Кое е според вас најубавото македонско вино?

Рудници и

ООЗТ Рудници и железарница - Скопје
Член од
9 декември 2009
Мислења
12.124
Поени од реакции
18.110
А ако сакаш добар сооднос на квалитет и цена, купи од Попов вино. (не Попова Кула) Земи Вранец со Каберне Совињон или тоа Шардонето од белите што му е (што зема сребро на Шардоне ду Монд).
Попов се добри сите црни, плус етикетите им се уметност :aplauz:
@Io Sono Interista
И Шато Сопот (Вранец поретко работат ама Каберне...околу 550 во маркети ако имаш среќа)локацијата би му дошла преко пута Бела Вода на Тиквеш, а тука негде е и уште една фемили винарија Тристо.

И Лазар, (газдата претходно беше енолог во Бовин или некој од големиве играчи) нешто поново и добро.Еригон Кратошија 14,5%, околу 500 ден. Во Веро, не знам на др.места.

Малку да разводниме од Тиквеш
 
Член од
13 септември 2018
Мислења
16
Поени од реакции
55
Фатив магла пред едно 15 години, не сум многу во тек со новиве винарии, но од време на време доаѓам дома и што сум пробал највеќе ми се допаднало бело вино Tikvesh Cuvee. Свежо, лесно, питко и можеш да испиеш доста и што е најбитно, не те боли глава сабајле. Ок, има и други може подобри, ама цена / квалитет / вкус за мене е топ.
Кој сака бело вино и има можност кога ќе иде надвор нека проба Verdejo по можност од Rioja. Топ!
 
Almeida

поет, мрачна сила, гад
Член од
15 февруари 2015
Мислења
7.563
Поени од реакции
19.992
Кога сме кај бели вина, ако гледате низ призмата колку пари толку музика, IMO најбоља опција по ресторани/кафани е у Сидро (кој ресторан и не го ценам нешто премногу) за 270 денари имате пола литро Куве бело на Попов.[DOUBLEPOST=1555709545][/DOUBLEPOST]Чисто да нема забуна, баш тоа што зема сребро, не можете да го купите, пошто е стара берба.
Тој ми е преварант. Ич не го ценам. Неколку пати сум седел - едно е да е биртија, друго е тоа неговото. Си пиел вино од картон 100%[DOUBLEPOST=1555767931][/DOUBLEPOST]
Малку да разводниме од Тиквеш
Се согласувам. Со тоа што, може малку наивно ќе звучи за вино, за кое е клучна годинат на бербата (меѓу неколкуте клучни фактори), ама мислам дека на другите им фали конзистентност, поточно квалитетот им варира поприлично. Со Тиквеш е малку поинаква ситуацијата.
 
Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
43.068
Поени од реакции
78.274
Тој ми е преварант. Ич не го ценам. Неколку пати сум седел - едно е да е биртија, друго е тоа неговото. Си пиел вино од картон 100%.
Сидро е можда преварант, али виното на Попов е обично добро и ова беше неговото куве 100%.
 
A

Avenger99

Гостин
Прво неколку работи.
Не постојат црни вина. Постојат црвени, розе и бели вина. Никогаш не сте слушнале за Black wine сигурно.
Друга работа, со белите вина сме далеку од земјите со добри бели вина. Чак си од комшиите сме далеку за белите вина. Едноставно Тиквеш како главно виногорје, освен сорти за бели вина кои сакаат жешко( а малце се), е премногу топло за останатите, и квалитетот на виното нема да биде добар.
Енологот Лазар, беше енолог во винарија Шато Сопот, кој патем нема лоши винца, Попов е ок, повторно ќе потенцирам црвените вина и можеби барикираните Шардонеа..
Ако сакате да пиете добри бели вина, барајте ги надвор од Македонија.
 
Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
43.068
Поени од реакции
78.274
Како тргнала работава и у црвени вина комшиите ќе не претркаат. (не мислам на Грција тука)

Ама кога збориме за наши бели вина, јасно е дека не очекуваме Шабли или Божоле.
Само споредба на едни со други (наши бели вина).

Сакам да истакнам дека ја нити сум енолог, нити работам у тој бизнис, нити се разбирам нешто многу-могу, нити пак сум бил на курс за пробување вино. Ја сум само љубител на вино и тука го кажувам моето лично мислење кое е секако субјективно. (добро, за некои основни работи е ваљда објективно)
 
Последно уредено:
A

Avenger99

Гостин
Како тргнала работава и у црвени вина комшиите ќе не претркаат. (не мислам на Грција тука)
Не претркале. Бугарите и Грците веќе одамна. Да не праам муабет за Хрватите, Словенците од Екс Ју, а во последно време и во Србија винската култура се развива со многу голема брзина за разлика од нас.
Немаме нити еден вински саем нити еден вински Expo. Немаме изложба на винска опрема, вински енологшки средства, буквално ништо. И земјоделскиот саем мислам дека веќе неколку години го нема. Мизерија.
Србите имаат вински саем во секој поголем град, плус го имаат Beovino, ние со Винодониа и Skopje Expo( кој патем е формиран бидејќи еден од двајцата основачи на Винодонија се налути и си замина).
Влезинацата за овие два салони е многу скапа. За работилниците и да не правам маубет.
Далеку сме, за жал.
 
