Кое е според вас најубавото македонско вино?

AAbrat

*******
Член од
28 октомври 2015
Мислења
740
Поени од реакции
1.694
Пред 4-5 години во средно имав еден другар купуваше такво од Кам пластично со сок го мешаше, абе толку другаров се откачуваше коа ке излезевме сите мислеа дека конзумира некој други опојни супстанци :pos:.
 
A

Avenger99

Гостин
Претеруваат малку нашиве пијачи на вино, истото што е 2л за 90 денари во пластика да им го наполни во флаша тиквеш ќе речат не е лошо виново :D

Реално суровината е ефтина, смедеревка 11 денари вранец 13 така да не е чудно што се среќаваат вина и со тие цени..
:D Да, има доста бренд снобови кај нас, као Тиквеш е па мора да е добро. Шала на страна, 11 денари за Смедеревка е ефтино, меѓутоа и во тоа вино во 3 литри има вложување, да се разбереме, е сеа, се наоѓа и по некоја поднослива трилитарка по тоа што сум пиел по слави :LOL:[DOUBLEPOST=1519261917][/DOUBLEPOST]
Пред 4-5 години во средно имав еден другар купуваше такво од Кам пластично со сок го мешаше, абе толку другаров се откачуваше коа ке излезевме сите мислеа дека конзумира некој други опојни супстанци :pos:.
Веома врло је могуче и да конзумирал :D:D
 
Член од
1 март 2010
Мислења
7.888
Поени од реакции
14.441
Да, ете горе, прочитај ја статијата, мислам дека е на Херцег, човекот се претставува како најдобриот сомелиер во Македонија.

Третата и најсреќна опција е доколку сте во ресторан во кој вината се нудат по супермаркет цени и во истиот тој ресторан ќе ви биде наплатена услуга за отвaрање и послужување на виното. Велам најсреќна опција, затоа што ова е најдобриот начин секој да може да си дозволи да ужива во вино во ресторан, а притоа да не мора да плати астрономски суми за истото, земaјќи во предвид дека во многу од рестораните цената на истото вино би била три до четири пати повисока. Ова е и најдобриот начин да се шири винската култура во една земја, посебно во земја како нашава, каде не секој може да си дозволи да ужива вино во ресторан, повторно поради ценовната политика на рестораните.Да, многу од ресторани во земјата не нудат ваква можост и услуга, но со тоа рестораните се во загуба- ќе имаат помалку гости кои пак со виното би нарачале храна, помал континуиран cash flow во делот на продажба на вино итн.

Причини поради кои наплатата на ваквата услуга е оправдана се неколку. Висината наCorkage Fee е сумата со која ресторанот ја покрива услугата за отварање и послужување на виното, сад за ладење на виното каде се става мраз, миење на чашите, употреба на декантер, чување на виното на соодветна температура (вински фрижидери), итн. Цената на Corkage Fee во Македонија е 200 ден и е достапна само во во ресторанот Форца и продавницата за вино Little Box во Скопје, и ресторанот Вила Мал Свети Климент во Охрид (ако сум пропуштила некој ресторан, поправете ме). Со други зборови, доста симболична цена за услугата која ја добивате. Кога и повеќето од рестораните во земјава би го следеле овој пример, несомнено е дека би допринеле кон зголемување на конзумирање вино на национално ниво.
Прилично глупаво ми изгледа ова. Ако сакаш да нудиш евтино вино, набавна цена плус 200 денари маржа и тоа е тоа, не знам зошто комплицирање. Ко на пример што имам читано и гледано менија, некои ресторани што наплаќаат демек користење на приборот, нз како е стручниот термин. Жива глупост.
 
Само за да се создаде лажна слика дека продаваат евтини вина. А цената не им е маркетска на вината, него повисока. Друга работа е што никаде не пишува нити ти кажува некој кога ќе влезеш дека наплаќаат 200 денари за да ти отворат шише кое се продава во ресторанот..
И после зошто немаме винска култура во Македонија..
 
Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.653
Поени од реакции
59.636
Дајте предлог за 2-3 добри македонски црвени вина со кои нема да се срамам пред странци кои се одлични познавачи на виното.
 
Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.653
Поени од реакции
59.636
До која цена, и кои сорти ги преферираш?
Не сум експерт, може било какво црвено вино само да е со добар квалитет, да не си ја срамам државава. Цена до кај 1200 ден од шише. Ако тоа не е доволно за добро вино може и поскапо. Не зборуваме за ресторански цени туку за пратка од македонски вина.
 
Затоа што Вранецот е со многу добар квалитет и затоа што ќе го подаруваш на странци, тогаш сигурно Вранец
1.Вранец- Император од Бовин околу 1000 денари во маркет
2. Вранец Веритас Стоби околу 600 денари во маркет
3. Вранец/Мерло/Сира од Камник, мисла дека се ококлу 1700 денари во маркет, меѓутоа ги нема во сите маркети, ако ти е скапо тогаш Фаворит купажа од Винарска Визба Милев- Гоце Делчет Тиквеш, неможеш секаде да го најдеш исто така, али во поголемите маркети би требало да го имаш ( околу 500 денари мислам дека беше).
Едит: Гледај да не бидат постари од 5 години вината, и да не бидат берба 2014 никако.
 
