A
Avenger99
Гостин
Шпанија, ЈАР а посебно Чиле ги субвенционира државата. Професор на факултет беше 6 месеци на пракса во ЈАР и кажуваше дека државата учествува со 30% од исплатата на грозјето вложува огромни пари во барање пазари и намалување на цената на нивното вино и рекламирање , и помага во случај на тешка година во винарството.Шпанците и Чилеанците заедно извезуваат скоро 20% од светското производство на вино па веројатно и можат да си дозволат. Од регионот импресивни вина имаат и Грците, Хрватите, исто и Бугарите доста вложуваат. Али не дека од сега ни го земаа приматот, во Грција и Хрватска винопроизводството веројатно има поголема историја него ли во Македонија. Еве гледам во Грција имаат над 400 сорти на нивно грозје ffs. Бугарија во 80 тите години е четврт најголем производител на вино у свет, после падот на комунизмот се дешава колапс. Во Хрватска пак винариите се пред се нешто налик на фамилијарни бизниси и достигнуваат до десетици илјади литри годишно што е доста малку за македонски услови, таму уште вината се хендмејд и исто едни од најквалитетните вина им се органски нешто што е непоимливо за македонски услови, пред се ради степенот на загаденост. И нормално е да имаат успешна приказна, на страна виното, кога си една од главните туристички и гастрономски дестинации во светот, само тоа не е од вчера, нели? А додека во Македонија сеуште важи моделот од Југославија каде бевме главен производител на вино и тоа на наливно вино, верувам и сега дека уште извезуваме повеќе наливно него ли флаширано вино. Еве листа на топ извозници на вино по земји
1. France US$10.3 billion 29.1%
2. Italy $6.8 billion 19.1%
3. Spain $3.3 billion 9.2%
4. Australia $2.1 billion 5.8%
5. Chile $2 billion 5.7%
6. United States $1.5 billion 4.2%
7. New Zealand $1.2 billion 3.4%
8. Germany $1.1 billion 3.2%
9. Portugal $879.3 million 2.5%
10. Argentina $806.9 million 2.3%
11. United Kingdom $721.7 million 2%
12. South Africa $716.9 million 2%
13. Hong Kong $567.2 million 1.6%
14. Singapore $476.7 million 1.3%
15. China $436.1 million 1.2%
16. Netherlands $348.2 million 1%
17. Latvia $212.4 million 0.6%
18. Austria $187.8 million 0.5%
19. Lithuania $179.5 million 0.5%
20. Georgia $171 million 0.5%
21. Belgium $158.9 million 0.4%
22. Denmark $138.4 million 0.4%
23. Switzerland $129.4 million 0.4%
24. Moldova $128.4 million 0.4%
25. Hungary $103.3 million 0.3%
26. Greece $87 million 0.2%
27. Canada $68.1 million 0.2%
28. Macedonia $52.4 million 0.1%
29. Israel $47.3 million 0.1%
30. Malaysia $46.7 million 0.1%
31. Bulgaria $38.5 million 0.1%
Ние сме на пример далеку, наместо да се етаблираме во една винска земја со наливно вино( покрај винариите со наливно вино ќе се развијат и помали со флаширано како што е случајот со споментатите три погоре), ние лутаме, немаме подршка од државата, немаме винска култура, не знаеме да се претствиме пред светот, не нудиме ништо примамли и ексклузивно.
Не се работи за историја, на пример Грузија, Молдавија и Ерменија се скоро no name на винската карта во светот, а моментално извезуваат и прават пари повеќе од Македонија. Ние ги губиме сите поголема пазари баш ради цената на наливното вино. Флашираното вино е незначително малце во Македонија, меѓутоа ова би се променило, на сметка на наливното и флашираното би се зголемило.
Чиле и Шпанија се најдобри примери.
Бугарија произведува 120 милиони литри годишно. 80% од тоа се пие во Бугарија. Бугарите пијат многу вино, имаат винска култура каква ние нема да имаме уште 50 години. Одлични вина, и бели и црвени. Србите итоа како го подобрија квалитетот на нивните вина во последните години, отвараат мали винарии, големите работат супер, имаат вински саеми, вински рути, туризам.. Вчера се вратив од Србија поточно од Војводина и бев во посета на 4 винарии во меѓувреме и можам да кажам дека инвестираат, експриментираат, и знаат повеќе од нас. Ние сме преголеми егоисти во Македонија, мислиме дека имаме феноменални вина. За Хрватите и не ми се зборува колку се далеку од нас.
Она што мене како енолог и познавач на македонската винска сцена ми прече е што нити имаме став, нити здружение какво треба, нити знаеме каде лутаме, нити државата ни помага( баш напротив, ни одмага).