A

Avenger99

Гостин
Како тргнала работава и у црвени вина комшиите ќе не претркаат. (не мислам на Грција тука)

Ама кога збориме за наши бели вина, јасно е дека не очекуваме Шабли или Божоле.
Само споредба на едни со други (наши бели вина).

Сакам да истакнам дека ја нити сум енолог, нити работам у тој бизнис, нити се разбирам нешто многу-могу, нити пак сум бил на курс за пробување вино. Ја сум само љубител на вино и тука го кажувам моето лично мислење кое е секако субјективно. (добро, за некои основни работи е ваљда објективно)
Не говорам за споредби. Говорам дека правиме голема грешка со садење на cold climate сорти во Тиквешијата и Овчеполието. Такви сорти се садат на поладни локации и микролокации во Македонија. Поладни виногорја
Таму се садат Шардоне, Темјаника и Смедеревка. Така се гради бренд во светот. Ние лутаме. Виоње и Совињон се садат во Тиквеш:facepalm:
За жал од Југославија остана да се развива само Тиквешкото виногорје, до некаде и Овчеполието, се останато е уништено.
 
Член од
26 јануари 2009
Мислења
11.568
Поени од реакции
17.968

Се слагам со постов, пред се поради тоа што се заканува уништување на автохтоните сорти. Иако сме најпознати по вранецот, тоа не е наша сорта. Ако веќе сакаш да се пробиеш понуди нешто уникатно како Станушина или други сорти ко Кратошија, Белан, Жилавка, Прокупец кои се позастапени во некои комшиски земји. Дека има иницијатива има, има голем број на домашни производители на вино покрај етаблираните винарии кај кои најголем проблем е вложувањето во шишиња, тапи итн.. Се профилираме ко винска земја а вакви ствари набавуваме од Португалија/Шпанија, а се битен дел од бренд сликата за виното.
 
Рудници и

ООЗТ Рудници и железарница - Скопје
Член од
9 декември 2009
Мислења
12.124
Поени од реакции
18.110
Се слагам со постов, пред се поради тоа што се заканува уништување на автохтоните сорти. Иако сме најпознати по вранецот, тоа не е наша сорта. Ако веќе сакаш да се пробиеш понуди нешто уникатно како Станушина .
Википедија го погодиле објасувањево...
МерлоТ од Станушина :D
Screenshot_20190421_132349.jpg
 
A

Avenger99

Гостин
Се слагам со постов, пред се поради тоа што се заканува уништување на автохтоните сорти. Иако сме најпознати по вранецот, тоа не е наша сорта. Ако веќе сакаш да се пробиеш понуди нешто уникатно како Станушина или други сорти ко Кратошија, Белан, Жилавка, Прокупец кои се позастапени во некои комшиски земји. Дека има иницијатива има, има голем број на домашни производители на вино покрај етаблираните винарии кај кои најголем проблем е вложувањето во шишиња, тапи итн.. Се профилираме ко винска земја а вакви ствари набавуваме од Португалија/Шпанија, а се битен дел од бренд сликата за виното.
И да и не. Треба да го негуваме автохтоното, 2 сорти имаме, тоа се Станушина и Охридско бело( кое и скоро да го нема никаде).
Македонија мораше да направи бренд име од Вранецот. Иако не е автохтона домашна сорта, Вранецот ги карактеризира црвените вина во Македонија. Македонскиот вранец требеше да биде препознатлив во светот, исто како што Нов Зеланд направи со Совињон. Совињонот не е Новозеландска сорта, ама денес кога споменеш Совињон одма ти текнува на Нов Зеланд, и со право, имаат феноменални вина.
Ние тоа го немаме, не успеавме да изградиме светски бренд, сеа ќе лутаме со секакви видови на сорти.
Вранецот е доста благородна сорта, буквално од лесни питки вина до Барици и касни берби. Невиден потенцијал за зреење, доста род, премногу темни вина со висок екстракт.
За жал веќе Црногорците ни го земаат приматот, по малце и Србите, Хрватите со Трибидрагот, ние остануваме со прстот во уста.
 
