Кои се македонските муслимани (торбешите)?

Член од
31 јули 2009
Мислења
17
Поени од реакции
14
Примањето на исламот од страна на Македонците Мијаци во Река е процес кој започнал уште во XVI а траел сè до втората половина на XIX век. Меѓутоа, овој премин од една во друга конфесија не се случувал масовно туку поединечно и траел долг временски период.

Првите укажувања дека постоеле муслимани во Реканскиот крај датираат од турските тефтери од 1582 година. Во нив се вели дека во пределите на Долна, Мала и Голема Река фигурираат 23 села со христијански и муслимански домаќинства, односно 559 христијански домаќинства, 239 неженети христијани и 120 муслимански домаќинства и 14 неженети муслимани. Исто така, во Горно-rеканскиот крај во истиот период се спомнуваат уште 13 села со 383 христијански домаќинства и 132 исламизирани христијани како и 42 муслимански домаќинства.


Следен документ кој говори за исламизацијата на Македоците е писмото на султанот Јахја до римскиот папа од 1644, во кое се говори за премин во ислам на голем број христијански семејства. Тој говори за премин на 800 католици од горен и долен Дебар и на уште 800 луѓе од Река во ислам.


Во историската наука се вели дека не постоела единствена причина за примањето на исламот, туку се спомнуваат повеќе поводи. Како главен секогаш се наведува потребата од заштита на населението, особено она од Реканскиот крај, од дивеењето на албанските банди кои секојдневно упаѓале од Албанија и зулумќареле низ западна Македонија.

Всушност, единствен излез од тешката состојба изразена со грабежи и пљачки од албанските качаци, претежно од Љума и Мат, кои ја одземале стоката и неретко убивале луѓе било прифаќањето на исламот бидејќи само во тој случај турската империја пружала поефикасна заштита на населението.


Исто така, стратешка цел на Турците во доцното средновековие била и создавање на муслимански појас помеѓу бунтовните Албанци и битните клисури (Реканската и Кичевско-Јамската).
Покрај овие причини, се наведуваат уште неколку помали кои влијаеле врз Македонците за прифаќање на исламот:
Откажувањето од христијанството на немажените девојки преку мажење за турски бегови и за властодршци влијаело за создавање на роднинска блискост со семејствата на исламизираните девојки со што омекнувале религиските ставови и се менувале конфесиите.



Одењето на печалба на Мијаците во Турција, Мала Азија или други краишта каде мнозинство биле муслимани исто така е еден од факторите за исламизацијата во Река. Практично, кога печалбарите се враќале дома тие веќе биле исламизирани и го пренесувале исламот на своите семејства во селата.
Примањето на исламот влијаело одделни семејства да бидат ослободувани од тешки даноци, а со тоа добивале и можност за повисоко искачување на општествените скалила.
Кои и да се причините за исламизирањето на Македонците муслимани, останува фактот дека Македонците муслимани никогаш не Интересен е податокот кој го наведува др. Галаба Паликрушева во своите трудови за исламизирањето на Македонците каде се вели дека голем број луѓе од Река во раниот стадиум на исламизацијата само навидум го промениле името и презимето.


Тоа докажува дека двоверството во реканските села траело од почетокот на исламизацијата па сè до XVIII век. Во зависност од економските интереси, исламизацијата се ширела бавно и на мирен начин. Со прифaќањето на исламот меѓу Мијаците почнале да се создаваат и нови односи во групата (базирани на верските разлики) и се појавиле две имиња за истиот етнос – Мијаци и Торбеши кои со текот на времето почнале и различно да се однесуваат, но нивните односи секогаш биле и останале пријателски.


Др. Тома Смилјаниќ, еден од првите истражувачи на Горна Река, вели дека понекогаш само дел од семејството го прифаќал исламот но семејството останувало компактно. Тој го наведува податокот дека во дваесеттите години на XX век семејството Поповци од Нистрово сè уште имало роднини Македонци муслимани. Ист е случајот и со семејството Веновци од с. Врбен (македонски христијани) кои имале роднини Македонци муслимани во селото Жужње.
 