CafeDelMar

Luminance
Член од
29 октомври 2007
Мислења
6.507
Поени од реакции
14.693
Не сум експерт, може било какво црвено вино само да е со добар квалитет, да не си ја срамам државава. Цена до кај 1200 ден од шише. Ако тоа не е доволно за добро вино може и поскапо. Не зборуваме за ресторански цени туку за пратка од македонски вина.
Дисан, на Бовин.
 
PIRATIC

diplomiran klozetar
Член од
26 јануари 2012
Мислења
7.854
Поени од реакции
6.497
Пред 4-5 години во средно имав еден другар купуваше такво од Кам пластично со сок го мешаше, абе толку другаров се откачуваше коа ке излезевме сите мислеа дека конзумира некој други опојни супстанци :pos:.
Ај не заебавај кај може вино до толку да те опијани и откачи ... јас виното скоро не го ни осеќам, а кога пијам вино го пијам чисто без мешање со сокови и тоа по 1 или 2 литра на ноќ го мавам, нормално не пијам секоја вечер вино, туку понекогаш ... сега пред брзо време испив за една вечер 3 литра вино и скоро ништо не осетив, само блага вртоглавица и малку поспаност !
Инаку најдобро домашно МК вино од овие што ги конзумирам Т'га за Југ е доста добро, но и Александријата од Тиквеш ... Александрија го има повеќе типови црвено, жолто, розе, куве и.т.н. и.т.н. многу не се разбирам во тие вински класификации !
 
Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.653
Поени од реакции
59.636
Благодарам за препораките.
 
Almeida

поет, мрачна сила, гад
Член од
15 февруари 2015
Мислења
7.563
Поени од реакции
19.993
Дисан, на Бовин.
+1
Околу 600 денари мислам дека е набавна у маркет, а е врвно вино. Името е по регионот Дисан јужно (мислам) од Кавадарци, а е комбинација од Мерло, Совињон и Вранец. Многу убаво балансирано.
Од белите, исто од Бовин - Мускат Темјаника, не знам цена (околу 500 макс.), по-летно вино, со многу богат вкус.
Ги испофалив Бовин, ама мислам дека луѓето растураат со извезување и имаат многу инвестирано во бизнисот, не е богаташки бренд од кур-ташак, за тепање време.
Тука ти се и Бела вода и Барово на Тиквеш, ама со цените мислам дека се многу поскапи.

Мислам дека ако сакаш да потенцираш нешто локално (сеа ова условно, пошо оригинално мислам дека потеклото му е Црна Гора или Србија), Вранецот македонски е нешто најдобро што имаме и што е автентично. Некако не ми иде Совињон да му продаваш на французин - не дека овој е помалку квалитетен, туку чисто као винска култура некаква.
 
Член од
14 август 2006
Мислења
45.369
Поени од реакции
84.608
Дајте предлог за 2-3 добри македонски црвени вина со кои нема да се срамам пред странци кои се одлични познавачи на виното.
Aко сакаш добро вино, купи од Камник. Он вложува многу повеќе во производство на вино у однос на другите винарии. Иде свесно у загуба и го боли цеф. Другите винарии гледаат и да им се исплати малку од малку производството. Имаат Камник доста добри ствари - Тен Барелс или како и да им се вика. Дури и кувето за 1250 што го продаваа од пет литра, вреди.
А ако сакаш добар сооднос на квалитет и цена, купи од Попов вино. (не Попова Кула) Земи Вранец со Каберне Совињон или тоа Шардонето од белите што му е (што зема сребро на Шардоне ду Монд)[DOUBLEPOST=1554657451][/DOUBLEPOST]Сковин и Тиквеш никако.
 
Последно уредено:
A

Avenger99

Гостин
Да и Дисанот е добар, нема да погрешиш и со него, меѓутоа овие што ти ги набројав јас се класа подобри од Дисанот. За белите вина сме слаби.
 
Член од
14 август 2006
Мислења
45.369
Поени од реакции
84.608
Кога сме кај бели вина, ако гледате низ призмата колку пари толку музика, IMO најбоља опција по ресторани/кафани е у Сидро (кој ресторан и не го ценам нешто премногу) за 270 денари имате пола литро Куве бело на Попов.[DOUBLEPOST=1555709545][/DOUBLEPOST]
Aко сакаш добро вино, купи од Камник. Он вложува многу повеќе во производство на вино у однос на другите винарии. Иде свесно у загуба и го боли цеф. Другите винарии гледаат и да им се исплати малку од малку производството. Имаат Камник доста добри ствари - Тен Барелс или како и да им се вика. Дури и кувето за 1250 што го продаваа од пет литра, вреди.
А ако сакаш добар сооднос на квалитет и цена, купи од Попов вино. (не Попова Кула) Земи Вранец со Каберне Совињон или тоа Шардонето од белите што му е (што зема сребро на Шардоне ду Монд)[DOUBLEPOST=1554657451][/DOUBLEPOST]Сковин и Тиквеш никако.
Чисто да нема забуна, баш тоа што зема сребро, не можете да го купите, пошто е стара берба.
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

На врв Bottom