Кои се македонските муслимани (торбешите)?

H

HITCH

Гостин
Тие се турци кои не им било дозволено да зборуваат на нивниот мајчин јазик исто како и на на другите граѓани во македонија. И затоа што зборувале македонски од околу селата ги викале торбеши ваљда за да не ги викаат македонци затоа што биле муслимани бидејќи во тој период па и сега кај албанците владее филозофијата ако си албанец и зборуваш албански ( во послдено време и турски) тогаш си муслиман. Ако зборуваш македонски ти си македонец и не си муслиман .Има доста такви села низ македонија каде што има турски корени а веќе цело село е или албанско или македонско но постарите лица повеќе од 70 год сигурно знаат турски. Сега може и грешам но ова е што ми кажувале професори по турски јазик и литература и кои истражувале низ "турските" села на македонија. Сепак никој точно не може да знае што се случувало и кои се ( сме ) точно бидејќи и нема нешто многу во историјата за нив. И онака во македонија не знам како некој може да каже дека сигурно е македонец, албанец, турчин или било што...кога 5 векови владееле тука па сигурно се мeшале меѓу себе you never know а тоа како се чуствуваш тоа е сосема различно и право на секој човек и онака воопшто не е ни важно што каква нација/религија сме важни се нашите човечки вредности.
Ако добро те сфатив, сакаш да кажеш дека тоа се Турци кои зборуваат македонски јазик? Не сфаќам!
 
H

HITCH

Гостин
Да, добро си сфатила :)
Убаво ти честитав Велигден, наш човек си бил. :ROFLMAO: Шала на страна!

Во тој случај што е со оние Македонци, за кои има доказ дека Исламот го примиле на гурбет во исламските земји, за кои се смета дека се меѓу првите муслимани на Балканов?
Твојава теза не ми е позната. Но, од кого би се плашеле, па зборувале само македонски? За кој временски период зборуваш? Што е со насилно исламизираните? Точно е дека има и луѓе кои доброволно, односно без отпор го прифатиле Исламот, ама има и луѓе кои се убивале, ама верата не ја менувале. Те молам подетално објасни ми го ова.
 
Член од
12 април 2010
Мислења
10.060
Поени од реакции
15.032
ова не е тема за Турци, туку за Македонците од исламска вероисповед
и сега излезе дека се Турци кои зборувале македонски.......
да...кога нашата држава не бери гајле...ќе се јават турците, лабанците, бошњаците, бугарите да ги претстават како свои
 
karan

бивш поет, плукач, вљубеник во слободата
Член од
31 мај 2006
Мислења
3.595
Поени од реакции
2.720
Тие се турци кои не им било дозволено да зборуваат на нивниот мајчин јазик исто како и на на другите граѓани во македонија. И затоа што зборувале македонски од околу селата ги викале торбеши ваљда за да не ги викаат македонци затоа што биле муслимани бидејќи во тој период па и сега кај албанците владее филозофијата ако си албанец и зборуваш албански ( во послдено време и турски) тогаш си муслиман. Ако зборуваш македонски ти си македонец и не си муслиман .Има доста такви села низ македонија каде што има турски корени а веќе цело село е или албанско или македонско но постарите лица повеќе од 70 год сигурно знаат турски.
Ова е еден од поинтересните вицови кои меѓутоа видни албански и турски "преродбеници" сакаат да ги издигнат во вистина... Но веднаш паѓаат во огромните дупки на наивното незнаење, па во еден момент се губат и не знаеш дали зборуваат за религија или за народ. Сето тоа за полесно да манипулираат со чувствата на овие Македонци.
Штета што те заебал животот да имаш таков "професор" по турски, којшто неможел да го оправда своето присуство и пропагандата која ја извршувал преку училиштето на друг начин, па почнал да раскажува бајки.
Но во ред, еве можеби ние грешиме па ќе ни одговориш:
Во кој период во Македонија им било забрането на малцинствата да го зборуваат својот мајчин јазик?
Инаку луѓe што знаат да зборуваат турски имаше во Македонија до пред 20-30 години многу. Затоа што беа живи оние кои живееле пред 1912 кога турскиот бил административен јазик.
Инаку Македонците кои во текот на вековите доброволно или под присила се "мешале" со Турците целосно се асимилирале во Турци и ги прекинувале сите јазични, културни и роднински врски со својот народ. Останатите (тие за коишто зборуваме) биле карактеристични токму по тоа што не се мешале со Турците, си го зборувале само сопствениот македонски јазик, одржувале живи пријателски и дури роднински врски со своите сонародници христијани.
 
