Кои се македонските муслимани (торбешите)?

Член од
8 ноември 2008
Мислења
2.172
Поени од реакции
1.265
Затоа зборот “тазе“ ми е ставен во наводници. Записот ми е пишан како одговор на написот од Босниак кој во меѓувреме е избришан, така што моево мислење малку “виси во воздух“, ама мислам дека е сепак разбирлив.
 
Член од
25 февруари 2010
Мислења
1.158
Поени од реакции
879
ме интересира, на следното пребројување, ќе има ли графа македонци-атеисти? :)
 
Bratot

Стоик и Машкртник!
Член од
27 јануари 2007
Мислења
17.089
Поени од реакции
4.498
Последниот пост на “Бошњак“ на темава е избришан поради континуитетот на мислења надвор од темата и очевидната намера за политичка манипулација на религиозните групи.

Ние немаме ниту најмала намера да бидеме медиумски носачи на таквата пропаганда, а како што посочи Кариес, повиците за почнување на “босанска пролет“ и директното мешање на босанската академија на науки во креирањето на тло за пропагандна дејност меѓу муслиманските заедници во Македонија треба да биде предмет на државните служби.
 
Bratot

Стоик и Машкртник!
Член од
27 јануари 2007
Мислења
17.089
Поени од реакции
4.498
Нема таква можност.

Продолжете со дискусијата.
 
Член од
12 април 2010
Мислења
1.602
Поени од реакции
890
Преморена сум некој цело време да ме убедува за некаква „вистинска“ историја која наводно ние не ја познаваме, на начин да ми протне нечија туѓа луда идеја за потеклото на Македонците. Сеедно дали се Муслимани, Христијани, атеисти или било што, ние сме Македонци! Тука завршува муабетот. Многу убаво и самите си кажуваат дека целата литература која ја користат е на босански јазик, значи се обидуваат да ја протнат босанската пропаганда, само овој пат неуспешно. Немојте да мислите дека некој во оваа држава е глуп и дека ќе ви поверува на работите кои ќе ги кажете.

Не бевме тазе држава, апашите не се грижеа што се случува околу. Киро, Стојан и пријателите долго време се надеваа дека Македонија нема опстане како држава и дека ќе се врати во составот на нивната сакана Југославија, во онаа Југославија чија војска кога си одеше ни ги откорна приклучниците и собираше опрема до шајка. Секогаш кога ќе поканеа некој од бившата држава го пуштаа да прави што сака, а и сеуште не се води контрола кој со кого се сретнува и каква пропаганда води во Македонија.
болд 1.
Многу убаво уште еднаш ќе ти кажам.
Како член на бошњачка невладина организација одговорно тврдам дека нема никакви пропаганди за вметнување на бошњаштво помеѓу торбешите.
Кој кажува дека ја користат литературата на Босански јазик? Која литература?
Македонските муслимани се пуштени низ вода од македонските власти и од македонскиот народ,па сега барате виновници за да ја префрлите вината.

болд 2.
Зарем сме сега поасална држава,јас сум инаку со став дека од Македонија и Босна никогаш нема да биде држави како што треба да бидат,и секогаш ќе бидат на маргините на опстојување,затоа што едноставно не ги бива.
Премногу лопови се накотија за 20 години.

А тоа што ЈНА ги откорна приклучниците и собираше опрема до шајка,за тоа е повторно виновна државата,но со цел да го заштити својот народ.
Јавна тајна е дека по распаѓањето на Југославија,Шешељ дојде во касарните во Македонија и кажа дека доколку не им биде овозможено по мирен пат да си земат што им е потребно,со една бригада ќе си земе тоа што му е потребно.
Така да нема потреба да кажуваме бајки,и да се лажеме.
И те молам да не забегуваме од темата поради периодот од распаѓање на Југославија до завршување на српско-босанската војна,затоа што како Бошњак сум многу повеќе информиран затоа што нормално многу повеќе ме интересирало,имам и лични контакти со учесници во војната и знам како стојат работите.
Поздрав.
 
Беркут

Мрчатор
Член од
12 април 2010
Мислења
10.033
Поени од реакции
14.965
Македонските муслимани се пуштени низ вода од македонските власти и од македонскиот народ,па сега барате виновници за да ја префрлите вината.
Можеби се пуштени по вода од властите, но од сопствениот народ никогаш
Јавна тајна е дека по распаѓањето на Југославија,Шешељ дојде во касарните во Македонија и кажа дека доколку не им биде овозможено по мирен пат да си земат што им е потребно,со една бригада ќе си земе тоа што му е потребно.
Мислиш дека ако дојдеше бригадата на Шешељ ние ќе седевме со скрстени раце?
па и ние сме имале право на тоа оружје од ЈНА....па и ХВ (хрватската Војска) немаше оружје, па затоа се водеа битки за касарните.....
ова е веќе офтопик мислење кое не е поврзано со Македонците муслимани
 
Член од
12 април 2010
Мислења
1.602
Поени од реакции
890
Можеби се пуштени по вода од властите, но од сопствениот народ никогаш
Од мнозинството на сопствениот народ да.

Мислиш дека ако дојдеше бригадата на Шешељ ние ќе седевме со скрстени раце?
па и ние сме имале право на тоа оружје од ЈНА....па и ХВ (хрватската Војска) немаше оружје, па затоа се водеа битки за касарните.....
ова е веќе офтопик мислење кое не е поврзано со Македонците муслимани
А мислиш дека ќе можевме да се одбраниме?
 
