Токму ова што го правиш и кажуваш е “Ренановски“ пристап. Упорен си во своите намери и дупиш како црв во дрво. Покрај сите туѓи пропаганди во Македонија, сега и Бошњачката е на ред... Мислам дека ова “твоево“ веќе спаѓа во надлежност на ДБК и органите на прогон, а “вадењето“ на слобода на говор, вероисповест и дејствување нема да ти помогнат, затоа што веќе навестуваш мешање во внатрешните работи на суверена држава (БКЗ ќе биде притоа, како и многу други слични заедници од соседните држави кои постоеле или постојат во Македонија, само параван за спроведување на туѓа агенда, како “Коло српских сестара“, разни “Спортски друштва“-Бугарски или Српски и сл.). Кога идеше А. Изетбеговиќ бевме “тазе“ држава и сеуште некако, затечени од сето што ни се случуваше, ама сега... Јас сепак мислам дека сите ваши дејствија треба да бидат под длабока опсервација на државните служби. Сето досега беше борба на мислења и размена на ставови ограничени на форуми, но одсега веќе “замирисува“ на друго. Притоа, да ја предупредам твојата реакција од типот - параноичен си, националист, шовинист : ова што го кажувам го велам врз база на дебело искуство и мудроста што доаѓа со годините (изводот од матично на родените ми е веќе пожолтен и искрзан по рабовите, а косата ми е побелена од вакви како тебе- добро е што сеуште ја имам).