M

Mr.InF3ction

Гостин
Убаво ти честитав Велигден, наш човек си бил. :ROFLMAO: Шала на страна!

Во тој случај што е со оние Македонци, за кои има доказ дека Исламот го примиле на гурбет во исламските земји, за кои се смета дека се меѓу првите муслимани на Балканов?
Твојава теза не ми е позната. Но, од кого би се плашеле, па зборувале само македонски? За кој временски период зборуваш? Што е со насилно исламизираните? Точно е дека има и луѓе кои доброволно, односно без отпор го прифатиле Исламот, ама има и луѓе кои се убивале, ама верата не ја менувале. Те молам подетално објасни ми го ова.
:)
Значи не може да се знае точно нешто и да се генерализира за сите. Можеби група македонци во тој период го прифатиле исламот (по своја желба или присилени не навлегувам во тоа ) но тоа не значи дека сите се исти. Еве пример таткоми исто како и дедоми зборува македонски а од друга страна сите роднините на дедоми и неговата фамилија зборувале турски и сите живеат во турција( Се преселиле после втората светска војна ) И кажи ти за кој период зборуваш за тие македонци што се сметаат како први муслимани во Балканов? Јас зборувам за период пред и помеѓу светските војни. Зарем во тој период луѓето биле слободни да го зборуваат својот мајчин јазик и се ?
А за тоа насилно исламизирање не верувам дека бил во периодот за кој што зборувам јас.
--- надополнето: Jun 3, 2011 5:03 PM ---
Ова е еден од поинтересните вицови кои меѓутоа видни албански и турски "преродбеници" сакаат да ги издигнат во вистина... Но веднаш паѓаат во огромните дупки на наивното незнаење, па во еден момент се губат и не знаеш дали зборуваат за религија или за народ. Сето тоа за полесно да манипулираат со чувствата на овие Македонци.
Штета што те заебал животот да имаш таков "професор" по турски, којшто неможел да го оправда своето присуство и пропагандата која ја извршувал преку училиштето на друг начин, па почнал да раскажува бајки.
Но во ред, еве можеби ние грешиме па ќе ни одговориш:
Во кој период во Македонија им било забрането на малцинствата да го зборуваат својот мајчин јазик?
Инаку луѓe што знаат да зборуваат турски имаше во Македонија до пред 20-30 години многу. Затоа што беа живи оние кои живееле пред 1912 кога турскиот бил административен јазик.
Инаку Македонците кои во текот на вековите доброволно или под присила се "мешале" со Турците целосно се асимилирале во Турци и ги прекинувале сите јазични, културни и роднински врски со својот народ. Останатите (тие за коишто зборуваме) биле карактеристични токму по тоа што не се мешале со Турците, си го зборувале само сопствениот македонски јазик, одржувале живи пријателски и дури роднински врски со своите сонародници христијани.
Кажи ја вистината тогаш. Ти сам себе нема да можеш да се докажеш дека си чист македонец или ако знаеш те молам докажи како.

Инаку не, немам намера да навредувам или да провоцирам нешто. Само го кажувам тоа што мислам дека е според мене. Но сепак зависи за кој период и кој регион зборувате нели ..или тоа е сеедно...важно е дека имате доказ дека тие се макдонски муслимани па ај да се користи тоа за сите региони.
 
H

HITCH

Гостин
:)
Значи не може да се знае точно нешто и да се генерализира за сите. Можеби група македонци во тој период го прифатиле исламот (по своја желба или присилени не навлегувам во тоа ) но тоа не значи дека сите се исти. Еве пример таткоми исто како и дедоми зборува македонски а од друга страна сите роднините на дедоми и неговата фамилија зборувале турски и сите живеат во турција( Се преселиле после втората светска војна ) И кажи ти за кој период зборуваш за тие македонци што се сметаат како први муслимани во Балканов? Јас зборувам за период пред и помеѓу светските војни. Зарем во тој период луѓето биле слободни да го зборуваат својот мајчин јазик и се ?
А за тоа насилно исламизирање не верувам дека бил во периодот за кој што зборувам јас.
Јас зборувам за раните почетоци прет Османлиите, а ти ми зборувап за размената на население. Не зборуваш за Турци, а јас за Македонци муслимани. Многу различно! Нема да ти одговорам на прашањето за да не одиме оф, ама една работа ми е чудна, како може сега сите да се сметаат за Македонци, а ако малку им речеш нешто одма те поправаат што се по националност.
 
