со туѓото знаме во Лабуништа!

Пишува Исмаил БОЈДА, поретседател на Сојузот на Македонците со исламска религија.

На 28 ноември 2013 година, на Денот на албанското знаме, Лабуништа стана центар за албанизација во Македонија. На јарбол од 20 метри сред село, се крена албанското државно знаме, иако во селото живеат чистокрвни Македонци кои дури не го ни познаваат албанскиот јазик.

Пред тв-камерите, во името на сите, изјави дадоа двајца, од кои едниот не знаеше албански, а другиот опоменат да не одговори дека е Македонец изусти дека е Албанец. Повеќе од очигледно беше дека и двајцата не се Албанци, ама сигурно беа јаничари.

Градоначалникот на Струга говорот пред Македонците во Лабуништа го одржа на албански јазик кој не го разбра никој.

После 28 ноември 2013 година, наместо македонското државно знаме, сред Лабуништа ќе се вее албанското.

Се заборави дека Лабуништа е во Македонија и дека во Лабуништа живеат Македонци кои зборуваат чист македонски јазик, а не Албанци. Затоа, се поставува прашањето, кому ќе му служи албанското државно знаме во Лабуништа, на Македонците или на Албанците за проекцијата Голема Албанија?

И не случајно зборовите на Његош “Гори потурица него Турчин“.
Се разбира, не е забрането да се почитуваат сите, ама тие, Албанците, какви што некој сака да ги претстави и Лабуништани, секогаш ќе ги нарекуваат “Торбеши“ затоа што знаат дека не се нивни.

Среќа ли е да си ништо, заборавајќи си ја нацијата и корените, бидејќи други те манипулираат со верата? И после се’, само гробовите на мртвите Македонци во Лабуништа ќе останат неми сведоци за предавството на нивните потомци. Патем, ако Албанците се и муслимани и православни и католици, зарем Македонците се само православни, а ги има и муслимани и католици?

За тие со куранот под перница, како најголеми муслимани, да не заборават, дека и шеријатот ги обврзува верниците да ја почитуваат државата во која живеат!
Таа држава за нас Македонците, па и за ковертитите од Лабуништа е само Македонија, никоја друга освен Македонија, од векови за навек!

Помина времето кога нацијата се купуваше и продаваше, на таквите денес цената им е најниска, тие се безвредни.

Жалосно е што продадени и поткупени ги туркаат Македонците по вероисповед муслимани во маргинализација и изолација во сопствената држава Македонија, иако се неотуѓив и нераскинлив дел од единствениот Македонски народ!

За крај, браќа муслимани, Лабуништани, торбеши не сме затоа што сме муслимани, ниту сме Албанци затоа што исламот не е албанска вера.

Македонци сме затоа што зборуваме македонски, Македонци сме затоа што Македонија е и наша држава од дедо прадедо, Македонци сме затоа што цицавме млеко од мајки Македонки, достојни сме на верата во Бога, ама не како Албанци, туку како Македонци, затоа што христијанството не е македонска вера, како што исламот не е албанска вера! Нашата историја, сегашност и иднина се во Македонија!

И нам ни следи место под сонцето во сопствената држава. Не џабе браќата Миладиновци своевремено в туѓина рекле “Таму далеку, таму сонцето мрачно изгревјит“. Да не живееме во сопствената држава Македонија како туѓинци со знаме на туѓа држава над главите, над верата, над џамијата и над татковината!
 
Член од
1 јуни 2012
Мислења
277
Поени од реакции
31
тие не сечуствуваат како македонци и сами си судат
преска една паметна личност ми пиша
повеке поштувам атеист од материјалист

Ај кажи како се чуствувам јас како Македонец или не?

Еве јас живеам во најголемото село во РЕКА (општина Маврово и Ростуше) и има места со имиња како
-Манастир
-Цркишта

И во селото иаку се муслимани слават Ѓурѓов ден и го викат ( Ѓурен ) и секоја година има традиција на 5 мај одат до едно место надвор од селото има тапани и свекрви со невести и ред други работи.

Се слави уште нешто што нее ни исламски ни христијански празник според некои работи што сум слушнал има потекло Циганско и се вика ( Летник ) се палат огнови секоја година негде Март или Април мислам дека беше и се дава подароци на најблиските со овошје и јајца итн.

Има гробишта со старо Турски или Арапски натписи инеможам да кажам бројот на гробиштата (огромен број)
 
Kajgana Shop

На врв Bottom