Кратошија не ли е автохтоно? Автохтоно е до антика - Името кратошија настанало со словенизирање на античкото вино „акрато“ односно со словенизирање на ширата од акрато - „акрато-шира“. Има висок гликемичен индекс, најпознато вино ни е кавадарката од кратошија, во поново време се користи ко пратечка сорта на вранецот, иначе кога сме кај кратошија топла препорака за ова вино на Тиквеш покрај Бела Вода. Кратошијата и Трибидрагот/Crljenak Kaštelanski се иста сорта на грозје иако секоја сорта пред се зависи од почвата и климатските услови. Македонија има континентална клима која влијае да нашите сорти на грозје се уникатни. Ако мислиш на приматот ни го земаат Хрватска и Црна Гора во поглед на туризам, да, и мислам дека не можеме во тој дел да се мериме со нив. Најголем проблем во Македонија гледам во ниските откупни цени кои нели зависат од берзите на вино и Владата може да ги субвенционира за да го зголеми интересот за садење, не мора да биде само Тиквешијата, тука си во право да.[DOUBLEPOST=1555876059][/DOUBLEPOST]Иначе кога веќе почнавме да споредуваме најдов и страна (не знам колку е релевантна) каде љубителите на вино даваат оценки

https://www.wine-searcher.com/grape-1638-vranac?tab_F=best

првите три места ги држат наши винарии...

Иначе немам пробувано вина на Камник, гледам и цената е посоленка, мора да се дегустира нешто, а ко што гледам домашните сорти не им се приоритет, па некоја препорака што е нај нај? :)
 
Картошијата е уствари докажана со ДНК анализа дека е Трибидраг или Зинфандел или која земја како сака си го нарекува а го имаат доста.. Така да неможе да се смета за автохтоно. Никој не знае од каде потекнува.
Тешко се наоѓаат кај нас чисти насади од Картошија, го мешаат со вранецот, дури и самите кавадарчани Вранецот си го викаат Картошија. Сум ги пиел сите вина од Картшија, тоа на Тиквеш не е ништо посебно. Тоа што влијае нашата клима не значи дека сортата не е иста. И Ризлингот кај нас е сосем поразчен од германскиот ама е сепак Ризлинг. До скоро се сметаше и дека Охридско црно е автохтона сорта ама не е, тоа е Станушина прилагодена на нашите услови. Не само во Туризам, и во квалитет на вина не претркуваат, инвестираат, наоѓаат подобри пазари, државата им помага.
Цените на грозјето не се ни малку ниски, чак би рекол дека се високи.
Производната цена на грозјето треба да се намали, а за тоа се виновни земјоделците, бидејќи и Шпанците и Чилеанците и Јужно Африканците имаат поевтино наливно вино од Македонија, а богами и поквалитетно.
Производната цена на шпанците за килограм грозје е пониска од нашата, замисли. И нормално кај германецот нема двоумица ако треба да избира меѓу шпанско и македонско вино. :)
 
Шпанците и Чилеанците заедно извезуваат скоро 20% од светското производство на вино па веројатно и можат да си дозволат. Од регионот импресивни вина имаат и Грците, Хрватите, исто и Бугарите доста вложуваат. Али не дека од сега ни го земаа приматот, во Грција и Хрватска винопроизводството веројатно има поголема историја него ли во Македонија. Еве гледам во Грција имаат над 400 сорти на нивно грозје ffs. Бугарија во 80 тите години е четврт најголем производител на вино у свет, после падот на комунизмот се дешава колапс. Во Хрватска пак винариите се пред се нешто налик на фамилијарни бизниси и достигнуваат до десетици илјади литри годишно што е доста малку за македонски услови, таму уште вината се хендмејд и исто едни од најквалитетните вина им се органски нешто што е непоимливо за македонски услови, пред се ради степенот на загаденост. И нормално е да имаат успешна приказна, на страна виното, кога си една од главните туристички и гастрономски дестинации во светот, само тоа не е од вчера, нели? А додека во Македонија сеуште важи моделот од Југославија каде бевме главен производител на вино и тоа на наливно вино, верувам и сега дека уште извезуваме повеќе наливно него ли флаширано вино. Еве листа на топ извозници на вино по земји

1. France US$10.3 billion 29.1%
2. Italy $6.8 billion 19.1%
3. Spain $3.3 billion 9.2%
4. Australia $2.1 billion 5.8%
5. Chile $2 billion 5.7%
6. United States $1.5 billion 4.2%
7. New Zealand $1.2 billion 3.4%
8. Germany $1.1 billion 3.2%
9. Portugal $879.3 million 2.5%
10. Argentina $806.9 million 2.3%
11. United Kingdom $721.7 million 2%
12. South Africa $716.9 million 2%
13. Hong Kong $567.2 million 1.6%
14. Singapore $476.7 million 1.3%
15. China $436.1 million 1.2%
16. Netherlands $348.2 million 1%
17. Latvia $212.4 million 0.6%
18. Austria $187.8 million 0.5%
19. Lithuania $179.5 million 0.5%
20. Georgia $171 million 0.5%
21. Belgium $158.9 million 0.4%
22. Denmark $138.4 million 0.4%
23. Switzerland $129.4 million 0.4%
24. Moldova $128.4 million 0.4%
25. Hungary $103.3 million 0.3%
26. Greece $87 million 0.2%
27. Canada $68.1 million 0.2%
28. Macedonia $52.4 million 0.1%
29. Israel $47.3 million 0.1%
30. Malaysia $46.7 million 0.1%
31. Bulgaria $38.5 million 0.1%
 
Kajgana Shop

На врв Bottom