Член од
8 ноември 2008
Мислења
2.172
Поени од реакции
1.265
Сепак мислам дека името Торбеши нема врска со никакви торби, туку е комбинација од латинскиот збор torsio кој значи : “вртење“, “извртување“, “превртување“ и зборот беса (не е оригинално Албански збор) кој значи : “збор“, “заклетва“. Па според тоа, Торбешите се луѓе кои го “извртиле зборот“, ја “превртиле својата првобитна заклетва“ (го смениле мислењето, верата).
(Сакам да појаснам дека името не е добиено со навредлива конотација).
 
Член од
21 февруари 2009
Мислења
1.315
Поени од реакции
47
Кои се македонските муслимани (торбешите)?

Pa sto treba sega da izmisluvame topla voda ? Se znae koj se, tie se makedonci sto ja smenile verata, a i denes se makedonci koj sto go zboruvaat makedonskiot jazik, razlikata e samo vo religijta.
 

zee German

mpkfa
Член од
12 август 2009
Мислења
6.402
Поени од реакции
6.022
кои се македонските муслимани-?

Истите кои се пишат албанци и нивните деца почнуваат да ги запишуваат во албански паралелки само заради уцени од албанците (а немаат албанска крв ни 1%)...Уствари што да очекувам од лица кои пред 300 години си ја сменале религијата за удобности зошто да не си ја сменат сега и нација ...
 
Член од
15 декември 2009
Мислења
770
Поени од реакции
479
Исто како во Босна што некои Срби зимале ислам за вера па имаме денес "Бошњаци" така и во Македонија Торбешите се Македонци со муслиманска вера.
 

Шота Буби

нотар
Член од
4 март 2009
Мислења
3.087
Поени од реакции
1.780
Исто како во Босна што некои Срби зимале ислам за вера па имаме денес "Бошњаци" така и во Македонија Торбешите се Македонци со муслиманска вера.
проблемот настана 70ите кога Тито дозволи муслиманска нација,исто кога денеска би изгласале некоја православна нација..тоа е мешање на нација со религија...

што можеле да бидат Торбешите,само македонци и ништо друго..немојте да мешате нација со религија:nenene:
 
Член од
15 декември 2009
Мислења
770
Поени од реакции
479
проблемот настана 70ите кога Тито дозволи муслиманска нација,исто кога денеска би изгласале некоја православна нација..тоа е мешање на нација со религија...

што можеле да бидат Торбешите,само македонци и ништо друго..немојте да мешате нација со религија:nenene:
Еве ги на интернет Торбеши,прават некои мапи:pos2:


Познава ли ги некој лично?Што викат за себе?Прават ли се турци или си викат дека се Македонци?
 

zee German

mpkfa
Член од
12 август 2009
Мислења
6.402
Поени од реакции
6.022
Познава ли ги некој лично?Што викат за себе?Прават ли се турци или си викат дека се Македонци?

Jaс познавам ...и сега почнаја да се пишат албанци...Во чисто торбешко село(нема албанци) од вкупно 5 паралелки во 1во одд 3 се на албански јазик а 2 на македонски.
 

Homer MakeDonski

*Матриот
Член од
14 јуни 2005
Мислења
823
Поени од реакции
86
За ваквата состојба со нашите браќа по крв Македонците во Исламот,најмногу одговорност отпаѓа на...
државните раководства.

Ниту една т.н. македонска Влада досега со прст нема мрднато за нешто да се промени во однос на македонските муслимани.

Танец на пр. како негувач и расадник на македонската култура во својот репертоар нема ниту една песна ,ниту едно оро ,ниту една носија што е белег на тој сегмент од нашиот етнос.

Тоа е и за срамота и за осуда.

Но, она што е наша срамота некој друг многу добро умее да го тргува, па во таквата трговија не оставајќи ни ништо ,ни одзема се .
Македонците муслимани -торбешите ги гледаме како некои кои си ја мениле верата за торба храна ...