Не знам има Торбеши или како да ги наречам со свои причини кој што се нарекуваат македонци..а некои турци...
 
Член од
12 април 2010
Мислења
10.060
Поени од реакции
15.032
се нарекуваат Турци зашто си мислеле дека ако се декларираат како такви дека ќе добијат работни места....а сега истото им го ветуваат ако се нарекуваат торбеши
тоа би било вештачка нација...која би го ослабнало Македонското ткиво
 
Член од
12 април 2010
Мислења
10.060
Поени од реакции
15.032
ако се муслимани...тогаш некои по default си мислат дека се Турци или албанци :)
 
karan

бивш поет, плукач, вљубеник во слободата
Член од
31 мај 2006
Мислења
3.595
Поени од реакции
2.720
:)
Инаку не, немам намера да навредувам или да провоцирам нешто. Само го кажувам тоа што мислам дека е според мене. Но сепак зависи за кој период и кој регион зборувате нели ..или тоа е сеедно...важно е дека имате доказ дека тие се макдонски муслимани па ај да се користи тоа за сите региони.
Историјата очигледно не ти е јака страна. Но нема проблем. Ако ги прочиташ моите постови ќе видиш дека ниту јас не провоцирам а најмалку навредувам. Сепак се чудам како им успева на некои верски пропаганди да внесат раздор меѓу Македонците на религиозна основа.
Во Македонија има Турци. Нив ги има и тука во Струмица.Не знаат да зборуваат ниту еден друг јазик освен турскиот. Турците од градот се така црномурести и очигледно се работи за турцизирани и исламизирани Роми кои се мешале со останатите муслимани. Има и други Турци кои живеат во 5-6 села. Тие се вистински, чисти Турци - антрополошки, генетски, културолошки, јазично. По логика на нештата ако бил забранет турскиот јазик и тие денес ќе имале заборавено да зборуваат турски.. Но, не е така.
Кога зборуваме пак за вас, нашите Македонци муслимани, единствената сличност помеѓу вас и Турците е верата и ништо друго. Тоа што некој знаел пред 100 години освен на мајчиниот јазик дда зборува и турски не го прави Турчин.
 
Bratot

Стоик и Машкртник!
Член од
27 јануари 2007
Мислења
17.089
Поени од реакции
4.499
Исламот на Балканот продрел порано од доаѓањето на Турците.

Македонците христијани и муслимани заедно граделе манастири и заедно славеле верски празници.

Зошто тоа се промениле дури во последниве години, а во најтешките времиња функционирало треба да се земат во предвид неколку работи.

Трендот од верско профитирање, разни дегенерички учења и секти и политичка манипулација.

Пропагирањето дека Македонците неможат да бидат или нема муслимани Македонци е комбинација од трите дејствија погоре.

Две работи треба да се применат од страна на Македонците, прво, да се разбере дека пред се' сме Македонци, а после тоа верници, второ, Македонците муслимани треба да извлечат поука од непријателството на соседните христијански држави кон преостанатите Македонци исто така христијани, кои се обидувале со векови наназад да го потчинат тој дел од Македонците преку духовно доминирање, сега црковно непризнавање, ширење асимилаторска пропаганда, при што голем дел од Македонците во останатите окупирани делови од Македонија веќе се неколку генерации одродени и мразат се' што е македонско.
Зарем тоа треба да се случи и со Македонците муслимани во 21 век? Да постанат албански, босански или турски фанатици и да се свртат против своите муслимански браќа Македонци и христијани Македонци?

Зошто повеќе би им одговарало да се преправаат дека се друга националност, отколку Македонци, зошто воопшто би им препуштиле на христијаните да тврдат дека Македонци не можат да бидат и тие?

Излезот е во образованието и меѓусебното учење, дружење, пријателство, за да победи игнорантноста и верските стереотипи.