Беркут

Мрчатор
Член од
12 април 2010
Мислења
10.033
Поени од реакции
14.965
Од мнозинството на сопствениот народ да.

А мислиш дека ќе можевме да се одбраниме?
#1 ако под мнозинство ги сметаш македонските политичари
#2 верувам во силата на мојот народ
 
Беркут

Мрчатор
Член од
12 април 2010
Мислења
10.033
Поени од реакции
14.965
#1 и сам знаеш дека не е така.
#2 јас само кажувам реално.
сакаш да кажеш дека се каеме што сме ги 'пуштиле' во вода нашите браќа?
и јас ти кажувам реално........Македонците ја ценеле, ценат и ќе ја ценат својата слобода... можеби би било крвава таа војна...но Македонскиот народ би излегол како победник..зашто Србите во Македонија се малку.....тоа би изгледало како Белград да врши агресија...
ова #2 e офтопик мубает
 
Член од
12 април 2010
Мислења
1.602
Поени од реакции
890
сакаш да кажеш дека се каеме што сме ги 'пуштиле' во вода нашите браќа?
и јас ти кажувам реално........Македонците ја ценеле, ценат и ќе ја ценат својата слобода... можеби би било крвава таа војна...но Македонскиот народ би излегол како победник..зашто Србите во Македонија се малку.....тоа би изгледало како Белград да врши агресија...
ова #2 e офтопик мубает
#1 отприлика така нешто.
#2. знам дека е офтопик,ама и цела тема замина офтопик
и за агресија од Белград ти зборев,тоа се подразбира..а не за србите овде што живеат.
 
Член од
25 февруари 2010
Мислења
1.158
Поени од реакции
879
..Македонските муслимани се пуштени низ вода од македонските власти и од македонскиот народ...
извини, кој ли ти го перел мозокот, дали можеш овде да напишеш? или се обидуваш ти некому овде да му го переш мозокот? и кој ти е аргументот за ова, тоа што тогашните власти во Македонија не дозволија да се рашири и овде ужасот на војната и им ги препушти касарните на тогаш разулавените и крвјосани срби? каква врска сега пронајде со тогашните случувања во касарните со Македонските муслимани, ај сеа? па ќе го кркавме бе батко сите заедно, та Македонци, та Македонски муслимани, та Македонски атеисти та со се србите заедно ќе го кркавме..јас верувам дека Македонија ќе ја однесеше победата(едноставно, србите беа премногу ослабнати за уште една војна), ама ќе беше многу, многу крвава за сите..еби ти касарни и воена опрема кога не се дозволи па макар и една непотребна жртва, си купивме што ни треба и пак ќе си купиме ако треба..а овде наместо ти да пишуваш за соживот во оваа наша, заедничка држава, ти сакаш уште толку да разгоруваш..е, тој филм нема да го гледаш..
 
хахахахахахахахахахха
Свесен ли си што напиша.
Во ниеден момент во моите постови не ги помешав Македонските муслимани со војната и касарните,прочитај уште еднаш што напишав.

и последен пат одам офтопик и ќе повторам.
ФАКТ е дека ќе го кркавме од србија ако се спротиставевме на нивните барања,и тоа сите во македонија,и христијани и муслимани итд.

Те молам прочитај што имам напишано па потоа треси глупости.
Поздрав
 
Член од
8 ноември 2008
Мислења
2.172
Поени од реакции
1.265
Ваков дефетизам е навредливо да ми пропагирате. Една рака востаници (во повеќето востанија) се кревале секогаш против огромна империја како Турција и не се плашеле, па против една тогашна Србија е смешно да се помисли...А и зошто би војувале? Не верувам дека српскиот народ (не политичарите, паравојските и војниците како Младиќ) сака да војува против нас.
Да се вратам на темата. Кој тоа ги потценил, или им оневозможил на Македонците со муслиманска вероисповест да просперираат во Македонија? Ако сакате ќе го претвориме форумов во место за набројување на сите лекари, инжињери, професори, наставници, филозофи, правници, социолози, уметници и т.н. кои се Македонци Муслимани. Ако Албанците се “вадеа“ на тоа дека немале школи и факултети на Албански јазик и затоа нема многу школувани Албанци (факт е дека не беа многу по учењето), тогаш Македонците Муслимани ја немаа таа пречка. Никој не ги потценуваше, дури, поради нивниот чесен однос кон својата професија народот во повеќето случаи ги ценеше (ги цени) повеќе од православните (во мојот град имаше хирург и неуропсихијатар, сега се во пензија, кај кои народот повеќе милуваше да оди кога имаше потреба отколку кај Христијаните). Македонија од секогаш на сите им давала подеднаква шанса, тоа што многумина се посеруваат во подадената рака е друга работа и не треба да се генерализира. Како што не треба да се генерализира ни потценувачкиот или дискриминаторски однос на поединци кон одредени групи од населението на Македонија...
 
Kaiser

Hidden Fortress
Член од
6 мај 2011
Мислења
3.202
Поени од реакции
2.443
ФАКТ е дека ќе го кркавме од србија ако се спротиставевме на нивните барања,и тоа сите во македонија,и христијани и муслимани итд.
Тешко тоа. Баш да видам да отвореа трет фронт и кај нас, утопија. Само нашите да беа поцврсти се ќе ни останеше ама ете некој сакаше се да соберат.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom