Картошијата е уствари докажана со ДНК анализа дека е Трибидраг или Зинфандел или која земја како сака си го нарекува а го имаат доста.. Така да неможе да се смета за автохтоно. Никој не знае од каде потекнува.
Тешко се наоѓаат кај нас чисти насади од Картошија, го мешаат со вранецот, дури и самите кавадарчани Вранецот си го викаат Картошија. Сум ги пиел сите вина од Картшија, тоа на Тиквеш не е ништо посебно. Тоа што влијае нашата клима не значи дека сортата не е иста. И Ризлингот кај нас е сосем поразчен од германскиот ама е сепак Ризлинг. До скоро се сметаше и дека Охридско црно е автохтона сорта ама не е, тоа е Станушина прилагодена на нашите услови. Не само во Туризам, и во квалитет на вина не претркуваат, инвестираат, наоѓаат подобри пазари, државата им помага.
Цените на грозјето не се ни малку ниски, чак би рекол дека се високи.
Производната цена на грозјето треба да се намали, а за тоа се виновни земјоделците, бидејќи и Шпанците и Чилеанците и Јужно Африканците имаат поевтино наливно вино од Македонија, а богами и поквалитетно.
Производната цена на шпанците за килограм грозје е пониска од нашата, замисли. И нормално кај германецот нема двоумица ако треба да избира меѓу шпанско и македонско вино.
Шпанците и Чилеанците заедно извезуваат скоро 20% од светското производство на вино па веројатно и можат да си дозволат. Од регионот импресивни вина имаат и Грците, Хрватите, исто и Бугарите доста вложуваат. Али не дека од сега ни го земаа приматот, во Грција и Хрватска винопроизводството веројатно има поголема историја него ли во Македонија. Еве гледам во Грција имаат над 400 сорти на нивно грозје ffs. Бугарија во 80 тите години е четврт најголем производител на вино у свет, после падот на комунизмот се дешава колапс. Во Хрватска пак винариите се пред се нешто налик на фамилијарни бизниси и достигнуваат до десетици илјади литри годишно што е доста малку за македонски услови, таму уште вината се хендмејд и исто едни од најквалитетните вина им се органски нешто што е непоимливо за македонски услови, пред се ради степенот на загаденост. И нормално е да имаат успешна приказна, на страна виното, кога си една од главните туристички и гастрономски дестинации во светот, само тоа не е од вчера, нели? А додека во Македонија сеуште важи моделот од Југославија каде бевме главен производител на вино и тоа на наливно вино, верувам и сега дека уште извезуваме повеќе наливно него ли флаширано вино. Еве листа на топ извозници на вино по земји
1. France US$10.3 billion 29.1%
2. Italy $6.8 billion 19.1%
3. Spain $3.3 billion 9.2%
4. Australia $2.1 billion 5.8%
5. Chile $2 billion 5.7%
6. United States $1.5 billion 4.2%
7. New Zealand $1.2 billion 3.4%
8. Germany $1.1 billion 3.2%
9. Portugal $879.3 million 2.5%
10. Argentina $806.9 million 2.3%
11. United Kingdom $721.7 million 2%
12. South Africa $716.9 million 2%
13. Hong Kong $567.2 million 1.6%
14. Singapore $476.7 million 1.3%
15. China $436.1 million 1.2%
16. Netherlands $348.2 million 1%
17. Latvia $212.4 million 0.6%
18. Austria $187.8 million 0.5%
19. Lithuania $179.5 million 0.5%
20. Georgia $171 million 0.5%
21. Belgium $158.9 million 0.4%
22. Denmark $138.4 million 0.4%
23. Switzerland $129.4 million 0.4%
24. Moldova $128.4 million 0.4%
25. Hungary $103.3 million 0.3%
26. Greece $87 million 0.2%
27. Canada $68.1 million 0.2%
28. Macedonia $52.4 million 0.1%
29. Israel $47.3 million 0.1%
30. Malaysia $46.7 million 0.1%
31. Bulgaria $38.5 million 0.1%