Ko dete pametam, za Bajram sekogas sum nosel baklava kaj komsiite hristijani, tie za veligden jajca. Sega toa go nemat. Minuvas i kako na dusman necis da mu cestitas praznikot. Se povece sme ladni i otigeni. Ama zosto ?
Tocno deka islamot gi povrzuva svite Muslimani kako braka, ama nie sme eden narod i ne e ubavo da sne vaka deleni. Jas iskreno otsekogas sum bil povece so Makedoncite otkolku so Albancite. Muslimani se da, ama Makedoncite povece gi oseca kako moi luge. Ce raskazam eden primer. Koga patuvav so avtobus do Italija edno leto, cel avtobus poln so Albanci. Se osecav nekako cudno i ladno. Imav osecaj kako da sum crna ofca tujka. Na edna stanica koa vidov se kacuvat Makedonec mi dojde dusata na mesto. Kako svoj coek da vidov.
Nie sme eden narod i trebit zaedno da ziveeme i slozno, bez razlika na verata.
Ama nasite odnosi i sozivot se rasipuvat, poradi sozdavanje meguverska omraza. Ne zna dali me razbirate. Zatoa i taka se obrativ na devojkata, deka poradi vakvi raboti se oddalecuvame. Pozdrav

Во контекст на примерот од Амар, пред една година престојував во Михаловце, помал град во источна Словачка, 30км од украинската граница.
Домаќините ме изнесоа на прочетка низ градот, имаат нешто како битолски широк сокак, немаше дента многу луѓе, одевме по таа улица-плоштад и од единствената слаткарница каде се продава и сладолед, гласно одекнуваат следниве зборови:

- „Мрш! Копиљаци едни!“ (некој разбркуваше мали бељаџии)

Ја подзастанав и не бев сигурен ова што го слушнав дали е македонски, одам повнатре накај слаткарницата, гледам еден човек позади фрижидерот со сладоледи, права македонска фаца, до него доле седат жена му и бабичка една со мало детенце.
Се поздравувам на македонски, се насмевнувам, сите ми отпоздравуваат на македонски изненадени и ги прашувам дали се од Македонија, при што ми потврдуваат, се запознавме по име и забележав дека името е муслиманско, што не беше неочекувано бидејќи Македонците муслимани се познати по тој занает и прават одлични сладоледи и слаткости.
Ситуацијата беше дотолку чудна за двајцата што замолчевме на секунда, стана бабата и ме покани да влезам внатре позади излогот, му порача на синот со кој правев муабет да ме почасти со сладолед, а тој не само мене туку и на моите домаќини кои ме гостеа во Словачка им понуди бесплатни порции сладолед, што не е честа појава во посеверниве земји, потоа си напраивме муабет, ми кажа дека занаетот го учел во Хрватска и дека заедно со фамилијата дошле од Македонија таму, за да заработат нешто повеќе.
Имено, сладоледот во топки што е популарен кај нас, во Словачка и Чешка се нарекува “Балканска змрзлина“ односно балкански сладолед, бидејќи така го препознаваат уште од времињата кога оделе на одмори по бивша Југославија и тоа име е популарен назив за овој вид на сладолед.
Одтогаш се расчу за неговиот дуќан, дека “Македонец продава сладолед“ и кога се видовме после 4 месеци при наредната моја посета, ми се заблагодари што го препорачав на моите пријатели и ми покажа дека над дуќанот, каде стоеше само натпис “Сладолед“ - сега стои “Македонска змрзлина“. Затоа што сите веќе така го знаат и стекнал поголема популарност како единствениот Македонец во тој град, претпоставувам и еден од малкуте странци кои по некоја случајност се нашле во тоа запуштено гратче.
Следниот пат ќе се обидам да го сликам дуќанот со натписот и верувам дека има многу вакви примери, каде едноставно Македонците се чувствуваат многу повеќе “свои“ меѓу своите, без разлика која вера се.
 
Член од
3 јуни 2011
Мислења
5
Поени од реакции
8
Ja saka da gi prasa Makedoncite, hristijani, ateisti ne e vazno, dali na Makedoncite Muslimani gledate kako na svoi luge? Ama bidete iskreni ve molam. Dali se osecate kako braka so nas ili gledate na nas ko na drug narod ? Dali nas ne gledate isto kako sto se gledate megusebe ili na nesto razlicno od vas ? Prajte li nekakva razlika, cudno vi e da zamislite deka sne vi nie braka ?
 
Па мене омилена песна ми е ,Жировница`, е сега види колку правам разлика. Убаво кажа и сам Македонци, сеедно е која вера, по крв сме Македонци!
 
мкд владе

arch-enemy
Член од
21 ноември 2009
Мислења
19.343
Поени од реакции
24.018
А тоа навреда ли е?
мене би ме навредило. исто и би ме навредило каурин да ме викат нели така ги викаја македонците православните во турско. или можеби сум грешка ама поентата таа е
 
Kajgana Shop

На врв Bottom