Кое е според вас најубавото македонско вино?

A

Avenger99

Гостин
И "маливе" тнр. бутик винарии можат да извадат доста интересни вина.Патем, за пофалба се, можат да ти излезат во пресрет по карго шише или пакет да пуштат, истото мислење и ресторан Сино во Кавадарци.Огромен дел од локалните етикети можат да се купат таму.
Тешко ова. Винарството и лозарството сака доста знаење и опрема, со оглед какви се нашите бутик домашни винарии.. За црвено вино може и ќе го погодат некако, за розе и бело богами тешко.
 

Makaron

КЕН ЛИИИИ лиду дибу даут јууууууу !!!!
Член од
16 јули 2014
Мислења
7.612
Поени од реакции
11.739
Тешко ова. Винарството и лозарството сака доста знаење и опрема, со оглед какви се нашите бутик домашни винарии.. За црвено вино може и ќе го погодат некако, за розе и бело богами тешко.
Акп некогаш имаш можност би ти препорачал да го пробаш виното и ракијата што ги прават во Св.Наум.
 
A

Avenger99

Гостин
Акп некогаш имаш можност би ти препорачал да го пробаш виното и ракијата што ги прават во Св.Наум.
Сум пробал :) Со отецот од св. Наум сум седел неколку пати на маса, човекот е голем љубител на вино. Тоа не го прави добар енолог, да се разбереме. Не се лоши, многу работи се и ствар на вкус, мада винарството во последните 20 години во светот е премногу напреднато.
 

Рудници и

ООЗТ Рудници и железарница - Скопје
Член од
9 декември 2009
Мислења
12.133
Поени од реакции
18.131
Тешко ова. Винарството и лозарството сака доста знаење и опрема, со оглед какви се нашите бутик домашни винарии.. За црвено вино може и ќе го погодат некако, за розе и бело богами тешко.
Делумно се согласувам.Да, потребно е технологија и опрема, ама во време на униформирани вина од големите винарии (индустрии) потребно е и разлика во смисла природа и човечки вештини.
 
A

Avenger99

Гостин
Делумно се согласувам.Да, потребно е технологија и опрема, ама во време на униформирани вина од големите винарии (индустрии) потребно е и разлика во смисла природа и човечки вештини.
Сите вина се природни, нема неприродно вино. Винариите користат енолошки средства кои се од органско потекло. Селектирани квасци, ензими, бентонити, желатини. Тие индустрии имаат вина за широки народни маси, и вина кои се тероарни, барикирани, скапи. Тиквеш ти е најдобар пример. Плантаже исто. Сите овие се продукти од природата. Човечки вештини итоа како се потребни во винарството.
 
Член од
15 јануари 2008
Мислења
5.041
Поени од реакции
12.031
Кој сака моќен и силен вранец, да одлични се. Лично повеќе ми се свиѓа македонскиот него црногорскиот вранец, мада и они почнаа да експериментираат во последно време доста..
Не знам дали си го пробал, многу убаво вино...
 

Bodhidharma

Avatara
Член од
17 септември 2011
Мислења
10.783
Поени од реакции
15.397
Уште не сум почнал сезона....стариот прави за мене по некои 50 литри од 100% вранец и тоа комењак, баш црно вино. По некад си го пијам и вриено, со мед....мераци. Можам да пијам T'га и Александрија колку сакам ама си цепам од ова. :love:
Проблем треба со сапун да плакниш уста после пиење....али не е страшно :)
Оваа година ќе биде сигурно со 15% алкохол.
 
A

Avenger99

Гостин
Александарот веќе одамна не го полнат, мислам 2011 беше последна, од тогаш во Валандово се сменија доста работи, Агрокор веќе не е сопственик, мислам дека 2 сезони имаа само минорни берби, а сеа последно што наслушнав е дека Љупчо Георгиевски( или некој негов човек) е сопственик на винаријата.
 
Член од
15 јануари 2008
Мислења
5.041
Поени од реакции
12.031
Александарот веќе одамна не го полнат, мислам 2011 беше последна, од тогаш во Валандово се сменија доста работи, Агрокор веќе не е сопственик, мислам дека 2 сезони имаа само минорни берби, а сеа последно што наслушнав е дека Љупчо Георгиевски( или некој негов човек) е сопственик на винаријата.
Можно е, пред некога година го имаше сеуште во веро, ми остана убав впечаток.
Винарииве имаат прилично турбулентен период последниве 2-3 години.
 
A

Avenger99

Гостин
Можно е, пред некога година го имаше сеуште во веро, ми остана убав впечаток.
Винарииве имаат прилично турбулентен период последниве 2-3 години.
Добар беше. Беше правен со хербонизицаија, постапка на засушување на гроздовите на самата лоза. Беше под надзор на проф. д-р Звонимир Божиновиќ, еден до најдобрите ампелографи во бивша Југославија. Имав чест да ми биде ментор за магистратура и сеуште сме добри пријатели.
Иначе, имаат турбуленции сите винарии кои се врзани со странски пазари, јебига, многу работи и не зависат до самите винарии.
 
Член од
15 јануари 2008
Мислења
5.041
Поени од реакции
12.031
Добар беше. Беше правен со хербонизицаија, постапка на засушување на гроздовите на самата лоза. Беше под надзор на проф. д-р Звонимир Божиновиќ, еден до најдобрите ампелографи во бивша Југославија. Имав чест да ми биде ментор за магистратура и сеуште сме добри пријатели.
Иначе, имаат турбуленции сите винарии кои се врзани со странски пазари, јебига, многу работи и не зависат до самите винарии.
Браво, вакви стручни луѓе како тебе фалат во Вински витези :)
*ако веќе не си член :)
 
A

Avenger99

Гостин
Браво, вакви стручни луѓе како тебе фалат во Вински витези :)
*ако веќе не си член :)
Не сум. Релативно сум млад, а и работам како енолог, така да, сеа за сеа и не ме интересира многу многу тоа :D
 

Kajgana Shop

На врв Bottom