друго на никој во македонија не му се оспорува правото на вера а најмалку на муслиманите сите полни слободи и права ги имаат е сега за вероисповеста на таканаречените торбеши во Стара гора ги има македонците со муслиманска вероисповед не уживаат никакви права тама од косоварите јазикот по толку векови го зачувале и најчисто го зборуваат и од мене кој сум од Западното наречје христијани православемн по веросиповед а по националоност македонец како мојот брат муслиман македонец(Крсте Петков Мисирков) значи дека слободно може да кажам дека го зборуваат најчистиот македонски јазик без да има примеси од другите јазични групи така да македонците муслимани да не ми ги чепкаш тоа е ткивото и срцето на Македонија рбетот на Македонија.
во Албанија истотака има и муслимани католици и христијани разни етноси нема вера има само една нација и една држава
Ова убаво звучи, ама тешко е за објаснување.. Македонската држава е виновна за состојбата во која што се наоѓаме Македонците (независно од религиозната припадност) во однос на овие прашања.
На пописот има 50 000 повеќе луѓе на кои мајчин јазик им е македонскиот отколку етнички Македонци.
Лабуништа/Подгорци/Октиси (немаат појма што се, па се декларираат како Албанци, Торбеши, Турци, Муслимани), Дебреште/Пласница (дури на пописот сите го пишале турскиот како мајчин јазик, а никој не го знае), Отишани/Џепиште/ Дебар (Албанци и Турци).... Ова се само некои од населените места каде хараат "емисари", па се плетат приказни како "
поради комунизмот никој не знаел да го зборува веќе мајчиниот им турски јазик", живееле на "територија на Албанија" па затоа биле "Албанци", Торбешите биле "директни наследници на богомилите" и "немало присилна исламизација инаку цела Македонија ќе била исламизирана", "поради словенизација го изгубиле албанскиот јазик"...
Покрај овие постојат потомци на иселените Македонци од Егејска, Западна и Источна Македонија во Турција (асимилацијата сеуште е во тек, населението поседува високо развиена свест за културна и јазична посебност) каде пред 7-8 години се покрена прашањето за давање македонско државјанство, но и македонската и турската страна преќутно се согласија и погрижија работата и ентузијазмот да згасне. Нашите најверојатно се уплашени дека тоа ќе доведе до зголемување на бројот на муслиманите во Македонија.
Од трета страна се Македонците во Гора на косовска страна, Голо Брдо и внатрешноста во Албанија, Неврокопскиот регион во Пиринска Македонија (асимилацијата во Албанци, Бошњаци, Бугари, Турци е речиси комплетирана)...
Што прави македонската држава во овие 20 години самостојност во однос на ова прашање? Ништо. Кој е виновен што Фи(ј)ат пак ги вози своите соплеменици преку некаква
"Торбешка Декларација" потпишана од извесен Шериф Ајрадиноски кој вешто продава безвредни билети искористувајќи ја верската различност:
"А на нашите колебливи Торбеши да им порачаме дека само како Торбеши сме вистински и свои.
При секаков
поинаков избор ќе бидете башка, инакви и други, неприфатени, непочитувани и исмеани. Од тоа треба да се срами човек а не од она што е. Бидејќи да се срамиш од она што си, тоа е најголем срам и неправда, неправда кон себе и сопствениот народ, а на народ кој самиот кон себе чини неправда ни Аллах нема да му помогне."
Македонија не дејствува како зрела држава со оформен национален став по ова прашање - дали ќе го применува албанскиот или грчкиот/српски модел.. Всушност воопшто не дејствува.. Само немо набљудува како дете на патерици кое се плаши да не го удри топката...