А тоа што ние православните христијани сме си ја смениле верата уште од порано ...во времето на доаѓањето на Савле наречен Павле и ширењето на христијанството ,па од верувањето во богињата Мајка започнала вербата кон Богот Татко ,тоа веќе не е важно...

<<отстранет дел>>
 

Solid

Зона на самракот
Член од
26 август 2007
Мислења
7.172
Поени од реакции
4.132
Браво Хомер Македонски.Ни јас не би напишал подобро.
Ние ги отфрламе нашите браќа,Албанците си ги присвојуваат.
Македонците со муслиманска религија зборуваат најчист македонски јазик,без српски,бугарски и грчки влијанија.
 
Член од
9 јуни 2008
Мислења
91
Поени од реакции
1
Браво за Хомер Македонски, поточно од то здравје. Секоја чест!
 
Член од
27 јуни 2008
Мислења
1.543
Поени од реакции
42
Торбешите ја смениле верата во турско,оти имале повеќе поволности тогаш:овие на христијаните им ја земале земјата,родот(знаеме дека претежно биле земјоделски семејствата) а на муслиманите им давале повеќе,не им земале данок итн.
 
Член од
1 мај 2009
Мислења
204
Поени од реакции
52
кои се македонските муслимани-?

Истите кои се пишат албанци и нивните деца почнуваат да ги запишуваат во албански паралелки само заради уцени од албанците (а немаат албанска крв ни 1%)...Уствари што да очекувам од лица кои пред 300 години си ја сменале религијата за удобности зошто да не си ја сменат сега и нација ...
Македонците муслимани се принудени да го прават тоа заради големите “верници“- Македонците христијани кои ги отфрлија своите браќа по крв само затоа што верата им е различна. Верата е нешто лично. Не може да се препише на еден цел народ и затоа не е точно дека секој Македонец е роден христијанин. Има многу луѓе што живеат во рамките на една религиозна традиција а не се верници на таа вера. Заради овие работи ние успеавме да ги оттуѓиме нашите браќа и да си направиме уште полоша услуга. Македонците муслимани немајќи каде да припаѓаат, природно е да тежнеат некаде. Кога едната страна ги отфрли а другата не им мисли лошо, тогаш не е ни чудо зошто се “збратимија“ со албанците.

Не се тие криви, да потврдам уште еднаш. Околностите наметнуваат човек да си бара група со која ќе се идентификува. Македонците муслимани се толку мала заедница што женачката/мажачката станува проблем. Кога ќе се искористат сите “ресурси“ и кога ќе снема слободни ергени и моми, што да прават луѓето кога Македонците христијани не сакаат брак со муслимани? Мораат да се зближат со муслиманите во Македонија.

Тоа што ја смениле верата во време Турско не е никаква трагедија ниту повод да ги хулиме. Самите македонци од многубошци станале христијани пред 2000 години. И тогаш македонците биле поделени во две вери, па се прашувам дали се отфрлиле едни со други или ги прифатиле двете традиции и живееле во блогосостојба. Земете ја за пример самата Албанија. Еден четврт се Католици, некој дел се православни и половината се муслимани. Дали се сите албанци. Се. И се сложни и не им се заканува губење на родот. Само ние големите верници успеваме да се расколеме во родот, ние верниците што не ги знаеме десетте божји заповеди, а да не зборам за тоа дали ги практикуваме.

Срамота за македонецот што го отфрли својот брат. Срамота.
 

Macedonia>>Europe

Faster Than Light
Член од
6 јуни 2007
Мислења
2.582
Поени од реакции
836
Торбешите ја смениле верата во турско,оти имале повеќе поволности тогаш:овие на христијаните им ја земале земјата,родот(знаеме дека претежно биле земјоделски семејствата) а на муслиманите им давале повеќе,не им земале данок итн.
Нешто како што одредени сакаат да го сменат името за повеќе поволности во ЕУ? Сепак не сите од нив ја смениле верата од таа причина, некои за да се заштитат од качачките банди (иронично сега се мажат и женат со албанците) а некои под присила.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom